Неделен хороскоп за 12.01-19.01.2015

Неделен хороскоп за 12.01-19.01.2015Овен
Оваа недела ве очекуваат драстични промени. Последиците може да бидат непредвидливи. Загрижени сте затоа што работите не се одвиваат онака како што сте намислиле. Сами сте криви затоа што не реагиравте навремено. Исцрпени сте.
Бик
Насочени сте само на матријалното и се занимавате само со иние работи од кои имате корист. Ве очекува заработувачка, но се помалку време за самите вас. Не е се во парите, сте се запрашале ли некогаш дали сте среќни?
 
Близнаци
Ситуацијата бара прилагодување, па ако успеете во тоа нема да имате проблеми. Но, ако тврдоглаво се обидувате да продолжите по старо, се и сешто може да се случи.  Периодот е одличен за работа искористете го тоа.

 

Рак
Упорно се обидувате да направите промени во животот но тешко ви оди. Следните денови ве очекува жртвување и нервирање, па ќе ви биде потребно многу трпение. Само истрајноста ќе придонесе за извршување на обврските.
Лав
Следните денови од вас се очекува трпение и мудрост. Затоа што овие особини ги имате во изобилство, ќе најдете решение за се. Успешен деловен период кој треба максимално да го искористите.
 
Девица
Сомнителноста и стравот од неуспех ќе ве плашат оваа недела. Немате причина за тоа, затоа што доаѓаат добри денови. Во фаза на деловен напредок сте. Ќе бидете задоволни со постигнатите резултати.

 

Вага
Со својата оригиналност и нови идеи ќе ја шокирате околината. Не е ни чудно што сте главни во секое друштво и отворени за нови искуства. Сакате работи со кои не си ги валкате рацете.
Скорпија
Новонастанатите случувања влијаат на тоа да се дистанцирате. Без причина ве фаќа паника. Смирете се и решението ќе дојде. Планирајте нови деловни активности.
Стрелец
Многу успешен период на сите полиња, но не брзајте за да не донесете погрешни заклучоци. Ќе биде подобро отколку што очекувате. Успехот секако ќе дојде.

 

Јарец
Ќе бидете во врвна форма, под услов да сте опкружени со убави работи. Дружете се и шармирајте ги сите околу вас. Ако не се обидувате да манипулирате со луѓето ќе постигнете добри резултати.
Водолија
Следните денови срцето ќе владее над главата. Па подгответе се на киксеви, кавги и недоразбирања. На работното место ве очекува стагнација а тоа ве нервира. Мора да водите сметка за тоа што зборувате.
Риби
Влеговте во перид со многу активности. Се решавате времето да го поминете во друштво, но и во природа. Нова работа ве очекува и тоа многу подобра од претходната. Парите нема да ви бидат никаков проблем.Овен
Оваа недела ве очекуваат драстични промени. Последиците може да бидат непредвидливи. Загрижени сте затоа што работите

Пронајдете не на следниве мрежи: