Неделен љубовен хороскоп- 03.08- 09.08.2015!

Неделен љубовен хороскоп- 03.08- 09.08.2015Овен
Оваа недела првенствено сте во мир со себе. На партнерот му е потешко отколку вам да излезе од маѓепсаниот круг на незадоволство и да признае дека не бил во право по некои прашања. Но, не е важно- важно е дека и двајцата полека одите кон стабилизација. За слобободните добар период е од 4-ти до 6-ти затоа што  тогаш лесно ќе остварите комуникација со некој кој ви се допаѓа или ќе запознаете нокој потполно нов.
Бик
Венера се врати во полето на домот и семејството. Брачните односи  добиваат уште една можност за поправка. Далеку од тоа дека ќе биде лесно, со партнерот имате уште многу работи за расчистување, но добро е што сте и двајцата подготвени да се обидете. На слободните им следува една моќна средба  во вториот дел од неделата. Може да биде личност која ја познавате од претходно и сега повторно ќе се сретнете. Ќе се навратат спомени и ќе разговарате долго. Немојте да се изненадите доколку во следните денови повторно добиете покана за средба.
Близнаци
Доколку партнерот успее да ги „фати“ сите ваши расположенија во текот на оваа недела- е тогаш секоја му чест! Де весели и насмеани, де оптеретени и молчеливи, де не ве држи место, де се акопувате во софата и не мрдате од пред телевизорот. Ќе имате интересна средба во вториот дел од неделата. Доколку е ова некој кој долго време го меркате, ќе си поминете многу добро.

 
Рак
Доаѓа некоја недела кога се изгледа дека ќе успее се да се вклопи на најдобар можен начин. Големи надежи, планови, очекувања од се…. и?! И на крајот ништо. другата страна е спречена, другата страна  има обврски, другата страна не може кога ќе можете вие. Сфативте… голема разочараност. Дури и да се случи да дојде до таа средба, потоа ќе се чувствувате празно и со прашање на усните- за што сето ова? Наместо да трошите време- свртете се кон сипатичната, духовна личност од работа кој ја губи главата по вас… Кој вели дека не можете да бидете среќни.
Лав
На вашата околина често пати  не ѝ јасно како излегувате на крај со партнерот. Не сфаќаат дека тоа е дел од вашата заедничка „игра“. Малку се расправате, малку се сакате- но секогаш се надополнувате и на крај- се прилагодувате еден на друг. Животот е сцена, зарем не? Доколку сте слободни, а се чувствувате премногу осамени во текот на овој период- најмал проблем е да го контактирате поранешниот партнер, кој веднаш ќе долета кај вас. Сега, дали тоа ви е баш неопходно или не- тоа вие најдобо го знаете.
Девица
Оваа седмица е како создадена за решавање емотивни проблеми. Нема да оди лесно но сега имате можност да завртите многу работи на добро. Оние во бракот некоја „заедничка“ мака  ќе ги натера да се завртат еден кон друг.  Ќе мораат да седнат и да разговараат. Слободните ги очекува тајна средба. Доколку се работи за личност од работа, внимавајте да не се вљубите многу!

 
Вага
Со партнерот и понатаму водите некоја своја политика. Секој за себе. Оптоварени сте со  работа и ретко наоѓате време еден за друг. Кога околностите се вакви, и сами сте свесни дека е погодно тло во вашиот однос да се вовлече уште некој. И вие и партнерот имате можност за прељуба. Слободните имаат две опции на „чинија“- една личност која е помала од нив и една која е постара. И двете се многу интересни. Нема да изненади доколку излезете на состанок  и со едната и со другата личност.
Скорпија
На емотивен план, се функционира како што треба. Доколку сте во брак- ништо не го нарушува вашиот мир и согласност со партнерот.  Доколку сте во врска, моментално сте разделени од партнерот- или едниот или и двајцата сте на годишен одмор. Но секој за себе. Не се оптоварени со тоа  дали партнерот ви е верен или не. Доколку сте слободни, постојано размислувате за некој од минатото. Тука еднаш ставивте точка и рековте – крај, нема повеќе. Но, се уште не можете да командувате со мислите.
Стрелец
Оваа недела ве очекува спојување со поранешен партнер, со кого ќе почувствувате голем занос и страст по што веќе ништо нема да биде исто. Дали е ова  средба за една ноќ, само евоцирање на спомените, или нешто многу повеќе од тоа- допрва ќе видиме. Оние во подолги врски и бракови имаат намера да ги средат своите односи. Некои парови тоа ќе го сторат со заминување на годишен одмор каде ќе се обидат да ја пронајдат одамна згаснатата страст.

 
Јарец
Во овој период семејните и брачните односи ќе функционираат потполно непречено. И вие и партнерот се трудите се да оди како што треба, со задоволство вложувате еден во друг, подготвени сте на остапки и заеднички договори. Оние слободните ги очекува малку потежок период, кога повторно се подготвени да се обидат уште еднаш, другата страна е обземена со некои свои проблеми, планови…
Водолија
Некој навистина многу ви се допаднал, веројатно неодамна и без многу размислување сте дозволиле импулсивно да влетате во емотивна приказна. Но некои постапки и однесувања на оваа личност не ви се допаѓаат, сметате дека е премногу сконцентриран на себе. Оние во подолги врски, не излегуваат од  дневните рутини. За слободните, вториот дел од неделата им носи можност за ново познанство, но не брзајте за почеток, запознајте се подобро.
Риби
Ах, таа љубов, емоциите разбудени, кренати на квадрат. Оваа недела се препуштате, па што и да носи тоа понатаму. Не можете да издржите а да не бидете покрај личноста која многу ви значи. Кај долгите врски и браковите се оди како подмачкано, владее согласност и хармонија.Овен
Оваа недела првенствено сте во мир со себе. На партнерот му е потешко отколку вам да излезе од маѓепсаниот круг на не

Пронајдете не на следниве мрежи: