Неделен хороскоп за 01.12-07.12.2014

Неделен хороскоп за 01.12-07.12.2014Овен
На почетокот на неделате ќе размисливате малку повеќе за вашиот имиџ и за можноста да го промените. Доколку малку заглавите во однос на тоа прашање или пак имате недостаток на идеи, некоја идеја од пријател може да ви помогне да добиете инспирација за нова фризура или пак облека. Кога финансиите се во прашање, само полека оваа недела, посебно за време на викендот. 
Бик
Опуштете се и само полека и немојте да донесувате заклучоци прерано. Дајте си на себе време за да донесете одлука.  Може да бидете посебно мотивирани да започнете да одите во теретана или да истражувате сосем нови потенцијали за работа. Се што е досадно категорично ќе го отфрлите и ќе ви се пружи шанса за нешто сосем ново и предизвикувачко. Потпрете се на вашиот емотивен потенцијал кој ве прати и на својот „внатрешен глас“.
Близнаци
Неочекувани можности, нови шанси ќе бидат пред вас во текот на оваа недела и на вас ќе биде да го изберете најдоброто. Подготвеноста да преземете ризик ќе ви се исплати, посебно доколку саката да започнете сопствен бизнис или да го проширите постоечкиот. Преземете се што треба за да ја свртите ситуацијата во ваша корист.

 

Рак
Ќе бидете во свој елемент оваа недела, што ќе ви помогне да се опуштите и да ги наполнете батериите. Исто така, распоредот на планетите ќе ве наведе да се активирате малку повеќе и да поработите на вашите желби и внатрешни проблеми.  Соработниците ќе го искористат вашето професионално знаење и способности. Потрудете се на правилен начин да ги искористите вашите предности, како би ги оствариле целите. 
Лав
Ќе бидете во свој елемент проади високата самоувереност.  Ќе се отвори прашањето на некој однос со пријател, кој ве оптеретува веќе подолго време. Обидете се да не се нервирате и пробајте медитација или било што друго што ќе ве опушти и ќе в иги отргне мислите. Подоцна во текот на неделата, кога страстите ќе се смират, точно ќе знаете што сакате. Сепак бидете внимателни доколку договарате работа и погрижете се добро да ги прочитате сите услови(и фуснотите!) пред потпишувањето.
Девица
Обидете се на саканиот(ата) да приредите една романтична вечер во почетокот на неделата, бидејќи ѕвездите го бараат тоа од вас. Во вторник внимавајте што зборувате, бидејќи постои голема можност да упаднете во некоја тривијална расправа. Кон крајот на неделата можни се некои позитивни финансиски поместувања. Како што ќе бидете мирни и внимателни, ќе посакате парите да ги потрошите со пријателите или семејството. Но немојте да бидете екстремни. 

 

Вага
 
На самиот почеток на неделата комликациите поради лошата комуникација ќе бидат на врвот. Немојте прерано да донесувате заклучоци бидејќи работите можеби не се такви какви што изгледаат и ви се чинат. Покрај тоа, ќе имате сјајна можност да направите некој прифитабилен или корисен професионален договор, при што ќе ви се откријат и нови позитивни идеи. Тркалото на среќата на работата ќе се сврти во ваша корист. 
Скорпија
Оваа недела можни се одложувања на некои планови поради различни пречки. Можат да ви се појават фрустрации во врска со организирањето на некоја забава или прослава. Доколку имате состанок со некого, имајте на ум дека не е злато се што сјае. Ќе имате многу повеќе енергија да се псоветите на некои проекти. Вашиот приватен живот драматично ќе се подобри.
Стрелец
Оваа недела се можни судири,  а влијанието на месечината дополнително ќе ја зголеми тензијата и чувствата и ќе ве наведе претерано да реагирате. Уште повеќе, ќе се чувствувате наострено и ќе имате расправија со некого и тоа кога ќе биде потребно да проголтате некој збор и да се согласите на компромис. Сепак, кон средината на неделата ви пристигнува охрабрување за постоечки проекти или планови. Кон крајот на неделата повторно ќе бидете во свој елемент и подготвени за истражување на нови пространства.

 

Јарец
Самиот почеток на неделата ќе биде прилично обележен со расправии бидејќи вие и луѓето околу вас ќе бидете изразито чувствителни. Затоа немојте да се инаетите. Искористете ја средината на неделата  и нејзините можности да ги проширите своите погледи, посебно ако се однесуваат на вашите креативни способности. Исто така, посветете внимание и на финансиите. Чувајте ги потврдите, бидејќи може да ви затребаат за оправдување или враќање на пари.
Водолија
Обидете се да направите добар распоред и план на почетокот на неделата. Кратки или чести паузи во работата, можат да ви помогнат да избегнете некои непријатности. Средината на неделата ќе биде обележана со доста дружења, што може да биде добра можност за некоја посебна средба или едноставно за одличен провод со друштвото. Исто така, во тоа време секој службен состанок добро ќе помине.
Риби
Во понеделник посебно ќе бидете охрабрени да ги покажете вашите чувства и јасно да кажете што мислите. Бидете внимателно да не се изразите кон погрешни луѓе. Подобро прибегнете кон мирољубиви и хармонични решенија отколку да бидете ултимативни и драматични. Подоцна во текот на неделата ќе се освежи вашиот професионален живот, ќе почувствувате налет на позитивна енергија, што ќе ви помогне да ги унапредите вашите цели.Овен
На почетокот на неделате ќе размисливате малку повеќе за вашиот имиџ и за можноста да го промените. Доколку малку заг

Пронајдете не на следниве мрежи: