Овен
Оваа седмица потрудете се да мислите не само за своето добро, туку и за доброто на другите. Во однос на работата, активностите ќе се развиваат со променливо темпо. Можни се финансиски придобивки, кои ќе го подобрат вашиот буџет. Ако ви претстојат аранжмани, договори, финансиски и трговски операции подобро е да ги оставите за наредната недела, бидејќи деновите од четврток до сабота не се соодветни за такви активности. Неделата многу од вас ќе ја искористат за одмор и патување. Полесно ќе се приспособите кон промените и ќе ги постигнете очекувања, доколку сте опуштени и совладани.
Бик
Во понеделник немојте да бидете толку импулсивни и не трудете се по секоја цена да постигнете сè, но бидете акциони и оригинални, за да ги добиете битките. Работете на реализација на целите и избегнувајте расправии, за да не ја трошите енергијата залудно. Оние кои се занимаваат со уметност и бизнис ќе се чувствуваат убаво и со душа ќе се вдадат во она што го прават, ќе се радуваат на постигнатото. Вторник и среда се најпогодни денови од неделата за бизнис, времето ќе биде поволно за постигнување на деловни, финансиски и други аранжмани кои се однесуваат на вашите пари. На крајот од неделата одложете ги важните разговори и донесувањата на поважни решенија.
Близнаци
Продолжете со работа, колку и да сте нервозни и нестрпливи, трудете се да ги завршите обврските навреме. Јасно е дека ништо нема да постигнете без тешкотии, но важно е да не го губите трпението. Ако се чувствувате незадоволни од развојот на вашите дела и тоа ви создава загриженост и лутина, не бидете нестрпливи. Во вторник и среда нештата ќе се подобрат, донекаде и поради вашето настојување и желба за профит. Овие денови се погодни за започнување на нова работа. Некои од вас ќе отпатуваат на одмор, водени од желбите за забава и запознавање на нови места. Разумно и избалансирано, во четврток и петок ќе живеете со повеќе верба во сопствените сили, добро знаете дека успехот зависи од оригиналноста на идеите и нивната реализација, со други зборови, работите се во ваши раце. Во сабота многу од вас ќе организираат состаноци со пријателите или роднините. Нема да бидете рамнодушни и кон романтичните авантури. Ве очекува подобрување на здравствената состојба.
Повеќе на ТЗМ.МКОвен
Оваа седмица потрудете се да мислите не само за своето добр