Неделен хороскоп од 07 – 13 ноември 2013 година: Раковите сомнителни, Јарците романтични, а Рибите…

Неделен хороскоп од 07 – 13 ноември 2013 година: Раковите сомнителни, Јарците романтични, а Рибите…Овен
Насочете ја својата креативна енергија во корисен правец и стрпливо почекајте на соодветни услови. Своите чувства не можете да ги подведете под некои „разумни мерила“, но тоа нема да ви пречи да ги остварите своите љубовни намери. Вашето однесување на најдобар начин отсликува љубовно задоволство или расположение кое го чувствувате во нечие присуство. Важно е да го следите својот „внатрешен глас“ или инстинкт.
Бик
Ги анализирате новите работни случувања со внимание и донесувате разумни одлуки. Потребни ви се сигурни информации, како јасно би ги дефинирале своите долгорочни цели во службената соработка. Имате позитивна улога во заедничката акција. Нема потреба да ги потиснувате своите чувства или намери. Партнерот добро знае на кој начин може да ве израдува или да ве задоволи.
Близнаци
Се наоѓате во трендот и пред другите, одговарате афирмативно на новите идеи кои ги предлагаат вашите соработници. Ако сакате да функционирате на скоро беспрекорен начин, потребни ви се добра волја и одредени професионални манири кои претставуваат „ваш заштитен знак“. Имате добро емотивно претчувство, а и љубовната игра е најубава која во неа учествуваат „двајца одбрани“.Важно е правилно да ја насочувате својата енергија.

 
Рак
Многу лично ја доживувате ситуацијата на работната сцена и затоа правите погрешна проценка. Внимателно слушајте нечиј коментар, важно е да извлечете добра поука за работните односи. Некаде мора да попуштите пред нечиј барања. Станувате сомнителни додека го анализирате однесувањето на партнерот, ви се чини дека блиската личност делува задоволно без добар повод. Ги преувеличувате заедничките ситуации.
Лав
Се наоѓате во добра психо-физичка форма, не се двоумете пред различни работни предизвици кои ги предлагаат вашите соработници. Довлно сте способни да ги надминете просечните мерила и ефикасно да ги остварите своите цели. Нема причина да се однесувате скромно во нечие друштво. Секогаш постои добар начин да го(ја) израдувате саканиот(ата). Постапете онака како што чувствувате.
Девица
Некој во вас поттикнува креативна енергија и дополнителна мотивација за работата со која се занимавате. Вашето опкружување има позитивна улога во различни ситуации, ви се чини дека имате добро решение за тековните проблеми. Не можете да одолеете пред новите емотивни предизвици. Делувате шармантно и привлечно на партнерот или умеете да заведете личност која ви се допаѓа.

 
Вага
Добро сте расположени и верувате дека постои некој заобиколен начин ефикасно да го остварите она што другите не можат. Самодовербата која ја чувствувате делува позитивно и на вашето опкружување. Умеете да се затекнете во одлучувачки момент на вистинско место. Нема потреба да искушувате нечие трпение или емотивна наклонетост. Не смислувајте нови „емотивни гатанки“ кои го(ја) оптеретуваат саканиот(ата).
Скорпија
Располагате со убедливи докази, но на некој од соработниците не му е дојдено вистината да исплива на површина. Поради тоа, не очекувајте претерана поддршка во својата околина. Важно е правилно да ги заштитите своите работни интереси. Премногу ве погодува нечие однесување или неочекувана одлука. Се трудите да ја сочувате присебноста на духот и да го потисните своето емотивно нерасположение. Вечерните часови посветете ги на некое омилено хоби
Стрелец
Ве погодува нечие ригидно однесување или неправда во службената соработка. Меѓутоа, важно е работите да ги завршите на добар начин. Доволно сте умешни да ги надмините работните недоразбирања и конфликтни ситуации. Понекогаш треба да го исклучите разумот, бидејќи постојат работи или случувања кои не можете да ги објасните само на основа на логичните правила. Вашите чувства нека „прозборат“.

 
Јарец
Делувате духовите и искрено, така што освојувате симпатии на различни страни. Важно ви е да остварите добар впечаток на соработниците. Со брилијантна интелигенција, покажете на својата околина дека поседувате и други особини кои ја откриваат вашата емотивна страна на личност. Планирајте некоја интересна или романтична забава за двајца. Опуштете се во блиско друштво и уживајте во својот свет на интима.
Водолија
Делувате нестрпливо, но засилената иницијатива од ваша страна не донесува позитивни резултати и нечија наклонетост. Соработниците очекуваат да прифатите одредени отстапки во согласност со заедничките цели и работната ориентација. Важно е да го направите она што го чувствувате, тоа ќе ви донесе големо олеснување. Нема причина да избирате улога која не ви одговара.
Риби
Забележувате дека нови работни случувања донесуваат малку конфузија во вашето опкружување. Поголемиот дел од соработниците реагира на непрепознатлив начин и без видилива корист. Наместо да се надмудрувате со неистомислениците, подобро е да повлечете конкретен потег. Саканиот(ата) го анализира вашето однесување и пронаоѓа различни забелешки, но вие немате доволно трпение да сослушате критика.Овен
Насочете ја својата креативна енергија во корисен правец и стрпливо почекајте на соодветни услови. Своите чувства не

Пронајдете не на следниве мрежи: