Неделен хороскоп за 09.06 -15.06.2014

Неделен хороскоп за 09.06 -15.06.2014Овен
Имате желба нешто да промените. Ве води желбата за совршенство, а знаете дека совршенство не постои. На емотивен план станувате несигурни. Ќе обновите некој контакт. Зафатените ќе се соочат со љубомората на саканата личност, но тоа е само времено.  Викендот искористете го за некои активности кои ќе ви донесат задоволство на двајцата.  
Бик
Насочени сте повеќе на другите отколку на себе во овој период. До средина на неделата ќе завршите некој важен проект. Избегнете го влегувањето во некоја тајна врска, без разлика дали сте слободни или во врска. Нагласено ќе ви биде романтично расположение, а вие повторно ги привлекувате оние страствените партнери.
Близнаци
Сакате да одите на сигурно наредниов период. Работата ви доаѓа како некое бегство од реалноста. Зафатените ќе посакаат долгорочно да го планираат својот живот со саканата личност. Слободните пак ќе бидат во центарот на вниманието поради своите мистериозни појави. Нема да ви годат контактите со Овен и Риби.

Рак
Ќе чувствувате презаситеност и ќе сакате да ја промените ситуацијата. Совет за вас е да го прифатите проектот кој ви бил понуден или некое ново работно место. Средете ги своите мисли. Потребна ви е подршка од саканата личност и тоа ќе успеете да го покажете на индиректен начин. Слободните ќе стапат во контакт со некоја интересна личност од своето работно место.
Лав
Работата ќе ви оди од рака, но внимавајте ако се најдете на непознат терен. Најдобро ќе функционирате со старите соработници на нови проекти. Вашите емоции и страсти ги насочувате кон веќе позната личност. Тоа важи и за слободните и за оние Лавови кои се во врска.
Девица
Секојдневните обврски почнуваат да ве гушат. Потребно ви е подобро да се организирате за да имате малку повеќе време за себе. Ќе бидете привлечни за спротивниот пол оваа недела. Зафатените повеќе време ќе посветуваат на саканата личност, особено на почетокот на неделата. Нема да ви годат контактите со Овен, Лав и Риби.

Вага
Ова е период во кој за вас ќе се отворат некои нови можности кога е во прашање заработката. Имате добра соработка со Близнаци, Девици и Водолии. Ќе ви се отвори можност да дојдете во контакт со личноста која вам ви се допаѓа. Зафатените ваги ќе имаат променлив однос со партнерот, првенствено поради нервозата во комуникацијата.
Скорпија
Вашиот хедонизам е зголемен оваа недела. Вашите соработници сепак поинаку ќе бидат расположени. Не дозволувајте нервозата да ви ја префрлат вам. Освежете ја околината во која работите. Во емотивните односи ќе бидете многу крути. Привлекувате погледи кад и да се најдете. Ќе делувате опуштено на спротивниот пол, а вие ќе имате чувство дека во вас настанува бура.
Стрелец
Влегувате во период на расеаност. Треба да го смалите притисокот на работа, особено кон надредените. Премногу се занимавате со тоа што ќе кажат другите. Оние кои бараат работа треба да бидат трпеливи особено ако очекуваат помош од некој пријател. Зафатените малку време ќе поминуваат со својот партнер, а за слободните можни се нови познанства.

Јарец
Вашата парола нека биде: „Убавиот збор железни врати отвора.“ Ќе делувате смирено. Имате успех во контактите со државните институции особено во работата со судовите. Но, внимавајте во љубовта, особено во втората половина од неделата и во текот на викендот. Можеби ќе флертувате со личност од вашите соништа, кој има тотално спротивен карактер од вашиот.
Водолија
Станувате импулсивни и нервозни. Колку што ќе бидете нетрпеливи на работно место, толку ќе бидете трпеливи во комуникацијата со саканата личност. За слободните водолии ова е интересен период за ширење познанства со личности кои ќе бидат постари од вас околу 4 години.
Риби
Воздржете се од непотребно трошење на заработени пари. Веќе извесно време чувствувате пад на енергијата која ја вложувате во работата. Време е да го завршите тој сериозен проблем со саканата личност. Слободните ќе имаат интересни познанства, но влегувањето во емотивна врска ќе се одложи поради објективните околности. Овен
Имате желба нешто да промените. Ве води желбата за совршенство, а знаете дека совршенство не постои. На емотивен план

Пронајдете не на следниве мрежи: