Неделен љубовен хороскоп за 29.02-06.03.2016

Неделен љубовен хороскоп за 29.02-13.03.2016Овен
Сакате да заборавите на некои лоши работи, но се уште не сте сигурни во своите емотивни одлуки. Кога се наоѓате на чекор од решението, во вас се буди и нова емотивна дилема или сомнеж. Дури кога правилно ќе ги сфатите своите емотивни заблуди ќе можете да направите добар љубовен избор.
Бик
Чувствувате емотивна несигурност или потреба некој да ве увери во своите добри намери. Имате своја визија во трагањето по вистината, но не и доволно сила да се соочите со емотивно разочарување. Се обидувате да рационализирате некои ситуации и не сакате да се сопнувате на „стари проблеми“.
Близнаци
Чувствувате внатрешен немир и потреба за интензивна размена на нежности. Важно ви е да учевствувате во разни случувања, но на таков начин ги зголемувате своите емотивни дилеми. Немојте да дозволите некој да го нарушува вашиот интимен свет или да го комплицира вашиот однос со саканата личност.

 
Рак
Водите динамичен живот и честио се наоѓате во интересно друштво. Најголемо задоволство посакувате во љубовниот живот во однос со блиската личност. Атмосферата полна со љубов, искрена размена на емоции и блиски контакти, имаат посебна моќ која ве поттикнува на акција. Се е лесно кого љубовните коцки ќе се состават во заедничка слика.
Лав
минувате низ разни фази на емотивното расположение, внатрешниот импулс ве наведува често да ја менувате љубовната тактика. Понекогаш нагласените страсти и силните емоции, одеднаш може да ве занесат и при тоа да донесете погрешна одлука. Затоа бидете внимателни.
Девица
Вашата емотивна инспирација и озитивното расположение во моменти ја одсликуваат состојбата на вашиот дух и ве прават многу тешка личност. Доколку сте млади и слободни прифатете го стилот на заведување, но зачувајте ја и вистинската мера за вкус.

Вага
Склони сте на честа промена на своето емотивно расположение, што дополнително ја отежнува вашата проценка во односот кон блиската личност. Се обидувате да ги ускладите своите мисли и чувства, важно ви е да постигнете внатрешна рамнотежа. Постојано размислувате за своите постпки и нечии коментари, внимателно го анализирате однесувањето на партнеротза да ја ускладите заедничката слика.
Скорпија
Во љубовниот живот делувате многу заносно, енергично пред блиската личност. Понекогаш во голем емотивен занос мислите дека се е можно и лесно. Чувствувате појачана страст и желба да остварите хармоничен однос. На личноста која ви се допаѓа јасно ѝ давате до знаење дека посакувате необична и возбудлива романса или страсна врска.
Стрелец
Делувате снаодливо во многу ситуации, се обидувате правилно да ги согледате добрите и лошите аспекти кои ги насетувате во љубовниот однос. Важно е да го ускладите разумот со чувствата, импулсивна реакција може да ве доведе до погрешна проценка и однесување. Нема потреба да се задржувате на некои неостварени или лоши ситуации од своето љубовно минато.

 
Јарец
Некој упорно ве убедува да прифатите ново или компромисно решение, но вие се сомневате во позитивната страна на целата приказна. Не сакате кога некој врши психолошки притисок врз вас и ве иритира со неговото однесување. Имате впечаток дека саканата личност весшто користи итар начин да ги оствари своите намери, што дополнително го поттикува вашето емотивно незадоволство.
Водолија
Во склад со својата позитивна ориентација делувате многу заносно и водите активен социјален живот, барате добра прилика да остварите нови необични љубовни контакти. Првиот впечаток говори многу за вашето емотивно расположение и намери. Повремено делувате како вашиот емотивн интерес за одредена личност да не е од траен карактер. Се уште не сакате да се впуштате во сериозни врски.
Риби
Многу ви е важно да ја надминете емотивната криза и се наоѓате пред нова одлука која сакате да му ја соопштите на партнерот. Сепак вашата сакана личност иразува јасно незадоволство и се обидува да ве увери во поинаков начин на размислување. Разговор, добронамерни совети или поддршка од блиски пријатели, секогаш делуваат позитивно на вашето расположение.Овен
Сакате да заборавите на некои лоши работи, но се уште не сте сигурни во своите емотивни одлуки. Кога се наоѓате на че

Пронајдете не на следниве мрежи: