Неделен хороскоп за 19.01-25.01.2015Овен
Задоволни сте поради новите информации кои кружат на работната сцена, препознавате можна добивка или потенцијален успех. Важно ви е да делувате убедливо пред соработниците кои се сомневаат во вашите професионални и организациски способности Не дозволувајте поради ситни интереси да направете почетни пропусти и да изгубите нечија доверба.
Бик
Во согласност со своите перфекционистички барања делувате загрижено поради нечиј коментари, но првиот впечаток умее лесно да ве залажи. Потребно е вешто да се прилагодите на различните услови на работење и да останете доследни во своите намери. Не дозволувајте да ви недостасува оптимизам и силна волја. На средбите со соработниците употребете ги своите најдобри адути.
Близнаци
Нови информации и случувања на професионаланата сцена ги потврдуваат вашите амбициозни очекувања. Се однесувате со премногу барања и подготвени сте да преземете водечка улога пред соработниците. Важно ви е во службените преговори точно да ги дефинирате заеднички односи и правила на однесување или поделба на интереси. Сакате да се изборите за што подобри работни-финансиски интереси и услови.
Рак
Наидувате на разбирање во својата околина и имате впечаток дека некој од соработниците не ги цени доволно вашите напори и залагања. Понекогаш би требало да ги прифатите потешките околности како би ги елиминирале можностите за уценување или службените контакти кои не ги задоволуваат вашите основни критериуми. Важно е правилно да ја насочувате својата креативна енергија преку работа или творештво, како и да се дистанцирате од личност која дополнително ве оптеретува.
Лав
Имате прифатено дополнителни обврски и активна улога во новите случувања на работната сцена. Потребно е правилно да се информирате, пред јасно да ги дефинирате своите професионални интереси. Нема причина да ги форсирате своите цели пред соработниците, најдобро е вашите резултати да илустрираат знаење или способносите кои ги поседувате.
Девица
Важно ви е детално да се информирате за новите случувања на работната сцена и да влијаете на нечие мислење. Меѓутоа, тактиката на која инсистирате не донесува секогаш и позитивни резултати. Некој ве доведува пред свршен чин и индиректно ги отфрла вашите идеи. Избегнувајте ги ситуациите за кои немате доволно знаење, професионална умешност или практично искуство.
Вага
Делувате афирмативно и имате слух за современите идеи, со кои можете да го унапредите својот работен стил или професионално изразување. Се наоѓате во сјајна можност да завршите низа на корисни работи, кои ќе ви донесат психолошко олеснување и добра материјална сатисфакција. Здружете ги своите работни интереси со проверен тим кој ветува успешна и долгорочна соработка.
Скорпија
Со сета своја ажурност и одговорност која ја изразувате, не можете во потполност да ги задоволите своите соработници. Некој ве наговара да продолжите со започнатите работи и да не се свртувате на пропратните коментари или на различните предупредувања. Повремено чувсвтувате недостаток на волја или концентрација во извршувањето на некои рутински активности. Се однесувате воздржано и не сакате да ги пречекорите своите работни овластувања, поради тоа ја одложувате конечната одлука. Ви се чини дека поминувате низ нова љубовна бура.
Стрелец
Потребно ви е мудорост и дополнително трпение, пред да ги претставите своите работни планови пред соработниците. Не можете да игнорирате нечие влијание или барање, без оглед на поинаквите ставови за заедничките интереси. Сепак големиот напор на крајот се исплатува и во тоа ќе се покаже вашата работна умешност или успех. Потрудете се подобро да го прилагодите своето однесување во љубовната врска.
Јарец
Различните ставови или поинаквата работна ориентација во односот со соработниците делува како отежнувачки фактор и тоа се одразува на заедничките договори и резултати. Нови недоразбирања влијаат на вашата концентрација и професионална ангажираност. Потребни ви се подобри услови како би ги оствариле своите цели. Не сакате да се покорувате пред нечие барање, без разумно и детално објаснување. Делувате загрижено во љубовниот однос.
Водолија
Работната стратегија која ја спроведувате донесува само делумни резултати, што не ви влева посебна самоувереност пред соработниците. Потрудете се да бидете доволно промислени, пред личност која може да ве окарактеризира на погрешен начин или да ги употреби вашите изјави во ваша корист. Понекогаш е тешко да заклучете кој и колку добива во службената соработка. Не ви се допаѓа емотивното оспорување, бидејќи многу работи кои ги правите не се по мерка или вкус на саканиот(ата).
Риби
Во односот со соработниците често провејува заедничка недоверба или притаени судири поради различните работни интереси. Некој индиректно ве спречува да ги остварите своите намери, поради тоа трпите извесна неправда или загуба. Нема потреба да изговарате погрешни зборови пред соработниците кои не ги познавате доволно, бидете мудри и воздржани. Почекајте на поволна прилика за успешна акција. Потребно е некој емотивно да ве инспирира и дополнително расположи. Овен
Задоволни сте поради новите информации кои кружат на работната сцена, препознавате можна добивка или потенцијален усп