Неделен хороскоп за 19 – 25.декември 2016: Близнаците со променливо расположение, Девиците несигурни, а Скорпијата пред нов предизвик

Неделен хороскоп за 19 – 25.декември 2016: Близнаците со променливо расположение, Девиците несигурни, а Скорпијата пред нов предизвикОвен
Контактирајте соработници кои имаат сигурни информации за новите случувања на работната сцена, пожелно е да го проширите своето сознание од различни области. Нема потреба да донесувате брзоплети одлуки. Партенрот делува позитивно на вашето расположение, сега мора работите да ги гледате со различни очи и со повеќе оптимизам. Во нечија близина чувствувате добро расположение.
Бик
Делувате многу поттикнувачки на својата околина, но кај вашите соработници постојат значајни разлики во степенот на мотивација и интересирање. Нема потреба да потценувате нечија улога при работно-финансиското посредување. Во љубовниот живот посакувате некои нови и весели случувања. Смилено го избирате вистинскиот момент, да ги остварите своите намери или на саканиот(ата) да му(и) соопштите важни планови.
Близнаци
Вложувате голем напор да остварите позитивни резултати во професионалното изразување, но постојат ситуации кои ги нарушуваат вашите планови и работна концентрација. Склони сте кон чести промени на своето емотивно расположение, посебно во ситуациите кога партнерот делува отсутно или незаинтересирано за вашите идеи. Сакате да воспоставите подобра контрола над новите случувања во љубовниот однос.

 
Рак
Не дозволувате можност за неочекувани промени во службените преговори. Сепак, со претераното истакнување на личните барања побудувате различни коментари меѓу соработниците. Потребно е да имате „широки погледи“ во секој поглед. Љубовните расправии прифатете ги како минлива фаза, се се сведува на нов поттик или на добар импулс кој води кон емотивни зближување.
Лав
Делувате многу амбициозно и се обидувате да го процените завршниот исход во сите значајни случувања на работната сцена. На соработниците им е важно да го слушнат вашето мислење, но употребете ги своите професионални манири и дискреција, бидејќи постојат работи за кои не треба јавно да се расправа.Се што има „љубовен предзнак“ го привлекува вашето внимание и големо интересирање. Дозволувате нова блискост во односот со саканиот(ата), така што на основа на вашата емотивна состојба значајно се менува и вашиот поглед на свет.
Девица
Потребно е да пронајдете заобиколни решенија и да одржите добро ниво на соработка. Не дозволувајте некој да ве залажува со погрешни информации, важно е да избегнувате брзоплетост и импулсивни реакции. Во односот со саканиот(ата) честите промени во расположението создаваат дополнителна нервоза и емотивна несигурност. Немате доволно разбирање за нечиј „пропусти“ или за нови изговори. Понекогаш делувате премногу строго во своите очекувања.

 
Вага
Делувате загрижено поради нови информации на работната сцена, но тоа е минлива фаза Големата доза на психолошко оптеретување е забележлива и кај вашите соработници. Потребно е да ја оправдате својата улога без натпреварувачки аспирации и потреба за експонирање. Мудро премолчувате одредени случувања или интригантни теми, кои имаат лошо влијание на вашиот однос со саканиот(ата). Доколку ви недостасува мирен сон, немој да се умислувате дека доброто решение ќе дојде изненадно или само по себе. Бидете доволно промислени.
Скорпија
Од вас се очекува да прифатите нов работен предизвик или да преземете важна улога во заедничкиот договор. Имате доволно енергија, но добро размислете за своите приоритети кои ќе ги поставите. Чувствувате емотивен занес и не го криете своето воодушевување во друштво на саканиот(ата). Емотивната инспирација е неисцрпна, ако се наоѓате во вистинско друштво или со личност која ви поттикнува убави мисли и чудесна енергија. Доколку постои нова личност која го привлекува вашето внимание, биде за нијанса подискретни во своето однесување.
Стрелец
Нема причина да прифаќате работна понуда која делува предизвикувачки и ветува само моментален успех. Од вашето залагање и дипломатски такт зависат конечните резултати. Делувате задоволно во љубовниот живот, покрај вас се наоѓа личност која искрено се грижи за вашите емотивни желби или потреби. Доколку сте слободни, ве очекуваат различни покани за средби. Ќе ви одговара нечие интересирање и нова љубовна романса.

 
Јарец
Идеите на кои инсистирате имаат добро покритие, поради тоа никој од соработниците не се сомнева во вашите практични способности или во во успешните финансиски резултати. Потрудете се успешно да ги спроведете своите идеи и планови на дело. Во љубовниот однос залудно не се обидувајте да го промените однесувањето на партнерот или да го менувате текот на работите кои не зависат од вашата волја. Личноста која ве опсипува со емотивно внимание умее да ве инспирира и наведе на активна улога во заедничкиот однос.
Водолија
Очекувате некој да ги прифати вашите идеи и ви пречи чувството на нерамноправност во односот со соработниците. Во зависност од личното интересирање или мотивација, осмислете варијанта која донесува најдобри резултати. Во љубовниот однос уживате во различни ситуации. Доволен ви е мал поттик, да би почувствувале голем занес, среќа или инспирација во близина на саканиот(ата). Доколку сте слободни, одговорете на нечија прака или додворување. Ве очекува задоволство во ново друштво.
Риби
Се наоѓате во фаза на креативен подем и важно ви е да ја унапредите својата работна положба. Забележителен успех е невозможно да се оствари без детални анализи, добри подготовки и прецизни информации кои ве доведуваат во привелигирана положба. Искрените чувства и најубавиот дел од својата личност, ги „должите“ на блиска личност или на оние на кои припаѓате Вашата интимна среќа произлегува од хармоничниот однос со блиска личност. Овен
Контактирајте соработници кои имаат сигурни информации за новите случувања на работната сцена, пожелно е да го прошир

Пронајдете не на следниве мрежи: