Неделен хороскоп за 16.05.-22.05.2016

Неделен хороскоп за 16.05.-22.05.2016Овен
Имате прифатено дополнителни обврски и активна улога во новите случувања на работната сцена. Потребно е правилно да се информирате, пред јасно да ги дефинирате своите работни интереси. Нема причина да ги форсирате своите цели пред соработниците, најдобро е вашите резултати да го илустрираат знаењето и способностите кои ги поседувате.
Бик
Важно ви е детално да се информирате за новите случувања на работната сцена и да влијаете на нечие мислење. Меѓутоа, тактиката на која инсистирате не донесува секогаш и позитивни резултати. Некој ве доведува пред свршен чин и индиректно ги отфрла вашите идеи. Избегнувајте ситуации за кои немате доволно знаење, професионална умешност или практично искуство
Близнаци
Делувате афирмативно и имате слух за современи идеи, со кои можете да го унапредите својот работен стил или професионално изразување. Се наоѓате во сјајна ситуација да завршите низа на корисни работи, кои ќе ви донесат психолошко олеснување и добра материјална сатисфакција. Здружете ги своите работни интереси со проверен тим кој ветува успешна и долгорочна соработка.
Рак
Со сета своја ажурност и одговорност која ја изразувате, не можете во потполност да задоволите на сите свои соработници. Некој ве наговара да продолжите со започнатите работи и да не се осврнувате на пропратните коментари или на различните предупредувања. Повремено чувствувате недостаток на волја или концентрација во обавувањето на рутинските задачи.

 
Лав
Потребна ви е мудрост и дополнително трпение, пред да ги претставите своите работни планови пред соработниците. Не можете да игнорирате нечие влијание или барања, без оглед на различните ставови за заедничките интереси. Сепак, големиот напор на крајот се исплаќа и во тоа ќе се покаже вашата работна умешност или успех.
Девица
Различните ставови или поинаквата работна ориентација во односот со соработниците, делува како отрезнувачки фактор и тоа се одразува на заедничките договори и резултати. Нови недоразбирања влијаат на вашата концентрација и професионална ангажираност. Потребни ви се подобри услови како би ги оствариле своите цели.
Вага
Работната стратегија која ја спроведувате донесува само делумни резултат, што не ви влева дополнителна самоувереност пред соработниците. Потрудете се да бидете доволно промислени пред личност која може да ве окарактеризира на погрешен начин или да ги употреби вашите изјави во своја корист. Понекогаш е тешко да се заклучи, кој и колку добива во службената соработка.
Скорпија
На средбата со соработниците често провејува заедничка недоверба или притаен судир поради различните работни интереси. Некој индиректно ве попречува да ги остварите своите намери, поради тоа трпите извесна неправда или загуба. Нема потреба да изговарате погрешен збор пред соработниците кои не ги познавате доволно, бидете мудри и воздржани.

 
Стрелец
Задоволни сте поради новите информации кои кружат на работната сцена, препознавате можна добивка или потенцијален успех. Важно ви е да делувате убедливо пред соработниците кои се сомневаат во вашите професионални и организациски способности. Не дозволувајте поради ситни интереси да направете почетен пропуст и да изгубите нечија доверба.
Јарец
Во согласнст со своите перфекционистички барања делувате загрижено поради нечиј коментари, но првиот впечаток умее лесно да залаже. Потребно е вешто да се прилагодите на различните услови на работење и да останете доследни во своите намери. Не дозволувајте да ви недостасува оптимизам и силна волја.
Водолија
Нови информации и случувања на работната сцена ги потврдуваат вашите амбициозни очекувања. Делувате со многу барања и подготвени сте да преземете водечка улога пред соработниците. Важно ви е во службените преговори точно да ги дефинирате заедничките односи, правила на однесување или поделба на интереси. Сакате да се изборите за што подобри работно-финансиски интереси и услови.
Риби
Наидувате на недоразбирање во својата околина и имате впечаток дека некој од соработниците не го цени доволно вашиот напор и залажување. Понекогаш би требало да ги прифатите тие околности, како би ја елиминирале можноста за уценување или службени контакти кои не ги задовлуваат вашите основни критериуми.Овен
Имате прифатено дополнителни обврски и активна улога во новите случувања на работната сцена. Потребно е правилно да

Пронајдете не на следниве мрежи: