Скопскиот инди поп бенд Милко во недела вечер, на 26 март, ќе одржат концерт во Менада. Ќе свират за градот што не препознава херои, за личните идентитети, привиденија и соништа. Како еден од омилените бендови на македонската сцена, со големо и брзорастечко следбеништво, Милко се препознатливи по искрениот и емотивен лиричен пристап. Музичкиот израз на овој урбан состав се движи по тенката линија помеѓу инди, пост-панк и рокенрол. Милко работат повеќе од десет години и зад себе ги имаат LP изданијата „Луѓе“ (2013) и „Милко“ (2015), обете издадени за PMG Recordings, како и две EP изданија и три синглови. Пресврт кај МИЛКО се случува во 2012 година, кога нивниот прв сингл на мајчин јазик – „Оди без зборови“ – доживува успех на комерцијалните радио станици, со што МИЛКО стануваат едни од првите алтернативни бендови кои прозвучеле во „мејнстримот“.
Ова ќе биде нивни втор концерт во МЕНАДА по оној од 2013 година, а овој пат ќе настапат во составот, Сашо Митревски како вокал и на гитара, Ерик Омерагиќ гитара, Филип Поповски бас гитара и Стефан Терпини на тапани.
Мелодичната прошетка низ лиричната визија на градот започнува во 21.00 часот а влезот е слободен. Само бидете таму и уживајте.Милко работат повеќе од десет години и зад себе ги имаат LP изданијата „Луѓе“ (2013) и „Милко“ (2015), обет