Неделен хороскоп од 14.11 – 20.11.2016: Бикот губи интерес за една личност, Ракот да го промени однесувањето, Вагата во добивка…

Бикот губи интерес за една личност, Ракот да го промени однесувањето, Вагата во добивка…Што ве очекува вас оваа недела?Овен
Потребна ви е мала стагнација за психички да се растеретите од натрупаните обврски. Препуштете на своите соработници да го завршат потешкиот дел од работата. Во љубовниот живот ви одговара нечие присуство, но ви недостасува добра шанса да ги остварите своите намери. Бидете дискретни на средбите кои изобилуваат со силни емоции или некои прикриени страсти.
Бик
Допуштете си квалитетен одмор, како најдобар начин да акумулирате позитивна енергија. Важно е да ги рационализирате своите обврски. Во љубовниот живот полека губите интерес за една личност. Емотивното затишје или летаргијата која постои во заедничкиот однос, не треба да ја доживувате како некое љубовно помрачување.
Близнаци
Привлечни сте им на луѓето од околината, но тоа не претставува доволна гаранција за работен успех. Постојат спорни моменти во односот со соработниците, така што нечии ветувања се подложни и на неочекувани промени. Ве привлекува комбинација на емотивна, страсна и интелектуална врска, но на личностите кои се наоѓаат во ваше друштво како нешто од тоа да им недостасува.

 
Рак
Цврсто ги браните своите интереси, но постојат дополнителни компликации кои ја отежнуваат вашата работна или општествена положба. Потребно е рационално да ја користите својата енергија. Чувствувате голем емотивен занес, но како да ви недостасува добра шанса да ги изразите своите намери. Партнерот или личноста која ви се допаѓа, вешто „бега“ пред вашите повици. Променете го својот стил на однесување.
Лав
Чувствувате креативна инспирација и со леснотија завршувате бројни обврски. Понекогаш умеете да оставите фасцинантен впечаток на опкружувањето, така што соработниците очекуваат ваше мислење за различни работни теми. Уживате во друштво на блиска личност и не сакате некој од страна да ја нарушува вашата слика за среќен живот во двојка. Имате своја визија која ја чувствувате и пратите.Зрачете со позитивна енергија и делувате поттикнувачки на својата околина.
Девица
Очекувате позитивни договори во решавањето на работно-финансиските прашања. Поради заедничките интереси толерантно преминувате преку „ситни“ неправди кои постојат во односот со соработниците. Во љубовниот живот повеќе се наоѓате во фаза на приказни и идејно планирање, отколку што се одлучувате за некој конкретен потег. Партнерот се обидува да ги сфати вашите намери, но не можете да очекувате чудо.

 
Вага
Важно ви е да бидете во идеална усогласеност, но имате впечаток дека ви недостасуваат основни информации за работните ситуации. За среќа, ве очекува изненадна добивка. Делувате задоволно поради случувањата кои ве пратат во љубовниот однос. Важно е правилно да вреднувате нечиј чувства и постапки, како „поубав дел од реалноста“ кој ве прати.
Скорпија
Важно ви е да напредувате на различни страни, но забележувате дека околу вас се наоѓаат соработници од различен профил и карактер. Порано или подоцна ќе мора да ги положите своите „емотивни сметки“ и да се соочите со блиска личност. Не можете да го оспорите правото на партнерот да го „контролира“ вашето движење. Ќе почувствувате големо олеснување по искрен разговор и доверување.
Стрелец
Добро размислете за своите интереси, бидејќи околностите на работната сцена брзо се менуваат. Одложете еден службен договор или финансиско вложување. Доколку се сомневате во нечиј емотивни намери, тоа се уште не претставува доказ за „осуда“. Нема причина неправедно да ја казнувате личноста која ја сакате. Бидете внимателни кон своето семејство. Посветете внимание на правилниот начин на исхрана.

 
Јарец
Се наоѓате во сјајна психо-физичика форма и самоуверено прифаќате различни обврски. Најдобро се чувствувате во друштво кое има слични идеи или работни интереси. Во романтично расположение посакувате силни изливи на љубов и имате добро претчувство. Во емотивен занес, подготвени сте да се испробате во нови и предизвикувачки ситуации. Важно е правилно да ги насочите своите мисли и енергија.
Водолија
Умеете да делувате многу сугестивно на своите соработници и не се срамите да побарате различни отстапки. Сметате дека ви припаѓаат подобри услови. Благодарејќи на добрата работна стратегија ве очекуваат позитивни резултати. Во љубовниот живот, непотребно се грижите поради нечие однесување. Покажете повеќе разбирање за нечиј грешки или мали емотивни „слабости“. Насочете ги своите мисли во позитивен правец, опуштете се.
Риби
Делувате активно на различни страни, постои личност која може да ги награди вашите интелектуални способности или практичен ум. Новите службени контакти кои ги имате остварено најавуваат пошироко општествено значење или влијание. Во љубовниот живот се чувствувате како да сте впловиле во „студени емотивни води“, сега барате добро решение или излегување во ново друштво. Посакувате нечие разбирање. Овен
Потребна ви е мала стагнација за психички да се растеретите од натрупаните обврски. Препуштете на своите соработници

Пронајдете не на следниве мрежи: