Неделен хороскоп за 08.02 – 14.02.2016

Неделен хороскоп за 08.02 – 14.02.2016Овен
На почетокот на оваа недела, бидете внимателни во јавните настапи, бидејќи сте под силен стрес. Вие сакате да доминирате и да го наметнувате вашето мислење и став, кое воглавно ви носи успех. Во љубовта сте страствени и љубоморни. Внимавајте на своето здравје, посебно на репродуктивните органи.
Бик
Ја чувствувате одличната енергија од деловните партнери но и од брачниот партнер. Ќе имате интересни средби, нови деловни аранжмани, посебно со жени. Ова е иделано доколку се занимавате со креативна работа, убавина, мода, забава и уметност.Ова е период на платонски љубови, мечтаења и заљубувања. Внимавајте на настинки, хронични здравствени проблеми, но здравата храна и прошетките ќе го решат тој проблем.
Близнаци
Ќе започнете со некоја нова иницијатива или со важни деловни договори.Тоа може да биде сигнал не само за напредување во кариерата, туку и за нова емотивна врска. Внимавајте на својот изглед, имиџ и ништо не оставајте на случајноста, бидејќи некој будно ве надгледува. Престанете да се прејадувате, помалку месо.

 
Рак
Можете да почнете со нови пеоекти или пак ќе одите на пат со блиска личност. Се уште се свртени кон недвижности, се што се однесува на реновирање, уредување на домот, куќа или стан. Пријатен ви е секој момент во друштво со децата а сега сте и во ситуација да им подарите многу повеќе внимание и време. Добар период за љубов, нови запознавања и пријатно време со драгата личност. Здравје – добро
Лав
Внимавајте на здравјето и како се однесувате во сообраќајот. Од една страна сте нервозни, нтрпеливи, затоа што не ги добивате вестите кои силно ги очекувате….За вас е битно да се согласувате со тие, кои се на иста таласна должина со вас , а тука е партнерот, кој е секогаш покрај вас. Прошетките не ги изоставувајте. Повеќе здрава храна.
Девица
Ќе имате успех со брза заработувачка, нови деловни договори и аранжмани. Ви следи успех на полето на образованието, учењето и работа со деца. Доколку сте слободни, ова е период кога можете ненадејно да се заљубите во некој, во друг град или преку блиски роднини.Расположени сте па тоа влијае и на здравјето.

 
Вага
Одличен период за финансии и заработувачка. Лесно доаѓате до пари, посебно ако работите работа што ја сакате. Се што е врзано за јавен живот, сега е во прв план, а често се преплетуваат јавниот и приватиот живот. Многу сте врзани за брачниот или деловниот партнер, еден без друг не функционирате. За слободните ваги – ова е период на љубов на прв поглед или страствени средби. Во добра форма сте, продолжете да внимавате на храната и вежбањето.
Скорпија
Ќе добиете долго очекувана деловна вест или ви се исполнува планот за патување. Ви претстојат контакти со роднините или заеднички договори. Весели сте, среќни, убаво изгледате и повеќе внимание му придавате на надворешниот изглед. Лесно го привлекувате вниманието на другите, посебно од спротивниот пол, а со шармот многу проблеми ги средувате. Лесно воспоставувате добри односи во љубовта, било да е тоа брак, стабилна врска или почеток на некоја романса.
Стрелец
Искористете ја шансата и превземете иницијатива. Овој аспект ве прави идеалист, борец за правда, филозофски настроени, што најмногу влијае на оние, кои имаат влијание на јавното мислење. Во љубовта сте таинствени или сте во тајна врска. На некој начин го чувате својот интимен живот од погледите на другите и уживате на тивок начин.Ослабнавте, сега продолжете да ја одржувате таа телесна тежина со долги прошетки.

 
Јарец
Многу од јарците се занимаваат со пишување, предавање, преговори, трговија и комерцијални работи. Многу нови информации, размена на мислења, посебно со моќни луѓе. Свесни сте за своите цели и сега ги покажувате сите свои таленти и способности за да дојдете до нив. Ангажирани сте на работа, па сепак наоѓате време за дружење и пријателски средби. Ви претстои љубов преку едно пријателство.По настинките сега се средувате и се оди на подобро.
Водолија
Ви одат од рака работите кои се врзани со јавно мислење. Вие сте во знаците кои никогаш не мируваат и кои секогаш во нешто се сомневаат, така да, непотребно ќе се грижите околу некои ситници. Ви претстои нова љубов преку деловни контакти и соработка. Здравје – Добро
Риби
Сспремате за тимска работа со пријателите, кои ви помагаат да ги исполните своите деловни планови. Ги сакате групните програми, се што вклучува поголем број на луѓе. Ви претстои добар финансиски период, очекувајте поголеми приходи и добитоци. Доколку сте во стабилна и долга емотивна врска, размислувајте за заеднички живот и брак. Останатите, ви претстои љубовна романса, доколку патувате.Овен
На почетокот на оваа недела, бидете внимателни во јавните настапи, бидејќи сте под силен стрес. Вие сакате да доминир

Пронајдете не на следниве мрежи: