Неделен хороскоп за 18.07.-24.07.2016

Неделен хороскоп за 18.07.-24.07.2016Овен
Нови случувања на работната сцена дополнително ја компликуваат вашата соработничка или статусна положба. Некој од соработниците настојува да ги ограничи вашите можности, така што неочекувано ве доведува во непријатна ситуација. Не дозволувајте некој да ве испровоцира на работно-финансиски ризик.
Бик
Околината на различни начини ги толкува вашите работни идеи, поради тоа размислете за нечија сугестија и влијание. Новите случувања треба да ги проценувате од различни агли, како правилно би ги согледале сите можности или ограничувања кои владеат на работната сцена. Заедничкиот договор претставува позитивно поместување во решавањето на важни работни аспекти.
Близнаци
Успехот е невозможно да се оствари без прецизни информации и детални подготовки. Посветете внимание на корисните сугестии, некој ве наведуа на добро решение и поттикнува ваша ангажираност на различни страни. Потрудете се да ги остварите своите цели во согласност со пропишаните норми.
Рак
Се наоѓате во креативна фаза, непрекинато смислувате нови идеи и го поттикнувате своето опкружување на дополнителна активност. Важно ви е ефикасно да решите низа на прашања, кои ќе ви обезбедат долгорочна соработка или парична добивка. Потребни ви се широки овластувања во работното организирање и делување, умеете да процените добра ситуација и вистинска вредност.

 
Лав
Се обидувате да создадете подобри услови и да ги остварите своите работни интереси. Без оглед на своите практични способности, не можете секогаш да ги усогласите различните интереси и да исполните нечиј очекувања. Потребно е да формирате нови критериуми, соработниците понекогаш имаат незаменлива улога во решавањето на работните дилеми.
Девица
Имате преземено голема одговорност пред соработниците, но кога постои судир на различни влијанија и мислења не е лесно да се пронајде заедничкиот интерес. Потребно е  да повлечете линија и да се определите за нов модел на успешна соработка. Не можете се да држите под својата контрола и не треба да се докажувате на некои погрешни страни.
Вага
Важно ви е да го забрзате службениот договор, но постојат неочекувани компликации или проблеми кои објективно ве успоруваат. Некој од соработниците избегнува да го испочитува својот дел од обврските, што причинува доплнителни проблеми. Делувате загрижено поради новите информации на работната сцена и не сакате да се помирите со просечните резултати.
Скорпија
Се обидувате да унапредите различни услови и работни можности, но забелешките кои ги упатувате на своите соработници не го донесуваат заканиот одзив. Чувствувате психолошки притисок во желбата работите да ја добијат вистинската смисла и значење. Бидете промислени, прифатете обврски за кои постојат заеднички интереси.

 
Стрелец
Во службените кругови често го имате главниот збор и очекувате од другите доследно да ги следат вашите идеи. Умеете да го наметнете своето мислење пред соработниците и да остварите важна улога во службените преговори. Заинтересирани сте за современи решенија и за професионално усовршување
Јарец
Делувате вознемирено поради нечиј критики и се обидувате да ги промените основните услови во своето работно опкружување. Понекогаш не е лесно да ги остварите сите замислени цели, но вие не се откажувате лесно пред различни препреки. Важно е правилно да се организирате, употребете успешна формула и не дозволувајте некој да ве превари во намерата која ја имате.
Водолија
Се наоѓате во фаза на креативен подем, така што делувате снаодливо и оригинално во однос на своето опкружување. Селективно ги избирате ситуации во кои можете да ги претсавите своите професионални способности. Сепак, повремено треба да прифатите компромисна варијанта.
Риби
Внимателно анализирајте ги своите соработници, како правилно би ги разбрале нивните работни мотиви или интереси. Нема причина да се однесувате расеано пред службените партнери, на таков начин свртувате внимание на себе и давате повод за различни коментари. Исполнети сте со креативна енергија и промислено решавате компликувани ситуации.Овен
Нови случувања на работната сцена дополнително ја компликуваат вашата соработничка или статусна положба. Некој од сор

Пронајдете не на следниве мрежи: