Неделан љубовен хороскоп од 07- 13.11.2016: Важни промени за Вагата, Лавот пред раскинување, Скорпијата живее во минатото!Овен
Не е вистински момент за емотивни расчистувања, бидејќи Месечината е во десетото поле, повеќе обрнува внимание на деловниот отколку на емотивниот живот.
Бик
Избегнувајте импулсивни реакции кои ги донесува Марс, владетелот на седмото поле, а поготово во текот на следните неколку дена кога се спојува со Месечината. Ќе настапат морални дилеми, неретко и скандали, што бара големо внимание.
Близнаци
Помладите и слободни представници на знакот, под симболика на Венера и Сатурн во седмото поле, најверојатно ќе впловат во брачни води. Оние кои се во брак или долгогодишна врска конечно ќе успеат да ги решат проблемите во односот со саканата личност.
Рак
Како што деловниот живот ви е прилично комплициран, така и во љубовта не ви е лесно. Имате проблеми во комуникацијата со саканата личност. Партнерот нема бурно да реагира доколку вие успеете да се воздржите.
Лав
Од 10 ноември, со влегувањето на Марс во вашето седмо поле, односите со саканата личност одеднаш ќе се искомплицираат. Во текот на следниот период ве очекува детално преиспитување и редефинирање на односите со партнерот. Сите нестабилни врски ќе бидат прекинати.
Девица
Јупитер, владетелот на партнерството, складно аспектиран со венера наговестува квалитетен период со партнерот. Не размислувајте за негативните работи туку занимавајте се со она што го унапредува животот.
Вага
Марс, владетелот на полето на партнерството, кон средината на неделата го менува знакот што ќе доведе до важни промени во љубовниот живот. Не само што ќе се промеат условите во вашиот емотивен живот, туку и партнерот ќе има нови потреби.
Скорпија
Венера, валетелот на седмото поле, конечо заминува од Сатурн, што е знак на попуштање на тензиите и смирување на проблемите во емотивниот живот. Моментално не гледате можност за подобрување поради што непотребо се вртите кон случувањата од минатото.
Срелец
Меркур, владетел на седмото поле, моментално е во вашето 12-то поле, што укажува на склоност кон погрешни проценки, забуни и лоши информации кои ги добивате за партнерот.
Јарец
Стабилноста на врската не се мери преку тоа кој колку сторил, туку кој колку се труди. Не бидете ситничари, ниту љубоморни бидејќи тоа само ви го загорчува живото и вам и партнерот. Решението е во толеранција и доверба.
Водолија
Партнерот го оптоварувате со ситници и пребројување на постапките кои се важни во врската, таквото однесување ќе ве однесе на погрешен пат. Обидете се да се промените, бидејќи во спротивно врската ќе виде во сериозна криза.
Риби
Меркур, владетелот на полето кое го опишува вашиот партнер, укажува на погрешни проценки и недоразбирања. Не обрнувајте внимание на гласините ниту на работите кои не можете да ги проверите.Овен
Не е вистински момент за емотивни расчистувања, бидејќи Месечината е во десетото поле, повеќе