Неделен хороскоп за 09.12.2013-15.12.2013

Овен
Во понеделник „ се приспособувате” кон новата енергија и  можно е  да ви недостасува желба и волја.  Од вторник до четврток нема да бидете многу продуктивни. Ќе бидете расеани и незаинтересирани за ништо. Но за време на викндот ве очекува промена, ќе сакате да се забавувате и да лудувате.
Бик
Финансиите во понеделник ќе ве мачат повеќе од потребното. Средината на неделата ќе помине во знакот на љубовта и емоциите. Некоја личност ви е наклонета а тоа ве расположува. Во недела опуштете се и дозволете си одмор.
Близнаци
Оваа недела ќе реализирате некои идеи повразни со работата. Ќе се појават мали потешкотии но вие одлично ќе се справите со тоа. Можно е да очекувате помош од некој пријател а да не ја добиете. Семејниот проблем кој ве мачи подолго време конечно ќе биде решен.

 
Рак
Дури и најситните детали ќе влијаат на вас на почеток на неделата. Секој мирис, боја и работи ќе ве навраќаат во минатото и ќе ги разбудат во вас скриените чувства. Во среда и четврток- забава, вечери пријатни луѓе со кои ќе поминете незаборавни моменти.  Во петок ќе реализирате луди идеи кои одамна ги планирате. Викендот авантурата ќе продолжи. Неделата може да биде малку помирна и поспокојна.
Лав
Во понеделник и вторник најдобро е да бидете љубезни со луѓето. На сите подарете им насмевка. Ќе имате средба со личност која ќе има огромно влијание на вашата кариера. Во среда и четврток нема да гледате никого од се ќе ви биде преку глава. Во петок ќе биде бурен ден. Викендот ќе биде обоен од убави сонови и надеж. Уживајте во друштво на вашите пријатели.
Девица
Оваа недела ќе бидете се ама реални не. Обидете се поради тоа да не ги запоставите вашите обврски и цели.  Обидете се да приземјите особено во среда кога ве очекува важна средба со личност која ќе има влијание на вашата кариера.  Викендот ќе биде одличен за прошетка во природа. Избегнете го ноќните клубови посетете некоја планина со саканата личност.

 
Вага
Во понеделник и вторник најдете време за саканата личност. Ви претстојат возбудливи моменти. Но не претерувајте со своите желби  прашајте го партнерот што му е потребно. Во среда и четврток фокусирајте се на колегите. Петок е одличен за да покажете колку ја цените креативноста на другите. Сабота и недела се одлични за задоволување на некои потреби поврзани со личниот развој.
Шкорпија
На почетокот на неделата ќе сакате да решите некои проблеми од минатото, но оставете го тоа за други денови. Се може да излезе од контрола. Среда и четврток ќе бидат погодни за работа. Нема да бидете воодушевени кога ќе сфатите дека мора да попуштите за општо добро. Бидете истрајни во петок, ќе имате несогласувања со партнерот. Викендот посветете му го на партнерот.
Стрелец
Ваша главна задача во понеделник и вторник е да се натпреварувате со самите себе си. Среда ќе помине во знакот на деталите , но и во четврток и петок најдобро би било да застанете и се да погледнете од друг аспект.  Во сабота ве очекуваат  многу случувања, па нема да успеете на сите да им се посветите. Ќе имате многу контакти но се ќе остане на необрзувачки разговори.

 
Јарец
Ќе размислувате многу за вашето семејство. Загрижени сте од некој настани во минатото. Во среда ќе бидете сконцентрирани на себе си- пронајдете начин за да ја исполните креативноста која ќе ви се појави. Отпатувајте некаде по можност надвор од државата.  Четврток и петок се погодни баш за тоа патување. Викендот посетете им се на пријателите.
Водолија
На почетокот на неделата ќе бидете многу шармантни па никој нема да може да ви одолее. Ова е одлично време да добиете што сакате од луѓето. Кон средината на неделата може да се појави одреден здравствен проблем но останете позитивни тоа е лек за се. Викендот е одлично време да поработите на вашите лоши навики. 
Риби
На почетокот на неделата ќе се најдете во  чудна ситуација и нема да знаете како да постапите.  Побарајте совет од блиските. Во среда ве очекува добра забава и набрзо ќе заборавите на сите непријатности. Најдобро е да ги запиште мислите кои ќе ги имаат во недела. Во петок ќе имате бура од емоции.  Доколку сте во потрага за љубов, немојте да се изнадите доколку со својата енергија привлечете некој сличен на вас.Овен
Во понеделник „ се приспособувате” кон новата енергијВашиот неделен хороскоп…

Пронајдете не на следниве мрежи: