Неделен хороскоп за 23.06.-29.06.2014Овен
Вашата личност, сила на карактер и стабилност и во најнепријатни ситуации ќе дојдат до израз во понеделник и вторник. Земете во заштита некој кој е слаб и немоќен да ги одбрани своите интереси. Исто така, ова недела е одлична за сите припадници на овој хороскопски знак кои сакаат да се занимаваат со хуманитарни или волонтерски работи. Среда е ден предвиден за нови откритија, нови сознанија. Можно е до вас да дојдат информации за нешто толку шокантно што ќе ви биде тешко да поверувате во тоа. Ако патувате до работа или сте врзани за работа во странство, може да очекувате некои исклучително поволни вести.
Бик
Крајно време е да го расчистите нередот околу вас и подобро да го организирате животот. Внесете малку светлост и промени кои ќе ви го подобрат расположението. Променете ја декорацијата во просторот во кој живеете. Колку што креативни ќе бидете повеќе, толку подобро. Ќе се чувствувате навистина сјајно. Во втората половина на неделата ќе бидете многу зафатени. Ќе му бидете потребни на вашето семејство. Ќе бидете неопходни на својот шеф, партнер, пријател. Веројатно сите ќе ви се качат на глава. За викенд, поради тоа добро опуштете се.
Близнаци
Работата и размислувањата за финансисите ќе бидат доминантни во почетокот на неделата. Посветете се на колегите на работа и на своите вработени доколку ги имате. Морате понекогаш да ги слушнете нивните потреби, како подоцна од нив би добиле позитивни повратни информации. Меѓучовечките односи на работното место ќе бидат во криза се до четврток, кога стресот полека ќе спласне и ќе можете да се опуштите. Во викендот влезете со насмевка. Бидете позитивни и флексибилни кога другите луѓе се во прашање. Само со позитивен став ќе привлечете позитивни околности.
Рак
Тргнете напред и препуштете се на изненадувањата кои ќе ви ги донесе почетокот на неделата. Понекогаш најдобриот начин да дознаете кои сте во суштина, е да се поставите себеси во друга позиција и да видете како би се снашле и би одреагирале. Во среда и четврток ќе бидете малку повеќе емотивни. Не зборувајте за сериозни работи пред добро да размислите и ништо не примајте премногу лично. Петок и сабота ќе ви поминат во шармирање и флертување. Најверојатно на излегување или на некоја вечера ќе запознаете интересна личност.
Лав
Почетокот на неделата е поволен за осврнување на претходниот период и за сумирање на впечатоците. Вашиот мозок ќе биде активен и способен се да согледа на најдобар можен начин и да ги донесе вистинските одлуки и решенија. Од среда вашите мисли ќе одлутаат во психоанализа и соништа, па постои можност привремено да изгубите контакт со реалноста. Водете сметка дека ги имате исполнето основните обврски кои не може да чекаат. До крајот на работната недела во вас нешто ќе „удри“ па повторно ќе се спуштите на земја. За викенд ве очекува важна вест во врска со семејството или некој драг пријател.
Девица
Вашата енергија во почетокот на неделата ќе биде бајковита. Ќе им одоговарате на пријателите бидејќи ќе ширите исклучително позитивни вибрации каде и да се појавите. Се до среда ќе имате силна волја и желба да уживате во животот, но тоа ќе пречи на некој од вашето опкружување. Обидете се да не бидете премногу саможиви и свртени кон исполнување на личните задоволства. На тој начин би можеле да доживеете непријатност. Во четврток ќе имате да извршите некоја важна задача. Од вас ќе зависат многу работи. Посветете внимание и тргнете во акција. Обидете се да завршите до крајот на работната недела, бидејќи за викенд нема да имате контрола над себе.
Вага
Потребно е да послушате еден внатрешен глас кој ви зборува да ги следите вашите идеали. Ако имате силна желба за нешто и сте уверени дека една замисла може да стане успешен проект, започнете со нејзина реализација уште во понеделник. И други сакаат да бидат дел од оваа приказна, па проценете чија помош ќе ви биде добродојдена. Во четврток внимавајте на одредени знаци и мали сигнали на кои ќе наидете – тогаш ништо не земајте здраво за готово, бидејќи кога станува збор за вас, случајности не постојат. Во сабота посветете се на вашата финансиска ситуација. Ова е одличен ден за идни стратегии и начин за доаѓање до нови приходи.
Скорпија
Понеделник и вторник ќе ви поминат во размислување за иднината. Како ќе изгледате? Со што ќе се занимавате? Со кого ќе го поминете остатокот на својот живот? Бидете помалку оптеретени и опуштете се. Добро би било да поразговарате со некој пријател околу тоа. Во среда и четврток главното прашање ќе ви биде: Дали напред да грабите со мали или големи чекори? Во петок ќе бидете преокупирани со моменталната смисла на животот. Иднината наеднаш нема да ви изгледа толку инересна како сегашноста, па конечно ќе се опуштите и ќе ги соберете мислите. Викендот поминете го опуштено во купување.
Стрелец
Понекогаш сликите кои ги гледате во каталог или на интернет не мораат да бидат веродостојни. Во понеделник добро и внимателно размислете ред да се одлучите за купување на било што. Вторник ќе ви донесе уште еден доказ како се не е во броењето на финансиските средства кои ги поседувате и дека сите проблеми не можат да се решат на тој начин. Среда и четврток ќе ви поминат во учење. Ќе имате чувство како да сте на училиште и дека се што ве опкружува може на нешто да ве научи. Петок и сабота ќе поминат во барање на одоговори поврзани за кариерата, но ништо ново нема да откриете. Сепак во недела со пријателите ќе поставите се на свое место.
Јарец
На една страна сте преокупирани поради кариерата и соништата за промена, а на друга страна се ви е заматрно и не можете ништо да направите во врска со тоа. Поради тоа почетокот на неделата ќе ви биде чуден. Пробајте во среда, кога ќе бидете опкружени со пријателите, да поразговарате за тоа како се чувствувате. Четврток ќе биде одличен ден, но петокот и саботата од вас ќе бараат најмногу. Ќе мора да направите милион работи наеднаш, а тоа е ретка способност која ја поседуваат мал број на луѓе. Поради флерот кој ве очекува во недела ќе се чувствувате како потполно нов човек.
Водолија
Во понеделник ќе ви биде исклучително тешко да се придвижите. Ќе имате доволно енергија, но едноставно ќе ви недостига волја. Константно работите исти работи и повеќе немате сила за тоа. Во вторник околностите ќе се променат. Ќе се случат некои новости кои ќе ви донесат возбудување во животот. Тоа може да биде некое ново познанство, промена на работа или во семејството. Што и да е во прашање, животот ќе ви стане возбудлив. За викенд посветете се на себеси и добро одморете се, бидејќи ќе бидете прилично напнати поради големата количина на обврски во текот на неделата. Го заслужувате тоа!
Риби
Во понеделник и вторник се ќе ви оди наопаку. Колку и да се трудите да ги завршите работите кои морате, ништо нема да ви оди од рака и нема да знаете каде се наоѓате. Немојте тоа да ве исфрли од такт, туку обидете се да побарате помош од другите луѓе. До среда се ќе биде повторно на свое место. Четвртокот ви донесува авантури, и тоа една по друга. Во петок ќе наидете на мали препреки на патот, но затоа ќе откриете дека нивното отстранување ве опушта. Во сабота ќе ве израдува нечија насмевка. Уживајте!
Извор: РепубликаОвен
Вашата личност, сила на карактер и стабилност и во најнепријатни ситуации ќе дојдат до израз во понеделник и вт