Неделен хороскоп од 21- 27 ноември 2016

Неделен хороскоп од 21.11 – 27.11.2016Овен
Потрудете се да одбегнувате претерано експонирање во друштво на соработниците и не зборувајте за работи кои претставуваат потенцијална опасност за вашите работно-финансиски интереси. Во суштина, секогаш постои фактор на промена и изненадување. Нема потреба наивно да ги потценувате можностите на партнерот или премногу да се занесувате со субјективни проценки. Лекмисленоста е последица на површното расудување.
Бик
Се обидувате да ја импресионирате својата околина или една влијателна личност, која неодамна ја имате запознато. Сепак, се што правите повеќе потсетува на преувеличување или на претерано експонирање. До успехот не се стигнува на лесен и едноставен начин. Наместо интензивно да размислувате за нечиј мани, подобро е сериозно да го анализирате своето однесување и пропустите кои ги правите. Ви недостасува самоконтрола.
Биззнаци
Имате добра проценка за новите работно-финансиски ситуации. Умеете да го наметнете своето мислење пред соработниците и добивате пофалби од различни страни. Меѓутоа, не сакате да застанете на сегашната позиција. Се чувствувате како некој да ви ја ускратува можноста за нов избор или емотивно задоволство. Ви пречи и сознанието дека партнерот делува отсутно или незаинтересирано за вашите идеи.

 
Рак
Доколку ви недостасува добра волја или концентрација, препуштете на своите соработници да се занимаваат со компликувани задачи кои бараат поголем напор. Мора да имате добра проценка, кој може да ве замени во одлучувачки момент. Не дозволувајте на својот партнер доза на самоволие или да запостави некој заеднички договор кој го имате. Потребно е доволно гласно да се слушне и вашиот збор.
Лав
Нема потреба да тргнувате по лажни впечатоци за новите работни ситуации. Добро проверете различни информации и нечија улога во службената соработка. Понекогаш комплетната ситуација треба постапно да се анализира на повеќе начини. Не можете да залажувате блиска личност за некои работи, кои делуваат како позната приказна. Потрудете се со повеќе емоции да привлечете нечие внимание.
Девица
Искуството ве опоменува дека не треба да верувате на личност која има необична репутација или за која вашите соработници зборуваат во некој негативен контекст. Одложете ги новите финансиски калкулации или некој вид на здружување под сомнителни околности. Имате впечаток како љубовта и личното задоволство ви бегаат. Добро размислете и не прифаќајте пасивна улога пред саканиот(ата).

 
Вага
Потребно е да одложите некои службени договори. Повремено постојат работи кои бараат креативно размислување или творечка фаза на инкубација. За сега имате повеќе прашања отколку задоволителни одговори, стрпливо почекајте на подобра работна шанса. Не можете да се ослободите од емотивниот впечаток за една личност. Често размислувате за работи кои ви се недостапни од сегашна перспектива.
Скорпија
Важно ви е да направите правилна поделба на работните или материјалните интереси. Потребно е да преземете иницијатива, бидејќи поголемиот дел од соработниците заговараат лични мерила или услови кои најдобро ги познаваат. Нема причина да прикривате дел од приказната, кој побудува нови сомнежи или чувство на несигурност кај саканиот(ата). Соочувањето со вистината претставува и големо психолошко олеснување.
Стрелец
Доколку ве привлекуваат некои таинствени или необични ситуации, мора да прифатите и одреден степен на работен ризик. Нема причина да ги преувеличувате своите можности или да ги кршите основните правила во работењето. Неочекуваната средба со една личност за вас претставува емотивен врв, но за жал тоа воодушевување побрзо поминува околку што би сакале. Понекогаш е пожелна и онаа утешна варијанта.

 
Јарец
Не успевате најдобро да предвидите нечиј одговор на зададена тема или да воспоставите добар однос во комуникацијата со соработниците. Не бидете премногу расеани, туку на време побарајте нечија морална или материјална поддршка. Саканиот(ата) ги игнорира вашите идеи и се обидува да ве наведе на своите планови. Ви се чини дека не можете да се договорите за основните работи. Тоа е минлива фаза.
Водолија
Почетниот неуспех треба да ве мотивира на дополнителна упорност или на желба за надминување на различните компликации. Важно е да направите листа од приоритети или да прифатите корисен своет во понатамошната работна ориентација. Положбата на Месечината дополнително влијае на вашата емотивна вознемиреност или на лошите проценки, а партнерот не сака да попушти пред вашите молби. Смислете некое алтернативно решение.
Риби
Се обидувате да се дистанцирате од личност која повторува погрешна приказна. Се што правите со позитивна тенденција, остава добар впечаток на соработниците и ја потврдува вашата афирмативна уога во заедничкиот договор. Бидете доволно имагинативни, планирајте некоја нова или возбудлива забава за двајца. Направете повеќе од вообичаено, како би оставиле посебен впечаток и би освоиле личност која ви е важна.Овен
Потрудете се да одбегнувате претерано експонирање во друштво на соработниците и не зборувајте за работи кои претставу

Пронајдете не на следниве мрежи: