Неделен хороскоп за 09.05.-16.05.2016

Неделен хороскоп за 09.05.-16.05.2016Овен
Се наоѓате во креативна фаза, непрекинато смислувате нови идеи и ја поттикнувате својата околина на дополнителна активност. Важно ви е ефикасно да решите низа на прашања, кои ќе ви обезбедат долгорочна соработка или парична добивка. Потребни ви се широки овластувања во работната организација и делување, умеете да ја процените добрата можност и вистинска вредност.
Бик
Имате преземено голема одговорност пред соработниците, но кога постои судир на различни влијанија и мислења не е лесно да се пронајде заеднички интерес. Потребно е да повлечете линија и да се определите за нов модел на успешна соработка. Не можете се да држите под својата контрола и не треба да се докажувате на некои погрешни страни. 
Близнаци
Се обидувате да ги унапредите различните услови и работни можности, но забелешките кои ги упатувате на своите соработници не го донесуваат саканиот одзив. Чувствувате психолошки притисок во желбата работите да добијат вистинска смисла и значење. Бидете промислени, прифатете обврски за кои постојат заеднички интереси. Секогаш постои начин да се оствари добар компромис.
Рак
Делувате вонземирено поради нечиј критики и се обидувате да ги промените основните услови во своето опкружување. Понекогаш не е лесно да се остварат сите замислени цели, но вие не се откажувате лесно пред различните препреки. Важно е правилно да се организирате, употребете успешна формула и не дозволувајте некој да ве превари во намерите кои ги имате.

 
Лав
Се наоѓате во фаза на креативен подем, така што делувате снаодливо и оригинално во однос на својата околина. Селективно избирате ситуации во кои можете да ги претставите своите професионални способности. Сепак, повремено треба да прифатите компромисна варијанта.
Девица
Внимателно анализирајте ги своите соработници, како правилно би ги разбрале нивните работни мотиви или интереси. Нема причина да се однесувате опуштено пред службените партнери, на таков начин свртувате внимание на себе и давате повод за различни коментари. Исполнети сте со креативна енергија и промислено ги решавате комликуваните ситуации.
Вага
Околината на различни начини ги коментира вашите работни идеи, поради тоа размислете за нечија сугестија и влијание. Новите случувања треба да ги проценувате од различни агли, како правилно би ги согледале сите можности или ограничувања кои владеат на работната сцена. 
Скорпија
Нови случувања на работната сцена дополнително ја компликуваат вашата соработничка или статусна позиција. Некој од соработниците настојува да ги ограничи вашите можности, така што неочекувано ќе ве доведе во непријатна ситуациија. Не дозволувајте некој да ве испровоцира на службен-финансиски ризик. Бидете доволно воздржани, но и ефикасни во секој поглед.

 
Стрелец
Успехот е невозможно да се оствари без прецизни информации и детални подготовки. Посветете внимание на корисните сугестии, некој ве наведува на добро решение и ја поттикнува вашата ангажираност на различни страни. Потрудете се да ги остварите своите цели во согласност со пропишаните норми за успешно работење, испочитувајте го основниот пртокол.
Јарец
Се обидувате да создадете подобри услови и да ги остварите своите работни интереси. Без оглед на своите практични способности, не можете секогаш да ги усогласите различните интереси и да исполните нечиј очекувања. Потребно е да формирате нови критериуми, соработниците понекогаш имаат незаменлива улога во решевањето на работните дилеми. 
Водолија
Важно ви е да убрзате некој службен договор, но постојат неочекувани компликации или проблеми кои објективно ве успоруваат. Некој од соработниците избегнува да го испочитува својот дел од обврските, што причинува дополнителни проблеми. Делувате загрижено поради новите информации на работната сцена и не сакате да се помирите со просечни резултати.
Риби
Во службените кругови често имате главен збор и очекувате од другите доследно да ги следат вашите идеи. Умеете да го наметнете своето мислење пред соработниците и да остварите важна улога во службените преговори. Заинтересирани сте за современи решенија и за професионално усовршување.Овен
Се наоѓате во креативна фаза, непрекинато смислувате нови идеи и ја поттикнувате својата околина на допол

Пронајдете не на следниве мрежи: