НЕДОПИРЛИВИ: Тие се божества и не чекорат по земја се` до пубертетот!

Избрани уште од самото раѓање, овие девојчиња кои се` уште не влегле во пубертет познати се како Кумарис и ги сметаат за реинкарнација на Кали, божица на енергијата во хиндуизмот.Од моментот кога девојчињата од Непал ќе одберат да бидат Кумари, односно да станат реинкарнација на божицата Кали, мораат да поминат ригорозен тест кој се состои од 32 круга. Кога успешно ќе го поминат тестот тие се сметаат за заштитнички на злото кое го обожуваат илјадници Хиндуси и Будисти.
Кога ќе влезат во светот на Кумари (што на непалски значи девица), овие девојчиња не ги менуваат само името и статусот, туку и целиот живот. Присилени се да ги напуштат своите домови и сокриени се во храмовите како живи божества. Можат да излезат надвор само кога од нив се бара тоа, односно кога треба да присуствуваат на некој фестивал или на некој прием и тоа во својство на божество.

Дека почитувањето на Кумари е големо, покажува и фактот дека не им се дозволува да одат, туку ги пренесуваат на раце додека божествата седат во столица која наликува на престол, а одредени девојчиња не знаат да одат се` до своето „пензионирање“.
Не одат во училиште, немаат пријатели, излегуваат надвор само 13 пати годишно.
Кога ќе ја добијат првата менструација тие му пристапуваат на 12-дневниот „Гуфа“ ритуал и тогаш нивниот живот како Кумари се завршува. Тогаш му се враќаат на обичниот живот кој дотогаш не го познавале.
Од моментот кога девојчињата од Непал ќе одберат да бидат Кумари, односно да станат реинкарнација на божицата Кали, мораат да поминат ригорозен тес

Пронајдете не на следниве мрежи: