Неделен хороскоп за 22.08.2016 – 28.08.2016

Неделниот хороскоп за 22.08.2016 – 28.08.2016 година, носи многу изненадувања и новости.Овен
Работите се прилично добро построени во вашиот живот, а вие имате зголемена потреба да работите и да бидете продуктивни. Поконкретно, сакате да ги правите работите со вештина и ефикасност. Ќе имате повеќе можности за патувања, забави и романса. Во текот на следните денови, Марс ќе ги шири вашите хоризонти и ќе ги менува вашите убедувања. Секогаш кога ќе го промените начинот на кој гледате на работите, работите што ги гледате се менуваат.
Бик
Вашиот главен приоритет ќе биде доброто забавување и убавите моменти. Освен тоа и вашите хормони летаат во воздухот како балони – вашето либидо е во погон. Но, положбата на Марс активира некои прашања кои се поврзани со заеднички ресурси и создава услови за тесноградост и недоразбирања. Се отвораат различни можности кои се поврзани со имотните прашања и добар развој на домашните и семејните околности.
Близнаци
Треба повеќе да внимавате на вашето однесување и да ги држите неопходните дистанци во односите. Но, од друга страна нема да бидете репресирани и потиснати, токму спротивно. Ќе бидете лесно запаллива материја и подготвени да напаѓате или да се браните. Тоа е добро; народот вели дека најдобрата одбрана е нападот. Шегата настрана, бидете внимателни и задржете ја контролата врз себе. Убав развој во домот и семејните односи.
Рак
Се буди победникот во вас! Причината за ова е вашата окупираност со различни детали, кратки патувања, луѓе и настани. Работите ќе се развиваат многу брзо и нема да имате доволно луксуз од време за да ги обмислите. Од друга страна, мотивирани сте да работите и да ги направите работите како што треба. Ќебидете горди на вашата работа и ќе барате повеќе. Без никакво двоумење, ќе бидете склони да се туркате во првите редови. Немојте да им одите по нерви на вашите колеги.

Лав
Енергични случувања, во зависност од построеноста на вашиот живот (личните планетарни констелации). Планетите во наредните деновиќе внесат забрзан развој во приватните околности, а посебно романтичните инволвирања. Речиси е сигурно дека ќе бидете повеќе ентузијастично и оптимистично расположени. Покрај тоа, ќе ги засилите физичките копнежи и сексуалните потреби. Внимавајте на туѓите потреби и желби. Постојано ве критикуваат дека не се грижите за другите.
Девица
Насочени сте кон себе и задоволни сте од она што го гледате во огледалото. Сонцето и Венера сѐ уште транзитираат низ вашиот знак и ве тераат да го подобрувате вашиот карактер и генералниот пристап кон луѓето и животот. Како резултат на нивната положба ќе имате подобрени материјални и финансиски услови и имате многу планови и идеи за понатамошниот развој. Многумина од вас ќе бидат зафатени со различни домашни активности и обврски. Што и да се случува, од вас ќе се бара повеќе трпение и прилагодливост. По дефиниција, ваквиот транзит го отежнува соживотот со другите, а посебно со партнерите.
Вага
Сакате да работите сами. Независно од тоа какви се околностите, ќе имате можност подобро да ги разберете вашите мотивирачки склопови и адекватно на тоа да внесете подобрувања. За контраст, Марс го интензивира вашиот говор и комуникација (до точка на расправање). Ова е многу добро ако сте адвокат, но штетно за други категории. Причината за вашето темпераментно говорење се должи на вашето силно идентификување со своите убедувања. Запомнете, сето тоа е поврзано со егото.
Скорпија
Изгледате одлично. Планетите ви носат чест, подобрено јавно мнение, професионално почитување и можност да го издигнете своето име на повисоки нивоа. Ова е одлично и би требало многу добро да го искористите. Ќе бидат нагласени вашите вредности и квалитети. Марс е сместен во секторот од вашата карта кој е задолжен за финансиите и материјалните добра и ќе го зголеми вашиот интерес во тие подрачја, подобрувајќи ги околностите.

Стрелец
Работите напорно и планетите ќе внесат динамика во случувањата и ќе ве исполнат со енергија. Вашите рефлекси ќе бидат многу добри, па ќе реагирате адекватно на секоја провокација. Ова не значи дека ќе бидете агресивни, туку директни! Искористете ја ваквата положба да направите сѐ што е потребно. Спортистите од редовите на овој знак се посебно фаворизирани и ќе остваруваат завидни резултати.
Јарец
Подобрување на материјалните прашања. Од друга страна, се отвораат можности за пријатни патувања кои носат задовослтво и социјализирање. Некои луѓе од непосредната околина вршат одредени акции кои се во спротивност со вашите најдобри интереси. Внимавајте да не направите некои себепоразувачки акции. Ваквата положба може да биде најдобро искористена за истражување и помагање на другите.
Водолија
Сонцето и Венера ќе ви помогнат во преговарањата со другите, а посебно ако планирате да подигнете кредит или заем. Ваквата положба ги фаворизира и партнерските односи и генерално комуникациите со другите. Често ќе излегувате и ќе имате поголеми барања од вашите пријатели. Ќе размислувате за вашите долгорочни планови и ќе барате начини за нивна реализација. Некои ограничувања морате да ги прифатите и да внесете поголема самодисциплина во секојдневните активности.
Риби
Ќе бидете прилично нестрпливи на сите животни подрачја. Некои од вас ќе бидат решени да влезат во костец со нерешените проблеми и ќе имаат намера да ги разрешат. Авторитетните фигури (родители, шефови, надредени…) ќе бидат предизвик во следниот период, затоа што ќе ви биде тешко да следите туѓи инструкции и било каков мониторинг. А доколку вие сте во положба на авторитет, ќе бидете прилично ригорозни и строги кон своите соработници и подредени.

Пронајдете не на следниве мрежи: