Неделен хороскоп за 26.01-01.02.2015

Неделен хороскоп за 26.01-01.02.2015Овен
Оваа недела треба да се тргнете на страна од претерувањето. Па тоа вклучува и да не претерувате со внесување на премногу храна. Избегнувајте шеќер и алкохол. Но не бидете и премногу агресивни. Внимавајте и како се однесувате со вашиот партнер.
Бик
Вашиот телесен и емотивен метаболизам е забавен. Морате да бидете свесни за тоа. Брзите промени и осцилации направија сосема да се загубите во просторот и времето. Воопшто не размислувате за вашите постапки. И покрај тоа што има и убави случувања вие никогаш не сте задоволни.
Близнаци
Вашата слаба точка е дишењето, па затоа избегнувајте задимени простории, пушење како и премногу ниски температури. Едноличната храна полека ве убива. Посветете му повеќе внимание на вашето семејство. Не бидете арогантни.

 
Рак
Вие уживате во слатките но време е да престанете. На љубовен план нема возбудување и динамика. Ве очекува сентиментален бран, слабост и конфузија. Очекувате голема помош од соработниците на работното место но овој пат нема да ја добиете.
Лав
Често трошите нерви на неважни работи и ситуации. На вам ви е потребна само една масажа. Лавовите конечно ќе се смират и ќе знаат што сакаат во љубовта. А ве очекува и убаво изненадување од партнерот. А оваа недела не започнувајте ништо ново на работното место.
Девица
Вие сте од оние кои на себе знаат да си наметнат ограничувања. Не треба да претерувате со работа и обврски. Кога исхраната е во прашање обидете се да често користите сокови кои помагаат за варењето. Деловните обврски прават да заборавите на пријателите. Тоа не треба да ви се случува.

 
Вага
Вашата слаба точка оваа недела е здравјето. Вие треба да избегнувате храна која има токсини во себе. Не смеете да консумирате брза храна. Ако барем другото не ви оди оваа недела ќе имате совршени случувања на љубовен план. Динамичен период на работното место.
Скорпија
Оваа недела се ќе ви оди од рака, Скорпиите кои се во брак или во долга врска ќе ги обноват емоциите. Но никако не започнувајте семејни расправии зошто вие сте тие што ќе загубите. Не би било лошо и да земете неколку дена одмор. Само вие во затворена просторија тоа ќе ве опушти многу.
Стрелец
За вас претерувањето е единствена опција, а тоа штетно влијае на вашиот организам. Променете го начинот на исхрана и тргнете се од алкохолот. Имате голема креативност и слободните волја. На работното место не се форсирајте и оставете неколку обврски.

 
Јарец
Имате лоши мисли а тоа лошо влијае на целиот ваш организам. Отфрлете ја грижата од вашиот живот и на тој начин ќе ја елиминирате лошата енергија. Љубовта вреди да се чека а вие немате трпение за тоа. Бегајте од семејните проблеми оваа недела.
Водолија
Склони сте кон стрес. Оваа седмица консумирајте повеќе чаеви. Ќе бидете особени романтични но има некоја причина поради која партнерот не може да биде сигурен во вас и во вашата искреност. Не треба да ја мешате љубовта со пријателството. Добро поставете ја својата цел.
Риби
Брзо се замарате и живеете брз живот преполн со проблеми и притисок. Избегнувајте ги цигарите, алкохолот и силните зачини. Консумирајте намирници богати со протеини. Многу од вас избираат партнер кој е непромислен и склон кон несигурни одлуки. Внимателно бирајте. Овен
Оваа недела треба да се тргнете на страна од претерувањето. Па тоа вклучува и да не претерувате со внесување на премн

Пронајдете не на следниве мрежи: