Откријте што ви предвидуваат астролозите во неделниот хороскоп за 01.08.2016 – 07.08.2016 година.Овен
Оваа недела ќе бидете ориентирани кон решавање на практични проблеми. Акцентот овој период ќе биде на приватниот живот, особено на семејниот живот. Потребно е да имате разбирање за потребите на партнерот. Очигледно тој смета дека го занемарувате периодот.
Бик
На некому му е важно да се договори со вас за нешто што е поврзано со работата. Ќе имате прилика да дознаете колку ве цени некој со кого во периодов сте во затегнати односи. Не сте подготвени да жртвувате ништо за вашиот партнер. Можеби сакате да му се одмаздите.
Близнаци
Ова би можел да биде исклучително напорен период, максимално ќе се исцрпувате. Имате многу високо мислење за себе, а тоа го почитуваат и сите околу вас. Во љубовта одлично правите разлика помеѓу пријателството и страста, но можеби некој ќе се обиде да ја премине таа граница.
Рак
Оваа недела ќе бидете многу отворени, лесно ќе соработувате со сите. Пожелно би било да ја обновите соработката со Бик, Рак, Риби и Шкорпија. Некој Јарец ви посакува само убаво, а вие не успевате тоа да го видите. Знаете колкаво влијание имате на партнерот и тоа го искористувате.
Лав
Лесно ќе се снајдете на работа и тоа ќе ви донесе голема популарност. На некому му е важно да ви се наметне како потенцијален соработник. Време е да ги искористите поволните околности кои ви се укажуваат. Вашиот љубовен живот се базира на доверба и важно ви е да знаете на што сте.
Девица
Подржете ја идејата на една Шкорпија или пак на еден Јарец. Истовремено тие од вас очекуваат не само совет туку и конкретна помош. Може да имате успех доколку се одлучите да работите со странци. Членовите од семејството се обидуваат да и влијаат на вашата љубовна врска но немојте да им го дозволите тоа.
Вага
Очекувајте да ве побара некој во кој имате голема доверба. На прав пат сте да бидете успешни особено ако добиете работа со препорака. Ќе добиете повик за средба со некој кој ви е особено драг, можно е да се работи за личност која работи во некој медиум. Ви претстои одлично време поминато со пријателите.
Скорпија
Вашата амбиција се темели на реални основи, дури може да очекувате и голем успех. Не би требало премногу да се оптеретувате со штедење и чување на пари, сега е моментот да ги вложите во нешто што ви е важно.
Стрелец
Подготвени сте да вложите голема сума на пари во нов бизнис. Ќе ви се исплати. За секој предлог добро размислете, ништо не одбивајте. Одличен период за да заминете на одмор со партнерот. Дури може да заминете на одмор со пријателите. Па можеби ќе ви се пружи шанса за нова љубовна врска.
Јарец
Ова е еден од подобрите периоди. Немојте да носите одлуки во афект, или под дејство на Лав, Бик, Вага или Рак. Не ви се препорачува да претерувате. Можно е да започнете тајна љубовна врска со некој кого го познавате од работа. Колку и да се трудите да ја држите врската во тајност таа ќе биде откриена.
Водолија
Имате големи очекувања од Овен, Риби и Стрелец. Јарецот ви пречи во комуникацијата, постојано се обидува да ви наштети. Се чувствувате одлично во друштво на лица кои ги поттикнуваат вашите амбиции. Бидете подготвени да зборувате со партнерот за се што ве измачува особено ако сте во долга врска.
Риби
Верувате дека може да ги обновите деловните договори со некој кој ви е особено драг и со кој претходно сте имале одлична соработка. Чувствувате потреба да ги земете работите во свои раце. Може да ве побара личност со која во минатото совршено сте се согласувале. Ако ви се јави еден Овен немојте да реагирате афективно.