Неделен хороскоп за 27.10-02.11.2014

Неделен хороскоп за 27.10-02.11.2014Овен
Согласно со вашите афинитети бирате работа која ви се чини наизглед најлесна и најуспешна. Потребно е да смислите добар план и да ги надминете сите. Правилната информираност и добрата организација води кон успех. Преплавени сте со различни емоции, но добро ја одмерувате добрата прилика во која може да ги изразите чувствата.
Бик
Насочени сте на повеќе страни. Имате одлична прилика да остварите долго очекувана цел. Честто го имате главниот збор на работното место.  Случувањата во љубовниот живот во моментов изгледаат охрабрувачки но за жал нема да биде така за долго. Ви години нечие внимание.
Близнаци
Не сакате да ризикувате,но забележавте дека некој колега одеднаш целосно се промени и сака да ви наштети. Доколку не ги исполните барањата ве очекуваат компликации. Потребно е подобро да се прилагодите. Ви годат нежностите во љубовниот однос. Партнерот понекогаш има необични идеи.

 

Рак
Се наоѓате во креативна фаза, но постојат различни околности кои ве ограничуваат. Случувањата имаат променлив тек и затоа прилагодете се. Важно е да му пружате емотивна поддршка на партнерот. Оставете ги вашите очекувања на страна за да имате хармонична врска.
Лав
Се што ќе се однесува на вашето семејство оваа недела ќе излезе во прв план. Многу е можно некое случување или разговор да бидат биде катализатор и охрабрување за некои коренити промени. Нема да биде лесно да пронајдете компромосни решенија, но имајте на ум дека треба да бидете стрпливи.  Можно е да размислувате како да го подобрите својот живот во здравствена смисла.
Девица
Ќе ви се чини дека губите драгоцено време или енергија, додека ги слушате соработниците за различни професионални или бизнис идеи кои немаат перспектива. Бидете реални, прифатете ги работите за кои имате доволно знаење или искуства. Во љубовната врска не можете да остане рамнодушни на нечија појава или влијание, постојат постапки и детали кои ве разоткриваат повеќе отколку што претпоставувате.

 

Вага
Избегнувајте ја соработката со личност која ви предизвикува различни непријатности, не е вистински момент да се пресметувате со неистомислениците. Посветете внимание на работите кои ќе ви доенсат конкретни резултати и финансиска добивка. Во љубовниот живот, нема да можете да се отргнете од личност која упорно ви ги наметнува своите барања. Ќе почувствувате потреба емотивно да се препуштите, без дополнителни стравувања за можните компликации и изневерени очекувања.
Скорпија
Потребно ќе биде да се определите за некое долгорочно професионално-финансиско решение и за сигурен партнер. Успехот се сведува на детално планирање и на правилна процека на бизнис/професионалните можности, својата креативна енергија насочете ја кон корисни цели. Во однос на саканата личност, нема потреба упорно да го повторувате дијалогот или ситуациите кои не го донесуваат саканиот ефект.
Стрелец
Ситуациите кои не се по ваша мера или вкус ќе одбивате да ги слушате и не дозволувајте некој да ги менува вашите стратегии и стил на работа. Ќе бидете ориентирани кон големи идеи, но и со реални можности за успех. Во љубовниот однос нема да зборувате премногу, бидејќи вашите псотапки доволно зборуваат за вашите намери или чувства кои ве исполнуваат. Нечие присуство и нежен допир на љубов, ќе делуваат многу инспиративно и ќе ве наведе на племенито однесување.

 

Јарец
Свесно ќе го исполнувате својот дел од обврските или официјалните договори, но постојат соработници кои имаат поинакви мерки на вредности и често ја менуваат својата стратегија на однесување. Нема причина да дозволите некој да влијае на вашата професионалана несигурност. Бидете промислени во врска врска со финансиските трансакции, не дозволувајте некој да одлучува во ваше име за заедничките цели.
Водолија
Некои ги критикува вашите идеи а тоа ве фрустрира. Важно ви е да остварите успешни резултати и да ја подобрите финансиската состојба. Вашто наоѓате брзи решенија и не прифаќате секакви понуди. Умеете да ги наметнете своите цели и високи критериуми. Во љубовниот проблем мислите дека љубовните проблеми се зад вас но некој негативно ќе ве изненади. Ако сте млади и слободни ве очекува нова врска.
Риби
Важно ви е да смислите добра деловна стратегија. Некој внимателно го анализира вашето однесување. Избегнувајте јавни расправи со соработниците. Постојат неколку начини за целта да ја остварите преку пократкиот пат, размислете. Во љубовниот живот ве очекуваат позитивни случувања. Сепак доброто расположение задржете го само за најблиските пријатели.Овен
Согласно со вашите афинитети бирате работа која ви се чини наизглед најлесна и најуспешна. Потребно е да смислите доб

Пронајдете не на следниве мрежи: