Неделен хороскоп за 21.03-27.03.2016

Неделен хороскоп за 21.03-27.03.2016Овен
Важно ви е да го подобрите својот однос со соработниците, но често постојат одредени недоразбирања и ве прати неусогласеност во проценката на заедничките интереси. Потребна ви е дипломатска нота и умереност, како би ги помириле различните спротивности кои постојат во службените преговори. Посветете повеќе внимание на решавањето на некои актуелни проблеми и финансиски сметки. 
Бик
Нови случувања на работната сцена внесуваат дополнителна тензија во вашето опкружување, но вие не сакате да учествувате во јавните расправи. Мудро ги спроведувате своите работни планови и вешто балансирате помеѓу соработниците кои имаат различни работни критериуми или ставови. Сепак, преголем број на обврски и латентни психички тензии делуваат исцрпувачки на вашата здравствена состојба.
Близнаци
Понекогаш е тешко да се препознае добитната комбинација и сигурните соработници во различни ситуации на работната сцена. Професионалната неодлучност може да ви создаде дополнителна непријатност на полето на комуникацијата или нова финансиска загуба. Важно е да реагирате во вистински момент. Не бидете импулсивни, стрпливо почекајте на површината да испливаат вистински вредности.
Рак
Важно ви е околината правилно да го вреднува вашето знаење или професионални способности. Но, постојат различни фактори кои влајаат на неочекувани промени на работната сцена или на завршните резултати. Потрудете се правилно да ги исполните своите обврски, без психолошки притисок и натпреварувачки аспирации. Порано или подоцна, завршните резултати претставуваат основна мерка на вредност. 

 
Лав
Ве очекува нов успех или поширока афирмација во службените кругови. Важно е да избирате работи во кои можете во потполност да ги потврдите своите практични способности и креативни идеи. Нема причина да се срамите при јавен настап или пред соработниците кои ги тестираат вашите способности.
Девица
Се наоѓате под психолошки притисок, добро проценете ја комплетната ситуација на работната сцена и различните можности кои ви стојат на располагање. Важно е да сочувате добри критериуми на средбата со соработниците и при изборот на работните цели. Долгорочниот успех подразбира правилна проценка на вредностите и почитување на заедничките одлуки.
Вага
Нови случувања на работната сцена можат да ги нарушат вашите планови, поради тоа размислете за некое алтернативно решение. Потребно е да се соочите со соработниците кои користат различни методи, секогаш постои можност за нов компромисен договор. Кога се наоѓате во проблематична ситуација препуштете на другите да ја преземат главната иницијатива.
Скорпија
Се наоѓате во креативна фаза и преокупирани сте со различни информации или работни идеи. Делувате како личност, која нема време за некои случајни средби или за случувања кои не се вклопуваат во вашата сфера на интереси. Меѓутоа, со своето енергично однесување кај блиските соработници поттикнувате ралични реакции.

 
Стрелец
Неочекуваните промени на работната сцена делуваат како дополнителен психолошки притисок и бараат да донесете нови или мудри одлуки. Во ваш интерес е да ги сочувате важните работни контакти. Поради тоа, прифатете работна понуда која ветува значајна добивка или перспективна реклама. Потрудете се да бидете ангажирани на различни страни.
Јарец
Се наоѓате пред нови работни дилеми и заговарате тимска работа. Околината очекува ефикасни решенија и добро осмислена акција. Поголемиот дел од соработниците сакаат да се идентификуваат со заеднички успех и радо се одзиваат на вашиот повик. Потребно е да воспоставите подобра селекција при изборот на работните цели или да ги промените вообичаените критериуми.
Водолија
Делувате резервирано пред одредени соработници и одбивате нови предизвици, важно ви е да ја организирате своја околина на ефикасен начин. Неповолната работна клима нема долго да трае, важно е добро да се припремите за наредната фаза. Одложете го потпишувањето на некои спорни документи или финансиски трансакции под сомнителни околности.
Риби
Работните планови кои упроно се обидувате да ги остварите, не ги донесуваат очекуваните резултати и саканиот ефект. Моментално поминувате низ различни фази на творечки подеми и падови, но тоа не треба дополнително да ве осуети. Доколку сакате да ја убедите околината дека поседувате практично знаење и интелектуални способности, бидете доволно истрајни во своите цели.Овен
Важно ви е да го подобрите својот однос со соработниците, но често постојат одредени недоразбирања и ве прати неусогласеност во

Пронајдете не на следниве мрежи: