Неделен хороскоп 31.08.-06.09.2015

Неделен хороскоп 31.08.-06.09.2015Овен 
Се наоѓате во твроечка фаза и заговарате забрзан работен ритам во своето опкружување. Поради големите амбиции повремено умеете да ги пречекорите основните правила или пак енергично да ја спроведете својата волја, без претходна консултација со соработниците. Сепак, заострената работна клима ќе ве натера да повлечете нови потези и да ги корегирате своите пропусти. Во љубовниот живот, упорно се обидувате да се наметнете како авторитативна личност пред својот партнер.
Бик
Ангажирани сте на различи страни и со будно око ги пратите новите случувања на работната сцена. Потребно е да поставите листа со приоритети во договор со соработниците, како рационално би ги искористиле своето знаење или енергија. Корисните ифнормации можат да ви го олеснат патот до афирмација и професионален успех. Важно е да ги пласирате своите идеи на вистинско место. 
Близнаци
Делувате промислено во различни ситуации, важно ви е да придобиете нечија доверба или наклонетост во работните кругови. Информациите со кои располагате не претставуваат сигурни критериуми, но без големи предизвици нема ниту професионална афирмација. Важно е правилно да го дозирате својот творечки импулс за заеднички интереси.

 
Рак
Чувствувате дополнителен прилив на креативна енергија и не можете да се помирите со просечните резултати. Добивата поддршка во својата околина и ви импонира сознанието  дека соработниците имаат доволно доверба во вашето знаење или професионални способности. Потребно е да преземете соодветна инцијтива, како би ги оствариле своите работни намери.
Лав
Делувате многу енергично и активно учествувате во различните случувања на работната сцена. Умеете да остварите корисни цели и имате големо влијание на своите соработници. Динамиката на работните случувања наметнува забрзано темпо и бара способност за вешто прилагодување. Важно ви е поголемиот дел од работите да ги држите под строга контрола, како одраз на својот професионален стил и престиж.
Девица
Имате впечаток дека се наоѓате пред другите и самоуверено ги отфралете различните забелешки кои не се по ваша волја. Претераното инсистирање на личните итнереси го свртува вниманието на околината и создава дополнителни проблеми во службената соработка. Потребни ви се сигурни информации и нечие посредување, како дополнителна гаранција да би ги оствариле своите професионални визии. 

 
Вага
Внимателно ја анализирате компелтната ситуација на работната сцена од различни апсекти и ги проценувате своите можности. Важно ви е да ги дефинирате вистинските професионални вредности и да ги остварите своите цели. Посветете внимание на корисните информации. Потребно е да применувате различни обрасци на успешно работење, како дополнителна гаранција и психолшка сигурност.
Скорпија
Се наоѓате во фаза на креативен подем и важно ви е да ја подобрите својата професионална положба и општествен статус. Осмислете добар план и мудро почекајте на завршната фаза во службените преговори. Се се сведува на прецизното планирање и на ефикасната примена на успешни формули. Важно е дека имате добра концетрација на службените средби. 
Стрелец
Премногу сте горделиви за да проговорите за одредени проблеми кои ве попречуваат и на таков начин непотребно ги отежнувате својата професионална или општествена положба. Доколку ви е важно да ги сочувате добрите службени врски и рејтинг, прифатете ја можноста за компромисен договор. Постојат утврдени правила кои мора да ги испочитувате во службената соработка, постапете согласно својата совест.

 
Јарец
Се наоѓате во сјајна форма и имате интересни идеи. По проверен рецепт применувате успешни правила во службената-финансиска соработка. Потребен ви е добар поттик или некој кој ви бе поддржал во одлучувачки ситуации. Вашата добитна комбинација, претставува спој на убави и корисни работи во различни правци. Во односот со саканиот(ата), понекогаш ви недостасува почетен занес или доволно храброст да ги изразите своите емотивни намери. 
Водолија
Делувате енергично пред својата околина и се обидувате да ги усогласите различните работни итнереси. Важно ви е да го сочувате добриот професионален рејтинг, но не се согласувате со нечие дополнително условување. Потребно е да одредите појасна граница помеѓу своите интереси и работните стандарди кои ги наметнува група на соработници. Не сакате премногу да го аналзиирате својот љубовен живот, не ви се допаѓа кога некој ве попречува или ограничува на избор.
Риби
Делувате активно на различни страни и умеете да пренесете творечки импулс или креативна енергија на својата околина. Блиц интелигенција или способност за ефикасно прилагодување, претставуваат ваш главен адут на службените средби. Наместо да се надмудрувате со неистомислениците прилагодете го својот стил на изразување во однос на утврдените правила и високи професионални критериуми.Овен 
Се наоѓате во твроечка фаза и заговарате забрзан работен ритам во своето опкружување. Поради големите амбиции п

Пронајдете не на следниве мрежи: