Неделен хороскоп од 23-29 мај 2016

Прочитајте што ве чека во љубовта, работата, дали ќе се сложувате со домашните, како ќе ве служи здравјето и дали да инвестирате.ОВЕН (21.03-20.04)
Работа: Сонувате за радикални промени, но ќе морате да причекате. Работите што ќе ги започнете во наредните денови, ќе вродат со плод дури на крајот на наредниот месец, кога Марс директно ќе се вклучи. Имате многу планови, но немате доволно сила да ги реализирате. До тогаш, уживајте во дружењето со семејството, кое ви спрема пријатно изненадување.
Љубов: Многу припадници на овој огнен знак ќе имаат прилика да обноват некоја стара љубовна врска. Нема причина за сомнеж, препуштете се на емоциите и уживајте. Задоволството е двострано.
Здравје: Можни се мали проблеми со уринарниот тракт. Внимавајте на исхраната, и избегнувајте ги алкохолот и слатките.
БИК (21.04-21.05)
Работа: Во овој период успехот на деловен план ги чека сите припадници на овој знак кои се бават со уметноста. Ако планирате да работите во странство, искористете го овој период за преговори. Време е сонот да го претворите во јаве.
Љубов: Не сте задоволни од односот со партнерот, имате преголеми очекувања и барате нереална филмска романса. Спуштете се на земја и уживајте во животот.
Здравје: Имате духовни проблеми, што ќе ги отстраните ако го најдете причинителот.
БЛИЗНАЦИ (22.05-21.06)
Работа: Се што ќе замислите, преточувате во дело, не штедејќи се. Во овој период избегнувајте брзоплети одлуки и расправање со колегите. Не се лутете за ситници. Сите работи наскоро ќе си дојдат на своето место.
Љубов: Вашиот вроден шарм и духовитост доаѓаат до израз во друштво на спротивниот пол. Можни се додворувања.
Здравје: Опуштете се, се чувствувате одлично и немате причини за грижа.
РАК (22.06-22.07)
Работа: Одличен период за полагање на испити. Вредната работа конечно ќе вроди со плод. Ако работите не се одвиваат како што сакате, бидете стрпливи. Во работните преговори, внимавајте на речникот и контролирајте ги емоциите. Ќе носите важни одлуки.
Љубов: Постојано во главата „си премотувате филм“ поврзан за неодамнешниот конфликт со партнерот. Не можете да се опуштите и се плашите тоа да не се повтори. Планирате заедничко патување.
Здравје: Тензијата на работата негативно влијае на вашето здравје. Потрудете се секој ден да најдете малку време за опуштање.

ЛАВ (23.07-22.08)
Работа: Ако очекувате голем прилив на пари, стрпете се, зашто се можни одложувања. Се е во знакот на парите, бидејќи Јупитер директно е насочен кон полето на парите. Од преголема преокупација со парите, може да занемарите некој друг важен проблем.
Љубов: Можни се расправии и пресметки со личности родени во знакот на Бик, Девица или Јарец. Внимавајте што изјавувате зашто може да се покаете.
Здравје: Однадвор изгледате убаво и здраво, но чувствувате внатрешен немир.
ДЕВИЦА (23.08-22.09)
Работа: Максимално се трудите да ја извршите работата што подобро, но не грижете се ако нешто не оди според планот. Некои работи едноставно не се под ваша контрола. Имате чувство дека се наоѓате во безизлезна ситуација. Можеби сте се „префорсирале“, па оттаму тој негативен пристап кон проблемите. Обидете се подобро да се организирате. Потребен ви е одмор.
Љубов: Не сте задоволни со својот љубовен живот. Односот со партнерот е нестабилен. Не грижете се, наскоро ќе има поволен расплет.
Здравје: Исчистете го организмот од токсини, внимавајте на исхраната, јадете повеќе овошје и зеленчук.
ВАГА (23.09-22.10)
Работа: како и вообичаено, на почетокот на секоја нова работа се соочувате со потешкотии, но како што земате залет, нема сила што може да ве запре. Во наредните денови ќе бидете особено мотивирани за работа. Ако преминете преку повремената инертност, ќе бидете задоволни и исполнети.
Љубов: Ако сакате некој да ве сака, не барајте никаква гаранција, туку препуштете им се на чувствата. Бидете искрени и уживајте, бидејќи и самите знаете дека во љубовта нема правила.
Здравје: Доколку сте нерасположени без посебна причина, внимавајте на исхраната и повеќе движете се.
СКОРПИЈА (23.10-22.11)
Работа: Ве загрижува застојот на деловен план. Сепак, свесни сте дека некои работи морате да ги прифатите. Вашето шесто сетило ви говори да бидете трпеливи. Среќата ќе ја најдете дружејќи се со сродните души. Елиминирајте ги од вашата околина сите останати.
Љубов: Овие денови ве очекуваат многу страсти, нежности, но и солзи. Заради некој секогаш се жртвувате. Не говорете за себе повеќе од тоа што ситуацијата го бара.
Здравје: Ако претеравте со консумацијата на храната, под итно намалете ги порциите. Можни се болки во нозете.

СТРЕЛЕЦ (23.11-21.12)
Работа: Ве очекува пресрт на деловен план. Некои припадници на овој знак ќе ја променат работата, други ќе најдат хонорарни извори на заработка, а трети планираат да заминат во пензија. Во секој случај, промените се неизбежни. Започнува нова, посветла фаза во животот. Избегнувајте го нервирањето и ставете точка на многу работи.
Љубов: Во врската сте прилично наивни. Премногу му верувате на партнерот, кој не е баш таков каков што се претставува. Сега ќе морате да се соочите и со неговата „темна страна“.
Здравје: Опуштете се, не трошете ја залудно енергијата на работи на кои не можете да влијаете.
ЈАРЕЦ (22.12-20.01)
Работа: Слушајќи го внатрешниот глас ќе носите добри одлуки и ќе постигнете одлични резултати. Пофалбите пристигнуваат од сите страни. Фантастично се чувствувате, а вашата позитивна енергија стимулативно делува и на оние околу вас. Сепак, не претерувајте со уживањето во моменталната слава. Ставете го под контрола трошењето.
Љубов: Новата љубовна врска ги исполнува сите ваши очекувања. Конечно најдовте партнер „по мерка“. Уживајте во заедничките моменти. Тотално „откачивте“.
Здравје: Склоноста кон пороци е нагласена, и тоа се одразува врз здравјето. Неопходно е чистење на организмот од токсини.
ВОДОЛИЈА (21.01-19.02)
Работа: Ќе го добиете признанието што го заслужувате. Иако вам ви одговара тоа да е од материјална природа, сепак егото ќе ви биде нахрането. Трудете се од секоја ситуација да ја извлечете поуката, и да го смените аголот на посматрање. Ситуацијата воопшто не е драматична како што ја доживувате.
Љубов: Конечно сфативте дека не можете да го менувате партнерот за да ви одговара. Ако сакате да ја зачувате љубовта, сменете се себеси, и прилагодете се на новите околности.
Здравје: Лошите навики оставаат последици. Зајакнете го имунитетот за да спречите проблеми.
РИБИ (20.02-20.03)
Работа: Постојано ги менувате ставовите, и затоа колегите не можат да „ви фатат крај со крај“. Но, тоа не ви е важно, се додека сте задоволни. Ги вчудоневидувате оние околу вас со отвореноста и искреноста. Верувајте во себе и не дозволувајте малите неуспеси да ве обесхрабрат.
Љубов: На пократок рок можна е ненадејна средба со поранешна љубов. Прифатете ја поканата за излегување – немате што да изгубите.
Здравје: Засилена нервоза. Можни се здравствени проблеми заради постојаниот стрес. Одморајте се повеќе.ОВЕН (21.03-20.04)
Работа: Сонувате за радикални промени, но ќе морате да причекате. Работите што ќе ги з

Пронајдете не на следниве мрежи: