Неделен хороскоп за 07.04.-13.04.2014 година

Проверете што ве очекува оваа недела…Овен
Својата силна енергија ќе ја вложите во зацврстување на односот со личноста која ја сакате. Ќе вложите многу труд со подеднакво важни резултати. Ќе се послужите со оригинални идеи кои можат да ја изненадат другата страна.Но, не се плашете. Сепак, ќе бидете прифатени. Ќе ги решавате проблемите без поголеми тешкотии, користејќи го својот талент. На тој начин ќе ги импресионирате и луѓето околу вас. Контактите ќе бидат интересни, ќе дадете се од себе за да успеете. За вас оваа недела нема да постојат препреки.
Бик
Бидете отворени, сакајте се себеси, но и другите. Излезете, движете се меѓу луѓето. Тоа што долго го планиравте полека ги добива своите карактеристрики. Дел од вас ќе ги препознаат идеите за усовршување на своите идеи. Одете чекор по чекор бидејќи на тој начин ќе ви се отворат многу шанси. Исто така, обидете се да го употребите својот шарм во работните договори.
Близнаци
Оние кои се во долга врска ќе добијат силна потреба за интимност, што ќе им донесе многу убави моменти. Оние кои се во потрага по својата сродна душа, би можеле лесно да западнат во искушение на тајна љубовна врска.Контактите ви се одлично поставени, а особено идеите за нови активности и проекти. Ќе успеете да направите баланс меѓу отворениот пристап и дискрецијата. Некои работи ќе успеете да ги задржите за себе поради интуицијата. За многумина од вас, тоа ќе биде вистинско освежување.
Рак
Започнуваат квалитетни љубовни денови. Доколку постојат мали проблеми меѓу вас и партнерот, преку разговор ќе успеете да ги решите. Ќе постои и повремено непримерно однесување, но тоа ќе биде занемарливо во споредба со она што сте го поминале. Резултатите од вашиот напор полека ќе излезат на виделина, но  треба уште многу да се направи. Сепак, ќе постои задоволство и напредок во вашиот професионален живот. Оние чија работа е поврзана со менаџмент  и водење на вработените, ќе бидат пофалени.

Лав
Влегувате во понеповолна фаза во која ќе пропуштите неколку шанси. Тоа е така бидејќи се потешко наоѓате заеднички јазик со припадниците на спротивниот пол. Приберете се и со силата на самоконтролата обидете се да го одржите статусот кој го имате. Тоа ќе ве направи помудри. И понатаму високо ќе целите, а околностите и луѓето ќе ви помагаат да го остварите посакуваното. Помали проблеми можат да се јават поради одредени нешта од минатото. Обидете се проблемите да ги решите на мирен начин, за да продолжите понатаму без непотребно оптеретување.
Девица
Дел од вас конечно ќе успеат да го отворат своето срце, ослободувајќи се од препреките или фрустрациите кои ве кочат. Тоа ќе биде голем чекор напред во вашите лични односи. Другата страна тоа ќе го поддржува и почитува. Осамените ќе се  обидат да најдат љубов преку размена на идеи. Ќе сонувате за подобра работа и уште подобра положба. Тоа не е  невозможно, но прво ќе морате да го сработите она што ви е дадено. Соработката и натаму ќе биде клуч на успехот. Слушајте ги другите, бидете кооперативни, со што ќе добиете позитивен фидбек.
Вага
Ќе дојде до делумно подобрување на вашиот приватен живот, но и понатаму постои можноста за провокации, па и конфликти кои нема да ви тргнат од рака. Затоа, не се залетувајте. Бидете трпеливи и негувајте го она што го имате. Луѓето со кои соработувате на работа, би можеле да ве изненадат со некој нов и неочекуван предлог. Во прв момент нема да знаете како да се поставите, но тие сами ќе ви дадат идеја што понатаму да направите. Само слушајте ги внимателно.
Скорпија
Венера оваа недела ќе донесе продлабочување на конфликтите и дистанца во вашите лични односи. Веројатно повеќе ќе бидете посветени на себеси или ќе ги намалите своите љубовни очекувања. Но, тоа ќе биде добро за лично преиспитување. Се уште постојат мали задачи кои морате да ги завршите. Во дел од нив, вие ќе ја пропуштите главната работа, бидејќи целите не ви се сосема јасно. Сепак, обидете се да чекорите сигурно со сигурни потези, затоа што навистина немате потреба да се задлабочувате.

Стрелец
Нема да постојат многу интересни работи за вас оваа недела, но вашиот љубовен живот и натаму ќе биде квалитетен. Можно е да ги намалите излегувањата, а повеќе време да поминувате дома со вашата сакана личност. Оние кои се сами, љубовта би можеле да ја најдат на многу неочекувани места. Ќе ја подобрите својата положба на работното место. Ќе имате повеќе работа, но ќе ги завршувате работите полесно од било кога. Спортистите ќе постигнат одлични резултати.
Јарец
Влезот на Венера во знакот на бик ќе го подобри вашиот љубовен живот. Ќе оставите повеќе работи позади себе, закопувајќи ги воените секири и вртејќи нов, позитивен лист. Партнерот ќе ве обожава поради тоа, а излегувањата ќе бидат почести. Оние кои не се во врска ќе уживаат во друштвото. Мали нервози ќе бидат поврзани со задачи кои ви се наталожени од претходниот период. Но, тоа ќе го завршите на оригинален начин, на тој начин ослободувајќи се од грижите. Ќе се осврнете кон нови работни идеи кои се навистина креативни.
Водолија
Контактите ќе бидат бројни, но нивниот карактер во емотивна смисла ќе остане површен. Поради тоа, повеќе ќе зборувате за љубовта отколку што ќе ја чувствувате. Многумина од вас сепак ќе поминат убави моменти со оние кои им се допаѓаат.Ве очекуваат работни патувања, нови знаења и нови познанства. Учениците ќе бидат многу успешни. Вработените ќе имаат повеќе идеи и енергија.
Риби
Ќе станете поинтересни за спротивниот пол што ќе создаде многу шанси за вас. Поради тоа, оние кои се во потрага по сродна душа многу лесно ќе наидуваат на љубовни прилики и луѓе кои им се допаѓаат. Оние кои се во врска ќе бидат расположени за нежност и уживање. Ќе ве мачат финансиите. Дел од вас ќе најдат нов, несекојдневен начин за заработка. Можеби тоа нема да биде легално, така што ќе мора да проверите што смеете, а што не смеете да направите. Ве очекуваат и работни патувања.Овен
Својата силна енергија ќе ја вложите во зацврстување на односот со личноста која ја сакате. Ќе вложите многу труд со подеднакво важни

Пронајдете не на следниве мрежи: