Овен
Нечие однесување може негативно да влијае на вашите деловни панови. Со дополнителна упорност ве очекува добра завршница. Своите идеи треба да ги пласирате пред личности кои имаат слух за нив. Изгледата загрижено, но никој од страна не може да го коментира вашиот љубовен живот или плановите кои ги имате со саканата личност. Нема да дозволите за вас да се шират „лоши гласови“. Умеете да ја засените околината и да му посветите внимание на партнерот.
Бик
Ги браните своите деловни интереси, така да ве очекуваат многу пофалби и признанија. Нема потреба да склучувате деловни компромиси доколку не се во согласност со вашите морални принципи. Поради многуте обврски го запоставувате љубовниот живот, партнерот ве предупредува за вашите грешки. Забележувате промени во расположението кај саканата личност, но не ја знате причината за тоа.
Близнаци
Направивте погрешна деловна проценка, па ве очекуваат дополнителни компликации, но се може да се реши па и тоа. Добро размислете на кој начин може да ги сочувате своите деловни интереси. Партнерот останува на своето дека има повеќе познавања од вас во повеќе сфери. Но замерките кои му ги упатувате воопшто не му се допаѓаат. Поради новите несогласувања со партнерот изгледате напнато или вознемирено.
Рак
Изгледате задоволно и го давате вашиот максимум, но понекогаш работите можат да излезат од контрола.. Сакате да оставите добар впечаток на околината. Здружете ги интересите со личност со која делите исти идеи. Чувствувате голем љубовен занос, важно е што чувствувате позитивен љубовен импулс. Ново познанство ќе ве заинтригира.
Лав
Добо сте информирани за нови прилики на деловната сцена. Се наоѓате во добра психо-физичка форма и со голем оптимизам го проценувате исходот во деловните преговори. Потребно е да придобиете нечија доверба. Планирано одбегнувате соочување со одредени дилеми во љубовниот живот. Потребно е да ги согласите своите чувства со разумот.
Девица
Посветете внимание на нови професионални можности. Ако премногу се опуштите и дозволите работите само да се одвиваат по својот природен тек можете да го изгубите моменталното место во компанијата. Секое лично надоградување е напредок. Светот околу вас го гледате со понакви очи односно со ведри бои. Се чувствувате задоволно и среќно во близина на саканата личност.
Вага
Изгледате амбициозно и постојано ги проширувате своите деловни интереси, додека соработниците очекуваат да се изразите за заедничките интереси. Некој ќе ви помогне да ги решите финансиските дилеми. Нема потреба лесно да ја поклонувате емотивната доверба, добро размислете што се случува помеѓу вас и личноста што неодамна ја запознавте. Имате чувство дека партнерот ги сокрива своите вистински намери.
Шкорпија
Спремете се за нови случувања на деловен план. Сакате да се соочите со соработниците кои ја изневериле вашата доверба. Се наоѓате во креативна фаза и имате големи деловни амбиции. Саканата личност изгледа нестрпливо и очекува да ги исполните вашите ветувања. Но вие имате добра стратегија и ништо не оставате на случајноста. Умеете да заблескате во полн сјај во вистинскиот момент.
Стрелец
Се наоѓате во позиција да влијате на некои случувања на деловна сцена. Важно е да го сочувате добриот рејтинг. Размислете за промена на досегашните критериуми, немојте да дозволите некој да ги диктира условите. На љубовен план имате големи очекувања и потреби, но партнерот не е во состојба да ги исполни вашите очекувања. Љубовниот компромис претставува добро решение, под услов да го добите целосното внимание на партнерот. Вие секогаш имате нескромни желби.
Јарец
Имате доволно самодоверба и делувате активно на повеќе страни. Бидете умерени со финанскиските инвестирања. Непрекинато го анализирате односот со саканата личност. Немојте да дозволите некој друг да ги кометира вашите чувства или да ги објаснува вашите намери. Бидете искрени и отворени со саканата личност. Храброст е да ги изразите своите емотивни доблести и слабости.
Водолија
Барате најдобар начин да одговорите на нечии барања но и да ги сочувате вашите деловни интереси, така да чувствувате дополнителен притисок. Немојте да дозволите некој губиток да ве обесхрабри. Мудро чекајте подобри услови. Изгледате напнато во љубовните односи, не го добивате вниманието што го очекувате. Некој не ги зема во предвид вашите желби и пораки. Партнерот ја спроведува својата волја, па ви изгледа дека се одалечувате од заедничките планови.
Риби
Се наоѓате во креативна фаза , ви се пружа нова прилика за финансиски успех. Потрудете се некој серизоно да ги сфати вашите намери и да ги награди вашите професионални способности. Расположени сте за нова љубовна романса и за возбудливи случувања. Не ги криете вашите емотивни намери и очекувања. Сакате да ги остварите вашите сонови. За среќа партнерот е на ваша страна.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24Овен
Нечие однесување може негативно да влијае на вашите деловни