Rozen Brenan од Ирска е мајката која го доживеа најтешкиот момент од животот кога син и кој го удри автомобил рекол: „Мамо не сакам да умрам“, но сепак не преживеа.Тоа биле последните зборови на Џејк Бренан(6) кој набрзо после тоа починал.
Неговата мајка за „Хералд“ раскажува за последните минути на ова мало момче, кое ги поминало играјќи се со другарите во близина на нивната куќа во Кикенија во четвртокот околу 18 часот, кога се вратиле од театар.
„Ми рече ’мамичке може ли да си играм надвор неколку минути’а јас му реков дека смее само малку. Прво сакав да му кажам не, ајде да те избањаме, но сепак му дозволив да излезе малку надвор на неколку минути. Ми рече благодарам и ме праша дали може да седи на тревата, јас му дозволив,“ опишува Розен , а да знаела каква трагедија се спрема сигурно не би му дозволила да излезе.
Мајката во моментот на несреќата ја држела својата 4 месечна ќерка Савана, на прагот од куќата, а таткото Кристофер ја косел тревата.
„Слушнав само некој удар. Погледнав нагоре и го видов моето дете во воздух, полета па падна под колата. Стана и дотрча до кај мене, незнам како но дотрча во моите прегратки,“ вели мајката.
„Ми рече, жал ми е – мислејќи дека направил белја, но јас му реков, не си ти крив, не си крив душо. Го гушкав силно и му реков ’ти си добро, добро си’. Тој мене ми рече ’Мамо не сакам да умрам’, јас му реков дека нема“, вели Розен.
„Гледав како ме напуштаа неговите очиња. Го допрев неговото стомаче, но таму немаше ништо. Го држев бебето во едната, а него во другата рака…Се бореше за воздух, и почна да плука крв. “
Лекарите се трудеа околу детето цел час, но малку подоцна го прогласија за мртов во локалната болница.
„Ми рекоа дека има толку многу повреди што нема да преживее. Крварел одвнатре“ вели Розен.
Жената која го прегази детето има околу 40 години живее недалеку од семејството на момчето, кој има уште еден 3 годишен брат покрај бебето. Според полицијата таа тогаш излегла од паркинг местото, и почнала да вози со 35 км/ч и поминала без повреди. Истрагата е во тек.
„Веројатно Џејк се нашол случајно на улица, но тоа никогаш не го правеше…Го сакам многу и нема да можам да живеам без него, тој е мојот живот,“ вели мајката.Тоа биле последните зборови на Џејк Бренан(6) кој набрзо после тоа починал.
Неговата мајка за „Хералд“ раскажува за последните



