Неделен хороскоп за 18.08.-24.08.2014

Неделен хороскоп за 18.08.-24.08.2014Овен
Во почетокот на неделата вашата надеж за пронаоѓање на љубовта на вашиот живот ќе се зголеми. Може ќе се најдете во искушение малку да се коцкате со својот љубовен и професионален живот. Доколку имате претприемачки дух, ова може да биде одлична недела да ги проширите своите идеи, кои имаат голем потенцијал да ви донесат добри приходи. На крај, вие не сте некој кој врши притисоци. Исклучително сте свесни за проблемите кои ве преокупираат и кои би може да ви удрат во глава доколку на време не ги решите. Недела е идеален ден за некоја посебна прослава или романтична вечер.
Бик
Оваа недела ќе се занимавате со прашања и проблеми од лична природа и ќе тежнеете да бидете дома. Доколку размислувате да го проширите својот имот или недвижнина, влијанието на Венера би можело да ве охрабри во тој поглед. Покрај тоа, силната енергија во петок би можело дополнително да влијае на вашата одлука за подобрување на сопствениот живот. Вашата креативна страна ќе излезе на површина и ќе ве охрабри малку да се позанимавате со своите хобија. За викенд ве очекува изненадна среќа.
Близнаци
Имате креативни, инспиративни и импулсивни идеи кои ќе ве поттикнуваат на сјаен успех. Пред вас се денови обоени со романтика, забава и креативност, па погрижете се тоа да го искористите. Ѕвездите фрлаат светлина на домот и семејството, поттикнувајќи ве да се позанимавате со декорација на домот или дворот. Ќе сватите дека многу полесно размислувате кога имате доволно простор околу себе. За викендот бидете внимателни, неделата ви донесува попусливост во комуникацијата со луѓето.

 
Рак
Оваа недела ќе бидете водени од позитивен став кој помеѓу другото ќе ви овозможи да пронајдете некое скриено решение. Инветивниот и креативен пристап во финансиите би можело да ви пружи задоволство во шопингот и забавата. Затоа, некоја пријателска врска може изненадно да се „загрее“, покажувајќи знаци на страст и интензивни чувства. Доколку сте пред искушение потребно е да го слушате својот инстинкт, бидејќи доколку донесете некоја погрешна одлука тоа подоцна скапо ќе ве чини.
Лав
Оваа недела ќе имате импулсивен порив да го изразите своето мислење. Доколку некој ги предизвикува вашите идеи, сослушајте го и пронајдете компромис, во спротивност само ќе се нервирате. Ќе бидете посебно експанзивни, креативни со посебна желба за истакнување. Ова е ваша недела, а вакви денови не доаѓаат често. Уживајте!Подоцна ќе може малку да се смирите и да размислувате за своите финансии. Практичниот пристап може да ви заштеди пари на подолги стази.
Девица
Креативните идеи ќе создадат голем потенцијал за заработка на пари, но вие пред се ќе бидете во некој фазон на медитација и релаксирање. Пронајдете време оваа недела да ги преиспитате своите креативни идеи кои можат да ви доенсат профит. Со медитација може да ги преиспитате своите најдлабоки желби, мотивација и уживање. Вашиот внатрешен живот може да биде вистинско богатство кое чека да биде откриено. Во петок ѕвездите ќе ве охрабрат да се позанимавате повеќе со некои проекти кои ги имате запоставено.

 
Вага
Распоредот на ѕвездите позитивно ќе се одрази на вшаиот социјален живот, ќе бидете популарни повеќе отколку ште сте досега. Постои голема шанса за одлични можности, кои само чекаат на вас да прифатите некој повик за социјално случување или едноставно да започнете да се дружите со луѓе. Некое подлабока мотивација можно е да влијае на вас да решете некое финансиско прашања еднаш за секогаш. Ништо нема да може да ве сопре кога еднаш ќе решите нешто. Викендот пред вас е резервиран за љубов и забава.
Скорпија
Доколку постои некој проблем кој ве измачува веќе подолго време, неделата која е пред вас е идеална за негово разрешување. Во исто време, фокусирајте се на кариерата, бидејќи успехот не е така далеку како што ви се чини. Меѓутоа, како би уживале, ќе мора да ги покажете своите квалитети и способност. Затоа, доколку се поврзете со вистинските луѓе ќе добиете шанса да стапите во контакт со некој кој ги цени вашите способности и кој ќе биде подготвен тоа добро да го плати.
Стрелец
Оваа недела ќе се почувствувате препородено во секој поглед, па така слободно преземете иницијатива како би го добиле она што го сакате и искористете ја духовната енергија да решите некои стари проблеми. Не заборавајте дека доколку бидете подоготвени настрана да ги оставите лошите мисли и намери, повеќе ќе се фокусирате на шансите кои ви се пружаат. Авантуристичките импулси ќе ве мотивираат да истражувате многу опции. Зато, поставете приоритети од вашите цели и направете план со помош на кој ќе ги достигнете.

 
Јарец
Оваа недела ќе посакате малку повеќе да се задоволите себеси, бидејќи деновите пред вас се баш такви, релаксирачки и забавни. Кога ќе дојде до дружење распоредот на астролошките соѕвездија ќе ве поттикне да се поврзете со некои луѓе кои имаат исти амбиции и желби како вас. Можно е оваа недела да нема да можете да одолеете да дополнителното трошење на пари. Како и да е, недела е ден кога ќе поскате малку да се размазите, иако тоа нема да биде оправдано.
Водолија
Оваа недела се ќе ви оди од рака и на тој начин ќе имате една многу забавна недела. Фокусот ќе ви биде на комуникацијата и посветувањето на социјалниот живот, како и на љубовниот кој го очекува една фантастична фаза. Било да барате љубов или само пријателство, насмевката и дружењето ќе ги осветлат вашите денови. Исто така, одете смело напред во својата кариера со зацртани цели и амбиции, во што ќе бидете многу страствени. Само напред!
Риби
Оваа недела фокусот ќе ви биде на социјалниот живот, здравјето и работата. Доколку сте на диета или само вежбате ќе сватете дека е мнгоу тешко да се има добра фигура и да се биде достоинствен при добиваањето на многу вкусна храна на забавите. Ќе мора да направите компромис и цврсто да се придржувате на него доколку сакате добро да се чувствувате.На крајот на неделата, пријател или пријателка ќе се обиде разумно да поразговара со вас, па имајте трпение и сослушајте го(ја) внимателно.Овен
Во почетокот на неделата вашата надеж за пронаоѓање на љубовта на вашиот живот ќе се зголеми. Може ќе се најдет

Пронајдете не на следниве мрежи: