Неделен хороскоп од 23 – 29.01.2017

Неделен хороскоп од 23-29.01.2017: Ова ќе биде доста интересна недела, судејќи по положбата на планетите. Поединечни знакови би можеле пријатно,а некои и непријатно да се изненадат. Тука се и нови познанства,заљубувања… Дознајте што ве очекува во емотивниот живот во најскоро време.ОВЕН
Венера и Марс се во Риби, вашето дванаесто поле и Венера е во егзалтација, па сите импресии се предимензионирани. Чувствувате емотивна инспирација и зголемена страст во присуство на личност од спротивниот пол. Водете сметка да не изгледате смешни пред околината.
БИК
Нема причини за лажна скромност или несигурност во друштвото на личноста која што ве привлекува. Ова е секако последната недела кога Венера е посупериорна од Марс. Покажете дека умеете да заблескате во полн сјај и занос во вистинскиот момент, толку кога тоа се очекува од вас.

БЛИЗНАЦИ
Средбата на месечината со Сатурн во полето на парнерство значи дека љубовните намери можете да ги остварите само на заобиколен начин. Како да барате нова мотивација или очекувате имплус од друга страна. Но немојте да бидете нестрпливи и да ги брзате работите.

РАК
Не би било мудро премногу да се оптеретувате со размислувањата за односот со партнерот кој е под знак на прашалник, ниту да правите големми планови за следниот период. Сочекајте да помине оваа недела и многу работи ќе ви бидат јасни.
ЛАВ
Во средбата со личноста која што ве привлекува слободно превземете иницијатива или главна улога, бидејќи ништо нема да ви се случи. Бидете доволно креативни и изненадете го партнерот со необични идеи.

ДЕВИЦА
Иако се Венера и Марс во полето на партнерство, изгледа дека ви недостига инспирација,храброст и искреност во односо со саканата личност. Морате да се разбудите, бидејќи наскоро некои работи ќе почнат да се менуваат.

ВАГА
Венера, вашиот владар, веќе долго време е споена со Марс, па многу настани кои се актуелни немаа добар почеток или крај. Полесно е да ги согледате околностите кога ќе направите дистанца и отфрлите сето она што на прв поглед изгледа нереално.
ШКОРПИЈА
Средби и разминувања го одбележаа претходниот период. Време е да се смират страстите и да се вклучи разумот во емотивните случувања. Слободните претставници на знакот ги очекува познанство со интересна личност и почеток на нова врска.

СТРЕЛЕЦ
Многу работи се нерешени поради ретроградниот пат на Меркур, вашиот владар. Се наметнуваат прашања, а одговорите веќе почнуваат да се согледуваат. Некој изненадно ќе ги поремети вашите љубовнии планови или договор со саканата личност , поради што ќе бидете многу вознемирени.

ЈАРЕЦ
Месечината, која управува со вашето поле на емоции, на крајот на неделата поминува преку Сатурн и влегува во нова фаза на млада месечина. Со други зборови, ова е крај на еден циклус и почеток на нов и подобар.
ВОДОЛИЈА
Не се снаоѓате добро во емоциите што се предизвикани од проблемите на работа. Би било добро да ја промените тактиката – работните проблеми оставете ги на работа, релаксирајте се повеќе, занимавајте се со себе и партнерот и работите ќе се свртат во ваша корист.

РИБИ
Вашата појава или однесување делуваат предизвикувачки на околината, особено додека Марс и Венера се во вашиот знак, што претставува добар предзнак. Но овие аспекти би можеле да бидат прилично исцрпувачки па пожело е да имате мирна алтернатива.ОВЕН
Венера и Марс се во Риби, вашето дванаесто поле и Венера е во егзалтација, па сите импресии се предимензионирани. Чувствувате емотивна

Пронајдете не на следниве мрежи: