Неделен хороскоп за 30.12.2013-05.01.2014.Овен
Изгледате многу енергично и важно ви е да го забрзате деловниот ритам. Обрнете внимание на нивото на прилагодување во ситациите кои имаат влијание на заеднички интереси. Кога и да ви се укаже добра деловна прилика, го одбирате наједноставното решение. Најпрво завршете ги обврските а после опуштете се со уживањето. Во втроник и среда ќе бидете во деликатна ситуација кога љубовта е во прашање. Бидете сочувствителни и нежни во разговорите. Викенд? Авантура, инспирација и романса на видик. Искористете ги целосно за да го подобрите квалитетот на вашиот живот.
Бик
Во понеделник ќе се обидувате да ги сокриете вашите чувства. Зошто? Ѕвездите ви се наклонети слободно изразете се. Во вторник, среда и четврток водете се од изреката „ домот е таму кај што е срцето“, и немојте многу да се двоумите. Ако некој ви е важен, препуштете се. За викенд ќе дојдете во конфликт со некој кој е исто така тврдоглав како вас. Некој мора да попушти. Можеби вие. Но, ако попуштите немојте тоа да го сфатите трагично, туку излезете како победник. Недела е поволна за љубов. Бидете шармантни и неодоливи.
Близнаци
Понеделник е поволен за нови контакти. Без оглед на тоа дали се работи за работа или за приватниот живот, бидете отворени и кажете се што мислите. Во вторник и во среда, ќе бидете прилично конзервативни и нема да ви годи да работите некои работи кои сметате дека не ви доликуваат. Па и не морате! Правете го тоа што вас ви годи и ви се допаѓа, не е се во парите и матријалното. Во петок и во сабота бидете сконцетрирани, па искористете ги умно овие денови. Недела е ден за одмор за многу луѓе, па и за вас. Одете во природа или опуштете се со саканите.
Рак
Мрзливоста не е вистинскиот начин да ја започнете неделата. Најдете начин да ја избегнете, па отидете во најблиската теретана. Од вторник до четврток моралот многу ќе ви порасне, па ќе имате многу идеи и енергија за да ги спроведете на дело. Во петок и сабота ќе се чувствувате екстравагантно и ќе се однесувате лежерно. Тоа е убаво, но водете грижа за својот паричник. Ако премногу се занесете, ќе западнете во непотребни долгови. Едноставноста е најдобро решение за се. Во недела исчистете ја собата.
Лав
Ако во понеделник бидете неодлучни, организирајте состанок со повеќе консултанти. Нека тоа бидат колеги од работа ако се работи за професионални активности, а ако станува збор за приватни работи повикајте ги пријателите на помош. Ако ништо друго, бар како луѓе од страна ќе може да ви дадат објективно мислење и проценка на ситуацијата во која се наоѓате. Внимавајте на некој кој ви е близок во среда да не му ги повредите чувствата. Од петок па до крајот на неделата, бидете самоуверени, кративни и инспиративни. Љубов, работа и забава- се ќе бидете онака како што сакате.
Девица
Умот во понеделник ќе ви работи многу брзо. Така брзо па вашата уста нема да може се да прати. Успорете малку за да не дојдете до ситуација да се засрамите. Во средината на неделата ќе се трудите да бидете опкружени со луѓе. Работете во група и слободното време користете го за пријателите. Кон крајот на неделата припремете се за многу обврски. Во моментот кога ќе помислите дека на работата и доаѓа крај, нови обврски ќе ве изненадат. Не очајувајте! Покажете им на сите дека сте способни да се прилагодите на секоја ситуација.
Вага
Во понеделник ќе бидете чувствителни повеќе од вообичаеното, па секојдневните разговори ќе ги сфатите премногу сериозно. Во вторник и среда ќе наидете на бариери на работното место кои ќе ви изгледаат дека не можете да ги совладате. Верувајте во карма! Ако сте биле добри и сте помогнале на некој на кој му било потребно, сега ќе ви се врати. Ако не, следниот пат водете сметка. Кон крајот на неделата ќе бидете исполнети со прекрасни вибрации и сите ќе сакаат сите да бидат во вашето опкружување. Пронајдете начин во недела максимално да се опуштите.
Шкорпија
Чувајте се од замки во понеделник, посебно кога се парите во прашање. Менувачници, ресторанти, позајмици, шопинг… било каква работа со пари не е поволен тој ден, па па оставете за вторник. Од среда до петок комбинација од вашиот интелект и инстинкт ќе вио овозможи да го одберете правилниот избор. За викенд ве очекува сензација. Некој близок баш кога ќе помислите дека е време за одмор ќе ви приреди хаос. Останете соземени.
Стрелец
Тоа што ќе го слушнете во понеделник ќе ви изгледа многу слатко, но дали е вистина? Внимавајте да не се вплеткате во нечии лаги, посебно кога е работата во прашање. Немојте да бидете параноични и исплашени, само внимателни. Ве очекува личен напредок , па потрудете се да дадете се од себе. Петок и сабота се поволни денови за вас, посебно кога забавата е во прашање. Оптимизам, искреност и смисла за хумор ќе зрачат од вас на секоја страна. Во недела некое време поминете сами. Морате да се одморите и опуштите.
Јарец
Во понеделник кажете го она што го мислите и мислете го тоа што го правите. Премногу приказни, размислувања и компликации, само ќе ја отежнат работата. Од вторник до четврток се ќе се одбива прекрасно. Работа, љубов, семејство. Искористете ги овие денови добро да се одморите и опуштите. За викенд посебно сабота бидете поразбирливи кон партнерот. Вашата ладна природа би можела да предизвика расправија. Неделата искористете ја да се посветите само на себе си. Козметички третман, слатки, спа центар… било што, што вас ве равеселува.
Водолија
Необичен пристап на решавање на проблемите во понеделник ќе ви донесе добри резултати, било да се работи за работа, социјален живот или романса. Одложете го планираното чистење во вторник и среда. Посветете се на некој подлабоки, поголеми и значителни работи како што е интересно откритие, разработка на идеи и едукација. Петок и сабота нека бидат денови за љубов. Отпатувајте некаде со саканата личност. Ако е можно, спојте ја неделата и уживајте не мислејќи на било што.
Риби
Понеделник не ви носи убава енергија, па се што сте планирале одложете. Во вторник, среда и четврток бидете во центарот на вниманието и чувствувајте се убаво. Така и ќе изгледате. Луѓето ќе сакаат да бидат во ваше друштво. Доколку во петок и сабота некој биде премногу фин кон вас внимавајте. Ако кон крајот на неделата некој пријател ви побара помош, пружете ја. Пружете рака на некој во неволја. Ако не добите благодарност, не се грижете. Кармата ќе ви врати.Овен
Изгледате многу енергично и важно ви е да го забрзате деловниот ритам. Обрнете внимание на нивото на прилагодување во