Неговиот гест трогна многумина: „Нешто се корне во мене кога ќе видам страв кај тие дечиња“

Хуманиот гест на српскиот полицаец Реџеп Арифи со брзина на светлината стана главна тема во светските медиуми и со право. Тој докажа дека човечноста не познава граници, вера и етничка припадност.„Јас немам мои деца, па затоа секој пат кога ќе ги видам тие малечки дечиња како бегаат и се плашат, нешто се корне во мене. Ми доаѓа да заплачам. Тоа е моја професија да ги спасам, но пред сѐ сум човек“ – ова го изјави најпопуларниот полицаец на Балканот, Арифи од Србија, кој со фотографијата на која теши и прегрнува дете мигрант трогна многумина.
„Колегите ми рекоа дека сум излегол на Си-Ен-Ен, но јас ова го правам секој ден! Не ја ни видов новинарката која ме фотографирала и направила прилог. Ова е моја должност, за мене сите дечиња се исти“ – изјавил тој ексклузивно за српски Курир.
Колегите на Арифи велат дека е добар човек и одличен полицаец. Велат дека е многу скромен, па затоа не му годи популарноста.
Инаку, Арифи има 34 години, не е женет и нема деца. Го изгубил татка си во сообраќајка кога имал само шест години.„Јас немам мои деца, па затоа секој пат кога ќе ги видам тие малечки дечиња како бегаат и се плашат, нешто се корне во мене. Ми доаѓа да запл

Пронајдете не на следниве мрежи: