Негрижата и потценувачкиот однос на СДС за потребите и барањата на граѓаните секој ден излегува на виделина, вели на прес-конференција Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ.-Најново е дека владата на СДС удира врз интересите на старите лица и пензионерите. Со новиот ребаланс владата на СДС предвидува расипнички да ги троши парите на граѓаните на договорни услуги и дополнителни чисто партиски вработувања, а ги укинува предвидените пари за изградба на пензионерски домови и домови за стари лица. Се кратат 28 милиони денари со кои што меѓу другото требаше да се отпочне и со изградба на домот за стари лица во Гази Баба, потенцираше Пешевска.
Таа истакна и дека Владата ги укина овие средства со кои требаше да се почне со изградба на домот со предвиден капацитет од 170 лица.
-Овој дом беше наменет за најранливата категорија на стари лица, односно за стари лица без приходи и материјално необезбедени стари лица, исто така стари лица со ниски приходи, болни и изнемоштени. Истиот беше предвидено да се гради во Општина Гази Баба, за што веќе има донесено ДУП и веќе има изработено проект. Домот требаше да биде со површина на објект 4.723 м/2 на градежна парцела од 1.543 м/2. Објектот беше предвиден да биде со подрум, приземје и 5 ката исто така и подземна гаража од 1.200 м/2. Ништо од ова нема да се реализира заради погубната политика на СДС. Ова значи дека еден сосема современ и објект за згрижување на стари лица според сите современи стандарди, нема да се гради заради тоа што на СДС му се побитни договорните услуги, набавката на морски плодови, цвеќиња, октоподи, и партиски вработувања, рече Пешевска.
Таа потенцираше и дека овој проект беше долгогодишно барање на сојузот на пензионери и со овој потег владата на СДС целосно ги погази ветувањата за грижа кон пензионерите. Едноставно ги измами и ги излажа.
-СДС водени од слепата омраза кон политичкиот противник се подготвени да блокираат, уништуваат, стопираат или забрануваат проекти кои се во директен интерес на граѓаните. Сите граѓани, меѓу кои и пензионерите и старите лица веќе на свој грб почнуваат да ја чувствуваат целото лицемерие на СДС и на Зоран Заев. Нивната неспособност, нивниот недоволен капацитет и нивното незнаење се повеќе излегуваат и ќе продолжат да излегуваат на површината, а за жал ќе биде на штета на државата и граѓаните, заврши Пешевска.-Најново е дека владата на СДС удира врз интересите на старите лица и пензионерите. Со новиот ребаланс владата на СДС предвидува