Неделен љубовен хороскоп за 22-28.02.2016

Неделен љубовен хороскоп за 22-28.02.2016Овен
Овните кои се во подолга емотивна врска или во брак пред себе имаат доста мирна недела. Можеби првите неколку дена ќе бидат нешто понапнати, главно поради некои  обврски околу кои морате да се зангажирате малку повеќе, но лесно ќе го надминете овој период. За оние осамените, оваа недела нуди можност за нови познанства. Може да биде преку социјалните мрежи, при дружење со пријателите… Личноста која ќе ја запознаете  ќе биде вистинско освежување  во одос на луѓето  со кои сте опкружени.
Бик
Во овој период се однесувате поинаку од она на што вашиот партнер веќе навикнал. Посебно во првата половина на седмицата ќе бидат присутни нервозата и напнатоста, како некои  ситуаци се повеќе да ве гушат и имате потреба да си посветите повеќе време на себе и на она што го сакате.  Можеби сега функционирате  на различни начини, но тоа не значи дека не можете да се вклопите. И вам и на вашиот партнер можеби ви  е потгебно малку повеќе слобода, но и  тоа како ви се потребни заеднички моменти.
Близнаци
Некој кој   ви се појавува во текот на седмицата ви станува с епоинтересен и инспиративен. Пеперутките летаат со полна пареа а во вас се јавува длабока  желба што поскоро да ја освоите оваа личност.  На прв поглед оваа приказна не делува лошо, но сепак не брзајте многу. Доколку пребрзо се впуштите во нешто, може да останете само со  повремено гледање. Близнаците кои се во врска или брак се во период кога на прв поглед делува дека вие и партнерот  сакате различни работи и функционирате на различни страни. Сепак, поврзаноста помеѓу вас е силна што посебно ќе се види во вториот дел од седмицата.

 
 Рак
Малку збунувачка ситуација во љубовта, посебно за оние кои се слободни. Очигледно е дека се појавил некој кој  оставил голем впечаток на вас, просто ве „здрмал“. Во суштина ова е личноста за која сте сонувале, остварување на сите ваши соништаи желби по прашање на љубовта. Но постои и нешто што ве вознемирува и ви пречи. Или се плашите од ново евентуално повредување  или имате чувство дека оваа личност крие нешто од вас. Кога доаѓаат вакви моменти, тогаш најдобро е да ја послушата интуицијата и да бидете малку повнимателни.
Лав
Се опуштивте и ништо повеќе не ве интересира. Ве мрзи за било што, здодевно ви е, во ништо не наоѓате доволна инспирација за да се размрдате. Толку  сте мрачни што ни емотивниот живот не ве интересира. Доколку сте сами, веројатно  и така ќе продолжите. Ќе имате некоја комуникација, но повторно ништо посебно. Барем не во овој период. А можеби е и подобро така, ќе се одморите, па кога ќе дојде време за случувања- ќе се фрлите во акција.
Девица
Во љубовта оди се како што треба. Доколку сте во врска, без оглед на тоа дали е тоа долга или кратка врска- се оди како подмачкано. Може да се затекнете во некои збунувачки ситуации, но сето тоа брзо ќе го надминете. Доколку сте сами,  може да се појави една личност која ќе покаже интерес кон вас и со која ќе можете да остварите добра комуникација. Во суштина- она што го чекавте сега доаѓа.

 
Вага
Слободните ваги треба да престанат да кукаат и  да тврдат дека само тие не можат да ја најдат вистинската личност за себе. Прво, исчистете го минатото и  затворете го во најдлабоката фиока, бидејќи само така нема да ве оптоварува. Престанете да жалите за некого и сфатете дека тоа е завршена приказна. Доколку сте во врска, просто горите од желба да започнете некоја сериозна тема со партнерот, бидејќи сето ова оди премногу споро за ваш вкус. Сепак не треба да го избрзувате партнерот, тоа може да не му се допадне.
Скорпија
Оваа седмица е исклучително  интересна за слободните Скорпии, бидејќи  на праг се да се запознаат со личност која во нивниот живот ќе внесе занос, романтика и  се разбира страст. А дали оваа убавина ќе потрае зависи од многу фактори, но на прв поглед имате големи шанси. За оние во врска, ситуацијата не е толку розова. Помеѓу вас доаѓа до мирни фази, кои се вовед во некои нови бури, па бидете малку повнимателни.
Стрелец
Некои работи во однос на саканата личност мора да се променат, и тоа што поскоро. Ќе бидете под притисок овој период. Потребно е на време да ги регулирате своите емотивни релации и сериозно да поразговарате со саканата личност. Молчењето и  сокривањето на проблемите  е краткотрајно решение со кое не добивате ништо. Затоа водете сметка што правите.

 
Јарец
Оние кои се осамени, нашле личност со која можат  да се замислат себе во некоја подлабока приказна. Ви одговара неговата енергија бидејќи ви  внесува живост и  оптимизам во секојдневието. Иако сето ова  изгледа и  повеќе од добро, не се залетувајте премногу, барем неделава. Оставете да помине некое време, не ја избрзувајте ситуацијата, едноставно оставете се на времето и уживајте во разговорите и  присуството.
Водолија
Доколку сте слободни, повеќе од веројатно е  да постои која личност која ве интересира. Или ќе запознаете некого оваа седмица. Постои  многу добра основа да влезете во една добра приказна, но ќе морате и вие да бидете иницијатор или да ја мрднете ситуацијата од мртва точка. Другата страна е малку успорена или пак претпазлива, па од вас ќе зависи колку ќе успеете да ја анимирате. Иако  на момент ќе почувствувате дека вие сте позаинтересирани од  другата страна, тоа не е вистина. Едноставно препуштете се и уживајте.
Риби
А зошто  Рибите ќе бидат тажни и нерасположени во текот на неделата? Можеби и нема вистинска причина за тоа, но дефинитивно ќе бидете многу поемотивни од вообичаено и секоја забелешка од саканата личнот ќе ја сфатите здраво за готово. Веројатно тоа е должи и нерасположението  на вашиот партнер кој не покажува доволно  љубов во последно време, а можеби и ретко се гледате. А доколку сте сами, нерасположението  ќе биде уште повидливо. Не паѓајте веднаш во депресија, можно е во втората половина од неделата да се појави  нова интересна личност.Овен
Овните кои се во подолга емотивна врска или во брак пред себе имаат доста мирна недела. Можеби првите неколку дена ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: