НЕГОВТО СТРАДАЊЕ ГИ ШОКИРАЛО СИТЕ: Дете умирало во тешки маки, а родителите упорно одбивале терапија!

Девет годишно момче од Кострен кај Риека починало во болница, за жал во тешки маки, а неговата смрт згрозила многумина, а пред се мештаните на Кострена кои велат дека  деноноќно ги слушале криците на детето од куќата во која било со своите родители па затоа повикале полиција и социјална служба.Надлежните служби реагирале, но за жал за детето било предоцна.
Девет годишното момче на почетокот на минатиот месец било примено во Детската клиника  во Риека каде како неофицијално се дознава, му бил дијагностициран рак на линфните жлезди, и тоа нон- Ходгкин лимфом, агресивен вид. Во време на пристигнување во болницата момчето било многу отеченово пределот на вратот, што значи дека болеста земала замав.
Како што велат соседите, родителите криееле дека детето воопшто било болно.
После еден ден поминат во болница рдителите го извлекле  од таму, потпишувајќи  дека излегуваат со тврдење дека одат на лечење во Русија. Во болницата се обиделе да ги разубедат од тој план, уверувајќи ги дека ситуацијата е многу сериозна, но родителите не послушале.
Според изјавите на соседите, родителите така постапиле за да ја избегнат хемотерапијата  со оглед на тоа дека веруваат во теорија на заговор, според коja хемотерапијата содржи бојни отрови.
„Одлучија детето да го лечат кај локалната култ-лидерка од Риека, нивниот спиритуален пример, со таканаречена биоенегија или „електро лечење“. Според зборовите на таткото, исцелителката  ја „дознала вистината“  и тој го дава своето дете во нејзини раце. Таа арогантно изјавила на почетокот дека ќе го излечи детето за само 2- 3 часа. Ние соседите и пријателите со молење, апели и бес се обидовме да ги разубедиме родителите, но без успех. Јас им пишував пораки, ме одбиваа со презир, ме блокираа на Фејсбук. Дознавме и дека болницата ги известила  центрите за социјална служба и дека постапката е во тек“, раскажала една сосетка.

Момчето инаку било пријавено кај мајката на островот Крк,  а доаѓало кај татко му  за викенд и празници во Кострен. Се дружело, како што раскажува една сосетка, со нејзиниот 7- годишен син.
На почетокот родителите го држеле детето на Крк каде тогаш престојувал и таткото и одбивале посета на локалната патронажна сестра. Таткото подоцна на својот пријател му рекол дека добиле 15 дена од државата да започнат лечење на детето инаку ќе им го одземат старателството.
Судското рочиште било одржано на 24.08.2015, а таткото, наводно, се согласил на една хемотерапија, но не повеќе од тоа. Неговите познаници велат дека изјавил дека и тој попрво би умрел отколку да оди на хемотерапија.

На рочиштето родителите изјавиле дека го водат детето во Италија каде имаат закажано термин, а таму му бил направен нов преглед по кој се вратиле дома. Соседите тврдат дека таткото живеел во нехигиенски услови, во куќа без тоалет, а момчето во последните 20-ина дена од својот живот ги поминало со него и мајка му во Кострен.
Соседот Д. Д. Вели дека секојдневно го слушале детето  како бара помош и се обидувале да го убедат таткото да го одведе детето на лечење.
„Ние неколку пријатели се собравме да им помогнеме, со оглед на тоа дека се во лоша економска состојба. Еден пријател им купи автомобил, за да можат да заминат во Италија, а му купивме и мобилен бидејќи до тогаш немаше“.
Работите ескалирале во ноќта од среда кон четврток.

 
„Околу 2:30 часот наутро детето врескаше. Таткото му се дереше: „Држи се, ти не си инвалид, здрав си!“. Ургирав, ја прескокнав оградата. Веќе и другите соседи се собраа. Не можевме да го разубедиме таткото“, вели Д. Д.
Била повикана социјална служба и според зборовите на соседите, дошле во четврток наутро во придружба на полицијата. Таткото се скарал со нив и не го предал детето бидејќи немале налог.
„Му рекоа да не се обидува да избега. Во четврток околу 19:30 часот родителите побегнале со детето и кучето. Во петок наутро од Центарот стигнале со налог, но ги немаше.“

На крај ги нашле, момчето било примено во болница во многу лоша состојба- слабо, дехидрирано и со модринки по целото тело. Во болницата, за жал, не успеале да му помогнат и несреќното момче починало во ноќта од петок кон сабота.
Во полиција не сакаат да даваат никакви изјави за случајот, со оглед на тоа дека се работи за малолетно дете, и за сега нема потврда дали ќе дојде до казнен прогон на родителите и по која основа.Надлежните служби реагирале, но за жал за детето било предоцна.
Девет годишното момче на почетокот на минатиот месец било примено во Детска

Пронајдете не на следниве мрежи: