Неделен хороскоп за 03.11-09.11.2014

Неделен хороскоп за 03.11-09.11.2014Овен
Оваа недела ќе дадете се од себе да ја освоите личноста која ви е драга. Оние кои се во врска ќе се обидат да го освежат односот. Ќе се најдете во ситуација каде најсериозно ќе се мерат вашите достигнувања. Критериумите ќе бидат строги но не се плашете- вие заслужено имате висока оцена. Помалку се напнувајте повеќе одмарајте.
Бик
Ако сте во потрага по сродна душа добро разгледајте наоколу. На некого му се допаѓате а вие тоа не го забележувате. Ако сте во врска односот е стабилен. На работа ќе имате многу интересни случувања. Ќе треба многу да соработувате со колегите а тоа ќе ви пречи. Можете и подобро потрудете се.
Близнаци
Ќе уживате во зборувањето и озборувањето. Нема да ви падне на памет да се трудите за љубовта. Размислете дали правилно постапувате. Можно е оваа недела да ги обновите деловните контакти. Ќе ги проширите хоризонтите. Бидете одмерени во однесувањето.

 

Рак
Љубовта ќе ја наоѓате на секој агол. Се ќе ви оди од рака. Ќе имате многу прилики кои ќе ве разнежнат. Сепак повремено прифатете и некоја критика. На работа ќе се двоумите. Во себе носите нешто што прекрасно влијае на сите. Отворено кажете ги своите емоции пред другите.
Лав
Потребата за љубов кај вас ќе се зголеми. Ќе сакате да го грабнете партнерот и да не го пуштате од вашиот дом. Нема да сакате да излегувате. За оние кои се слободни секако тоа е лошо. Оваа недела ве очекува нешто ново во кариерата. Нема да ви биде лесно. Но на крај на неделата се ќе се среди.
Девица
Ќе бидете шармантни, а ќе изгледате и како недофатливи. Сепак предајте му се на оној што го сакате.  Цела недела ќе се обидувате да решите еден важно прашање на тема комуникација. Покажете што знаете.

 

Вага
Вашата љубовна приказна ќе продолжи и оваа недела. Ова се вашите пет минути и искористете ги. Ако се уште ја барате својата љубов убаво облечете се и излезете. Повремено ќе ви недостига сила и мотивација да издржите до крај за она што го сакате. Сетете се на сето она што го умеете.
Скорпија
Нема да целите кон сериозна врска но таа ќе се случи. Оние кои се во врска ќе се поврзуваат со помлади друштва и ќе имаат потреба многу да се забавуваат. Кога сите мислат дека не може подобро вие сте оние кои веруваат во спротивното.
Стрелец
Ќе се појави ново светло на вашето љубовно небо. Она што долго го чекавте и енма да можете да верувате дека ви се отвараат нови љубовни прилики. Облечете се и излезете надвор. На работното место вашата стручност ќе биде ставена на тест. Не размислувајте премногу едноставно работете.

 

Јарец
Овие денови веројатно многу од вас ќе започнат да претеруваат во страстите или обратно ќе оладат. Или секој ден ќе сакате да бидете со саканата личност, или ќе сакате да бидете во целосна самотија. Неровозни сте кога на работното место работите не одат како што сте замислиле. Поработете на сопствената флексибилност.
Водолија
Вашата потреба за друштво ќе биде нагласена, па постојано ќе бидете излезени. Ќе има многу неформални дружења со пријателите и потенцијални партнери. Нема да имате големи очекувања и токму затоа опуштеноста ќе ви донесе нова љубов.  На деловен план многу ќе ветувате. Не претерувајте со храната и пијалоците.
Риби
Не е лошо да се зборува но немојте премногу да зборувате затоа што ќе ја уништите спонтаноста. Пуштете вашата љубовна приказна да се развива природно без премногу анализи. За нив секогаш ќе има време подоцна. Во работа делумно ќе ги надмудрите останатите. Издржете со разум и толеранција. Овен
Оваа недела ќе дадете се од себе да ја освоите личноста која ви е драга. Оние кои се во врска ќе се обидат да го осве

Пронајдете не на следниве мрежи: