Неделен хороскоп за 31.10. – 06.11.2016

Откријте дали ќе ви бидат наклонети ѕвездите во наредните денови во неделениот хороскоп за 31.10. – 06.11.2016 година.Овен (21.03 – 20.04)
Ве очекува многу напорна недела на работа. Постои шанса некои задачи да ви се дуплираат. На полето на љубовта нема да постојат големи промени. Ситуацијата е стабилна за оние во врска или брак. Здравје – лоша крвна слика.
Бик (21.04 – 21.05)
Ситуацијата е стабилна. Меѓутоа, не се впуштајте во финансиски ризици, тоа може да ве доведе до проблеми со парите. Имате чувство дека односот со саканото лице оди чекор напред. Партнерот ќе ви биде поддршка во најтешките моменти. Здравје -мали проблеми со грбот, во вид на вкочанетост.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Доколку се бавите со приватен бизнис, ве очекува драстичен пад на приходите. Сите останати ги очекува мирна работна недела. Имате чувство дека саканото лице сѐ повеќе ви верува, па затоа ќе направите сѐ за да ја задржите довербата. Здравје – можни се стомачни проблеми. 

Рак (22.06 – 22.07)
Неповолен период за деловни патувања. Одложете ги важните состаноци и преговори со цел да не ве фатат неподготвени. Постојат мали препреки на љубовен план. Но, сепак не е ништо што не можете да го решите со малку труд и залагања. Здравје – можни се проблеми со грлото. 
Лав (23.07 – 22.08)
Дојде време да исплатите некои долгови, а вие не сте премногу воодушевени од тоа. Сепак доколку не ги исплатите ќе имате големи проблеми во иднина. Се чувствувате неисполнето. Партнерот ќе биде разочаран од некои ваши големи одлуки. Лоша вест и за оние кои се сами, наскоро нема да се појави солиден партнер. Здравје – поведете повеќе сметка за забите и непцата.
Девица (23.08 – 22.09)
Неповолен период за одложување на обврските. Зафатете се за работа и завршете ги сите задачи. Разочарани сте од саканото лице, но сепак не сте комплетно сигурни дали сакате да ставите крај на врската. Оние кои се слободни ќе запознаат личност која нема да ги задоволи нивните барања. Здравје – пад на енергијата и виталноста.

Вага (23.09 – 22.10)
Можно е да се плашите за вашата деловна иднина иако работите не се толку лоши. Стравувате дека ќе загубите дел од финансиите поради некои грешни потези. Едно необично лице ви се додворува веќе некое време. Доколку сте во врска или брак, не правете погрешни потези. Здравје – можност за проблем со проширени вени.
Скорпија (23.10 – 21.11)
Сметате дека заслужувате покачување но никако да го добиете. Зборувајте со надредените. Оваа недела е погодна за тоа. Имате проблем, бидејќи се срамите да ги покажете сите ваши чувства. Оуштете се и покажете ги емоциите. Партнерот знае да го цени тоа. Здравје – осетливи нозе, зглобови и стапала.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Можно е дека нема да ја добиете поддршката од колегите, која всушност ја очекувавте. Не се разочарувајте. Доволно сте паметни и амбициозни сами да ги остварите целите. Во текот на оваа недела саканото лице ќе ви постави важен ултиматум. Размислете добро пред било што да одлучите или кажете. Здравје -можен проблем со сува кожа.

Јарец (22.12 – 20.01)
Неповолен период за склучување на договори, судски спорови и сл. Почекајте ја наредната недела за такви настани. Можно е мало заладување на односите. Доколку ви е важно саканото лице, не дозволувајте страста да згасне. Здравје – одлично.
Водолија (21.01 – 19.02)
Неповолен период за финансиите. Не позајмувајте пари и не подигнувајте кредити. Можно е да западнете во големи долгови. Можни се проблеми со љубомора и посесивност. Очекувајте чести кавги со партнерот. Здравје – внимавајте на алкохолот.
Риби (20.02 – 20.03)
Неделава не е поволна за деловни презентации, како ни за настапи во јавноста. Побарајте колегите да ве заменат на тие настани. Кога станува збор за љубовта можно е да донесете некои многу важни одлуки во врска со брак. Слободните Риби може да очекуваат слатка, но кратка авантура. Здравје – можни проблеми со бубрезите, во вид на појава на песок или камења.Овен (21.03 – 20.04)
Ве очекува многу напорна недела на работа. Постои шанса некои задачи да ви се дуплираат. На пол

Пронајдете не на следниве мрежи: