Кога се нашол во ситуација сериозна по животот, овој маж одлучил да се избори со неа на хумористичен начин.Редит корисник под име „Hasnopigs“ објавил фотографија од лузната која му останала после операцијата на отстранување тумор на мозокот.
Но, тој не сакал да гледа на лузната како на грда работа, па затоа одлучил да се нашали со неа.
Така тој на вратот ставил патент, кој, заедно со спојувалките кои се наоѓаат долж лузната, создава илузија дека можете да му ја откопчате главата.
И покрај веселиот дух, овој маж (38) од Минесота признава дека пред него е долг пат на закрепнување.
„Тумор со големина на лимон ми беше изваден од задниот дел на мозокот, но повеќето од нив се наоѓаат долж мојот рбет“, рекол тој.
За среќа, тие можат да се излечат преку хемотерапија и зрачење.
„За сега имам само добри резултати“, додал тој.
Редит корисник под име „Hasnopigs“ објавил фотографија од лузната која му останала после операцијата на отстранување