Неделен хороскоп за 23.12.2013-29.12.2013Овен
Сето она кое на другите луѓе ќе им делува нејасно и конфузно вие ќе можете да го решите со леснотија, и тоа заблагодарувајќи се на вашата интелегенција и добрата организација. Но од друга страна, вие не сте добар слушател, што може да ви направи штета во односот со луѓето. Посветете сметка за тоа посебно во вторник и среда, кога ќе можете да слушнете некој корисен совет, кој ќе ви ги реши проблемите кои моментално ги имате. Во четврток и петок се ќе се одвива како по мраз, лесно и без проблеми, дури може и пребрзо во некои моменти. Водете сметка да застанете кога тоа ќе ви биде потребно. Викендот е вистински момент за добра забава.
Бик
Во понеделник нема да бидете во полна сила. Со обзир на фактите, оваа недела прилагодливоста е многу поважна од посветеноста. Обидете се да останете позитивни и вешти како целата недела не би се влечеле по незавршените работи. Пронајдете начин да го решите проблемот на тој начин што ќе побарате помош од некој пријател или колега. Во среда и четврток ќе дојде до кулминација на обврските и проблемите, но издржете! Кон крајот на неделата, посебно за викенд се ќе се врати во нормала. Викендот искористете го за опуштање. Поминете го со семејството или саканата личност, не мислејќи на проблемите.
Близнаци
Вам ви е секогаш потребно повеќе време отколку што го имате во реалноста. Бидете внимателни кога во понеделник ќе правите план за работа, за да не се претрупате со премногу обврски. Во вторник и среда може да се појават некои дополнителни обврски кои, ако не бидете добро организирани, ќе ве исфрлат од колосек. Водете сметка да не го нарушите здравјето кое ќе ви биде посебно осетливо кон крајот на неделата. За викенд не ви преостанува ништо друго освен да се опуштите. Организирајте пикник, слушајте релаксирачка музика или прочитајте некоја добра книга, и сето тоа во придружба на саканиот(ата).
Рак
Во понеделник нема премногу да размислувате за романтика и за работите кои се однесуваат на љубовта. Повеќе ќе бидете расположени саканата личност да ви се придружи во некое хоби или да учествувате во некои спортски активности. Понеделник е, исто така, вистински ден за дружење со пријателите. Искористетего денот на таков начин, бидјеќи од вторник се би можело да се промени. Толку многу ќе имате да направите со пријателите, што времето ќе ви биде премалку. Во четврток и петок ќе преземете контрола над работните обврски кои во последно време ви се имаат натрупано. За викендот, препуштете се на прегратката насаканиот(ата).
Лав
Нешто неочекувано од почетокот на неделата ќе ве исфрли од рамнотежа – нешто на кое не сте се надевале. Не грижете се, тоа не значи дека ќе бидете нешто стресно, можно е да е во прашање некое пријатно изненадување. Кон средината на неделата ќе здивнете од обврските кои ве опкружуваат, но умот ќе ви го зборува спротивното. Обидете се да воспоставите рамнотежа така што ќе го релаксирате телото – посетете некој спа центар или препуштете се одморот во вашиот дом. Кон крајот на неделата потрудете се одредено време да посветите на партнерот. Исто таа, крајот на неделата е одличен за нови почетоци. Искористете го.
Девица
Во почетокот на неделата нема да имате никакви препреки. Разговор со странец? За вас, тоа нема да биде никаков проблем! Не ја занемарувајте оваа состојба, но немојте и премногу да се занесувате. Обидете се да ја задржите присебноста. Во средината на неделата би можело да се фатите во костец со повторното разгледување на една ситуација од посебно значење. Ако во последно време сте биле расеании сте губеле работи, крајот на неделата ќе ви помине во позитивно расположение водени од идејата дека животот е само еден, при што не треба да жалите за материјалните работи. За викенд работите ќе си дојдат на своеместо.
Вага
Тешко е да ја планирате иднината кога во почетокот на неделата ќе наидете на толку препреки кои не сте ги очекувале, но не губете надеж! Учете од искуството, преиспитувајте ги можностите и изберете ја најдобрата тактика за соочување со проблемите. Вторникот или средата, искористете го да ја изразите вашата креативност – посветете се на пишувањето, сликањето или на домашните радости, зошто да не? Доколку некој не сака со вас да направи телефонски разговор, обидете се наместо тоа да му испратите итересен меил. Кон крајот на неделата, ќе сфатите дека за некои работи без причина сте се грижеле. Искористете го викендот добро да се одморите.
Скорпија
Толку сте среќни што во почетокот на неделата ќе почувствувате потреба радоста и личното задоволство да ги споделите со целиот свет. Вашиот основен придвижувач лежи во желбата светот да го направите подобар, само немојте премногу да се занесувате за да не доживеете разочарување. Доколку имате било каква дилема, кон средината на неделата застанете момент и не брзајте со одлуките . Посебно ако се во прашење парите или било каков облик на професионално партнерство. Четврток и петок ќе бидат денови кога вашиот алтруизам повторно ќе проработи и ќе бидете во можност да сознаете некои нови работи за луѓето од вашето опкружување.
Стрелец
Толку малку интересни работи на кои би се посветиле, а толку многу време имате. Во понеделник ќе имате потешкотии да се фокусирате на нешто што е за вас интересно, а нема да бидете подготвени ниту пак за промени од било каков вид. Ќе ја увидете неопходноста на тоа во текот на втората половина на неделата,новите лица можат само да ви внесат позитивни промени во животот. Сфатете го ова само како можност подобро да се запознаете себеси и своите потенцијали. Па сепак, крајот на неделата, а посебно викендот искористете го така што би сепосветиле на личните задоволства. Откажете ги сите состаноци и излегувања и уживајте во топлината на својот дом.
Јарец
Оваа недела ви донесува позитивни вибрации. Светлост, сјај, сила и импресивна енергија ќе ве пратат на сите полиња и тоа ќе почнете да го приметувате уште на самиот почеток на неделата. Во вторник и среда може да ви се причини дка поволните околности ви се намалуваат, но не грижете се! Во четврток сјајната енергија од почетокот на неделата ќе ви се врати и повторно ќе бидате како на коњ. Што и да работите, било тоа да е поврзано за работата, семејството или љубовта ќе ви донесе завидни резултати. Сабота и недела, ќе бидат поволни за сумирање на неделните финансиски резултати, кои секако ќе бидат позитивни. Здравјето е одлично!
Водолија
Во почетокот на неделата, уште во понеделник може да се најдете во тежок судир со некој пријател. Ова сцена и случување ќе ви го обележи целата недела. Во вторник и среда, иако ќе се обидувате да ја поправите ситуацијата со пријателот, работите сепак нема да се одвиваат така лесно. Водете сметка поради ситници да не го расипете цврстиот однос со некој кој ви значи многу во животот. Четврток и петок ќе бидат поволни за вежби и рекреација. Не би било лошо да отидете на продолжен викенд со саканата личност и така да ги разбудите малку заспаните страсти. Водете сметка за вашето грло кое ќе ви биде осетливо.
Риби
Вие не сакате да се сомневате во луѓето и фактите околу себе, па воглавно го бирате она во кое сте сигурни. Совршен пример би можело да се покаже веќе во понеделник, кога радикално ќе преиспитате некои факти за кои сте биле сигурни. Во вторник и среда ќе почнете да се соменавате во сите околу вас. Дали требанешто да направите или не… Дали луѓето околу вас се искрени или не.. Се би можело да биде прилично исцрпувачки. Опуштете се, бидејќи ништо не можете да направите во врска со тоа. Имајте верба во себе и своите инстикти. Како неделата ќе се приближува кон својот крај ќе добиете одговор на сите прашања.
РепубликаОвен
Сето она кое на другите луѓе ќе им делува нејасно и конфузн