Неделен љубовен хороскоп

Прочитајте го љубовниот хороскоп за оваа недела:ОВЕН
Понеделникот е одличен за бизнис и работни прилики додека вторник, среда и четврток се ваши среќни денови за љубов оваа недела, па така подобрувањето на вашиот љубовен живот ќе биде токму во овој период. Поработете малку на себе – интересите на саканата личност ставете ги пред своите и дознајте што всушност таа личност сака. Направете да се чувствуваат пријатно во вашата близина. Петок и сабота се одлични денови за дружење со вашите пријатели, додека недела влезете во акција (која врста акција-зависи само од вас). Тоа ќе ви донесе енергија за наредната недела.
БИК
Понеделникот носи одлични можности во вашето царство на љубовта па затоа излезете со саканата личност и искористете ја вашата сензуална страна. Доколку имате состанок во вторник, среда или четврток, импресионирајте го/ја со изборот на необични места за состанок. Петок и сабота обидете се да бидете мирни бидејќи вашата енергија ќе биде насочена доста илузионистички. Неделата забавете малку со љубовните изјави. Тој ден одморете и уживајте во постигнатото!
БЛИЗНАЦИ
Имате ли план оваа недела? Размислувате некому нешто да подарите или нешто да поправите, па, зошто да не? Поседувате доволно убавина и памет за да бидете ѕвезда во вторник, среда и четврток навечер. Тргнете во провод бидејќи атмосферата ќе биде погодна за вас. Доколку немате партнер, ова се идеални денови за да го направите првиот чекор. Во петок и сабота внимавајте на темпото – не брзајте во ништо, но не и забавувајте. Што се однесува за недела, погледнете подобро во одредената ситуација и побарајте што се крие под површината.

РАК
Понеделник е одличен ден за да посегнете по љубовни авантури – можеби флертување со некој нов член во вашето друштво или на работа. Оние кои имаат партнери, вторникот и четвртокот ќе имаат мало недоразбирање меѓу себе, а оние кои се без партнер, темелно истражете ја потенцијалната врска и немојте да, посебно во љубовта избрзувате. Петок и сабота ќе ви биде тешко да донесете било каква одлука. Посоветувајте се со некој на кого му верувате. Во недела посветете си се на себе си и своите проблеми. Заслуживте!

ЛАВ
Понеделникот ќе сакате да бидете сама па затоа кажете им на останатите. Но пред вас претстои недела со многу можности кога е во прашање љубовта, па затоа припремете се! Ќе бидете пријателски настроени еден кон друг во почетокот на вторникот, средата и четвртокот, но набрзо тоа пријателство ќе се развие во нешто далеку од убаво и интимно. Доколку сте во врска, излезете на вашите омилени места. Недела е ден кога ќе треба внимателно да планирате. Петок и сабота послушајте го вашиот инстинкт кој никогаш не ве излажал.
ДЕВИЦА
Понеделник е ваш ден. Ако можете да организирате состанок на брзина, направете го тоа и уживајте. Од вторник или среда обидете се да си ги средите мислите за некоја личност која ве интересира и обидете се да видите што се крие под неговата/нејзината површина. Во петок и сабота обидете се да воспоставите комуникација во двата правци. Имате доста што да кажете, но и слушањето може да биде многу важно. Во недела ќе имате чувство дека треба да направите доста работи, па затоа одморете убаво, па средете ги.

ВАГА
Припадниците на овој хороскопски знак, оваа недела ги очекува вистинска љубовна авантура. Понеделникот најдобро е да простите некому или да му дадете втора шанса. Во вторник, среда и четврток се ќе се врти околу вас, па затоа не си дозволувајте да станете на погрешна нога. Припремете ја својата заводливост и тргнете во акција. Доколку имате партнер, ќе осетите повторно страствена привлечност, но доколку сте сами, очекувајте некој искрено да ви се восхитува. Петок и сабота ќе ви донесат вистинско освежување во напредокот на љубовната врска или љубовниот живот.
ШКОРПИЈА
Во понеделник ќе имате прилика да приметите дека некој има слатка мала тајна – можеби вие? И дали дојде време да излезе во јавност? Размислете, бидејќи ова може да е совршено време за вас. Вторник, среда и четврток нема да ви бидат денови од корист па затоа одморете се убаво. Петокот и саботата ќе бидат денови кои ќе донесат одлична енергија и ќе изгледате како девојка/дечко од милион долари. Од вас ќе излегува само најдоброто, а можно е да добиете понуда која нема да сакате да ја одбиете. Во недела постои ризик нешто да се расипе, па затоа дајте се од себе да се опуштите и да ја смалите тензијата.

СТРЕЛЕЦ
Во почетокот на неделава обрнете внимание на деталите, додека во вторник, среда и четврток ќе се чувствувате убаво и сите ќе сакаат да бидат во ваша близина па вие ќе имате можност да бирате. Но бирајте внимателно, бидејќи не би сакале да ја пропуштите шансата да се приближите на некој кој подолго време ви се допаѓа. Петок и сабота можно е да бидете малку чудно расположени, но без грижа. Неделата опуштете се. Доколку имате партнер, дозволете му да ви удоволува.

ЈАРЕЦ
Имате одлична прилика да го организирате својот љубовен живот оваа недела (иако мислите дека некои работи не можат да бидат организирани)! Почнете го понеделникот со мало потајно истражување во врска со една личност која вас ве интересира – распрашајте се малку или побарајте ја на интернет! Па дури и ако сте во врска, тоа може да биде тајно и скришно. Од вторник до четврток ќе бидете окупирани со работата, додека петок и сабота ве очекува сјајна енергија каде сите ѕвезди ќе ви бидат наклонети и ќе ве однесат на седмо небо. Допуштете и на бившата/бившиот дечко да стане минато и ќе сватите како сегашноста станува реална. Во недела преиспитајте ги плановите за иднината.
ВОДОЛИЈА
Понеделник е ден кога ќе чувствувате бес и разгаленост но нема да трае цел ден. Оваа недела можно е обичната комуникација да премине во нешто повеќе од тоа, посебно во вторник, среда или четврток. Доколку имате партнер, фокусирајте се на повторно разгорување на страстите бидејќи ризикувате да ги искомплицирате работите. Петок и сабота ќе посакувате малку приватност, доколку во неделата можни се љубовни понуди. Доколку работите на вашиот љубовен живот, слободно очекувајте да ви се случи нешто убаво и големо.

РИБИ
Доколку во вашиот љубовен живот има недоразбирања и несредени работи, оваа недела потрудете се да воведете ред. Имајте на ум дека не сте единствен/а и секој има проблеми.
Она што ви се причинува како љубовна компликација во вторник и четврток, всушност е пропуштена шанса. Направете услуга на некој кој го побарал тоа од вас, можно е да се крие нешто подлабоко во тоа. Петок и сабота уживајте во вашиот живот и посветете си ги тие денови за релаксирање. Неделата ќе ви донесе доста романтични моменти во секојдневниот живот, па бидете отворени за комуникација и комплименти.ОВЕН
Понеделникот е одличен за бизнис и работни прилики додека вторник, среда и четврток се ваши среќни денови за љубов ов

Пронајдете не на следниве мрежи: