Што ве очекува оваа недела?Овен
Ова ќе ви биде многу необична недела, бидејќи влегувањето на Уран во неговата ретроградна фаза ќе го извлече потенцијалниот бунтовник од вас. Ќе бидете охрабрени за давање и исплнети со желба за авантура. Доколку финансиите ви стагнираат изминатите неколку дена, прогресот е на повидок во оваа поле. Јасната и силна желба ќе ве охрабри да решите некои од своите проблеми, еднаш за секогаш. Љубовта тропа на вашата врата. Во недела водете сметка за тоа што јадете. Нека здравјето ви биде на прво место.
Бик
Оваа недела акцентот ќе биде на комуникацијата. Поголем внимателен пристап ќе биде најдобар во вторник, кога јасно профилирани сили ќе ги охрабрат вашите аргументи. Доколку сакате да останете пријател со некого, тогаш немојте постојано да го отргнувате од себе со непотребни коментари. Четврток може да биде вистински ден за прецизно планирање и организација. Можете да направите чекор доколку го вклучите мозокот. Не работете ништо непромислено. Љубовните врски можат да станат постраствени во петок. На крај, доколку сте миротворец тешко ќе биде да ја контролирате битката и да бидете објективни!
Близнаци
Неделата ќе ви помине во знакот на комуникацијата и интеракцијата. Ова може да биде вистинско време за да ги покажете своите способности или да ги пласирете своите услуги. На крај, може да заработите доста пари од маркетинг и трговија со нешто што не е ваше. Ова би можело да бидете вистинско време да поведете сметка за вашето зравјте и начин на живот. Водете сметка да не претерате со реакцијата и да не направите голем проблем поради кој потоа долго ќе мора да се извинувате.
Рак
Вашите финансии значително ќе се подобрат. Шансите да заработите повеќе пари ќе бидат големи, посебно ако сте подготвени да работите уште повеќе. Ова е време во кое колку повеќе труд ќе вложите, толку повеќе ќе добиете. Ќе се зголеми и страста во љубовната сфера. Доколку сте писател или уметник, вашата креација ќе има далеку поголем интензитет. Добро се наспијте, размислете за своите планови, цели и обврски. Од среда ќе бидете посебно харизматични и шармантни и ќе успеете да постигнете многу работи. Од четврток па до крајот на неделата, ќе бидете загрижени дека некој близок не е искрен со вас. Немојте премногу да се оптеретувате со тоа.
Лав
Со зголемена креативност и зголемена креација оваа недела ќе бидете во свој елемент. Цврсто бидете во тоа „седло“ бидејќи наредните дванаесет месеци може да биде вистинско „возење“ за вас. Вашата харизма ќе влијае на сите околу вас. Ќе се возбудат страстите во вашиот дом поради промените кои сакате да ги направите во него. Почнувајќи од четврток и текот на викендот, очекувајте да бидете посебно интелектуално моќни и длабоки. Немој тоа да ве направи негативни, туку напротив. Радувајте се што сте надмоќни од околината.
Девица
Оваа недела ќе дојде до израз вашиот духовен живот. Моментално сте во природна фаза кога ги истражувате вашите соништа, посветувајќи внимание на интуитивните импулси и кога во прв план избива пронаоѓањето на подлабока смисла на постоењето. Разни филозофски прашања ќе ви поминуваат низ главата. Како резултат на сето тоа, ќе посакате да се повлечете, медитирате или едноставно да шетате низ природа. Кон крајот на неделата поторно ќе стапите на сцена. Со детективските моќи секако дека нема ништо да оставите неистражено или под знак прашање. Ќе добиете одговори!
Вага
Вашата подготвеност ќе биде на врвот, посебно кога се работи за состаноци, дружење или љубов. Ќе бидете во свој елемент, организирајќи разни културни случувања и дружења, воопштено спојувајќи ги луѓето. Четврток практично може да биде ден за некое романтично излегување, а топлата и опуштена атмосфера дополнително ќе ја охрабри интимата. Финансиите ќе ви бидат на прв план во петок. Очекувајте подобрување. Идеално би било да го реорганизирате вашиот куќен буџет.
Скорпија
Светлата на вашата „сцена“ ќе се запалат и вие сте ѕвезда. Сега, повеќе од било кога, е време да поставите приоритети на своите цели и да се фокусирате на она што е најважно. Успехот ќе биде на повидок во петок. После еден месец на благо стагнирање ве очекува вистинска акција. Покрај сето тоа ќе бидете подготвени да се фатите во костец со предизвиците и да истражите сосем нови патишта кои можат да ви донесат неизмерна среќа. Викендот искористете го за пократки патувања кои непланирано ќе се појават – ваше е само да се согласите.
Стрелец
Пред вас се сосем некои нови авантури, кои ќе ве однесат во некои нови истражувања. Исто така, ќе бидете мотивирани да учите, може да добиете и сертификат или да се обидете да предавате или да дебатирате во јавност. Сепак, вниманието можат да ви го привлечат некои длабоки чувства или случување кое предизвикало стрес во вашето минатот. Оваа недела може да биде сосем излекувачка донесувајќи ви шанси за нови „раѓања“. Припадници на овој хороскопски знак кои се „сингл“ ќе имаат многу добри забави со пријателите, но и можност за некое ново пријателство. Викендот ќе помине во краток пад на расположението, но сето тоа може да се надмине со еден краток разговор.
Јарец
Моменталниот состав на луѓето околу вас може да биде од голема корист доколку сте бизнисмен или амбициозен менаџер. Вашата зона на заеднички ресурси, оптимизам и желба да ги прифатите ризиците може да доведе до размислување за последиците. Бидете практични и цврстото стоње на земја ќе ви помогне да направите план уште пред да го започнете. Вашиот социјалне живто ќе ви биде одличен, донесува дружење со пријателите, колегите и ќе ве поврзе со луѓе кои имаат влијание.
Водолија
Моментално сте во фаза кога врските со луѓето (љубовни или пријателски) ви се на највисоко ниво. Оваа недела ќе ставите акцент на разни интеракции и ќе донесете топлина и енергија за љубовни и професионални односи. Вашиот социјален живот ќе биде побогат и ќе уживате во него. Од друга страна, и кариерата ќе ви биде во полет. Прифатете ги предизвиците и со тоа унапредете го својот живот. Во четврток и петок, ќе бидете изгубени во морето од информации со кое ќе бидете опкружени, но не дозволувајте да ве збунат. Послушајте еден внатрешен глас како би знаеле што е најдобро за вас.
Риби
Оваа недела ќе имате желба да се дистанцирате од сите. Ќе немате желба за работа. Но ова расположение ќе се задржи до викендот. Веќе во сабота ќе ги соберете сите пријатели и ќе организирате заедничко дружење. Внимавајте како се однесувате со партнерот.
РепубликаОвен
Ова ќе ви биде многу необична недела, бидејќи влегувањето на Уран во неговата ретроградна фаза ќе го извлече потенциј