Неинвентивност

Неинвентивноста е карактеристика на луѓето кои се безидејни, кои немаат моќ за имагинација и способност да погледнат барем малку во иднината и проценат што би требале да сторат за да направат барем два позитивни навремени чекори. Оваа е исто и со политичките партии, впрочем кај нив е поизразено во однос на перцепцијата за иднината, но не само иднината на нивните раководства туку пред се иднината на сопствените граѓани и овозможување на поквалитетен живот. Всушност, тоа е вложување во јавни добра, инфраструктура, економија, земјоделие, образование и се она што ќе овозможи колективен просперитет, но и еднакви услови за поединечен напредок на секој човек во државата, а во зависност од неговите лични способности.Политичките партии по својата суштина, но и според социолошко-политичката дефиниција се социјални групи кои се создаваат врз основ на интерес на своите членови. Во својата програма неминовно покрај политичката-идеолошка платформа имаат и детерминирани цели кои како прагматични општествено-економски активности тежнеат да ги остварат. Токму овие цели ги покажуваат вистинските определби на политичките партии кои во едно демократско општество во својот пристап кон граѓаните се обидуваат да им понудат решенија за подобар и просперитетен живот. Таа понуда покрај програма која ќе ги опфати сите аспекти на живеењето во државата се темели и врз претходното искуство кое самата политичка партија го има во своето децениско битисување на политичката сцена, претходните искуства со нејзиното владеење кои ги имаат граѓаните и на крајот, но секако и најважно тоа е инвентивноста на политичката партија за конкретно препознавање на проблемите кои ги допираат граѓаните и како тие да се решат во актуелниот миг и во иднина.
Ете токму за инвентивноста, политичка и општетствена како матрица на едно идеолошко однесување ќе стане збор во овој текст. Не затоа што нема што да кажеме во однос на досегашното искуство за владеењето на СДСМ, како тоа го перцепираат граѓаните или за неговите конкретни ефекти, туку затоа што во во целата своја желба за доаѓање на власт и ништо повеќе, раководството на СДСМ е крајно неинвентивно. Неинвентивно е не само во понудата кон граѓаните и разбирањето на нивните проблеми и конкретните идеи за решавање на истите, туку и кон директната политичка борба која ја водат со сите средства против ВМРО-ДПМНЕ при што најмногу штета и нанесуваат на Република Македонија и нејзините граѓани.
И ете во овие приближно две години наметната политичка криза во Република Македонија, со целосно самопонудување на СДСМ и себеставање на услуга на „странскиот фактор“, видовме една голема неинвентивност. Луѓето од СДСМ кои претендираат да ја водат Република Македонија покажаа едноставна неинвентивност и ништо повеќе. Тоа е крајниот резултат од нивната политичка програма, идеолошка платформа, прагматичен однос кон проблемите на граѓаните, едно големо разоткривање на менталната и внатрешната психолошка и идеолошко-политичка структура. Структура на групата наречена СДСМ (а во основа длабоко комунистичка и тоталитарна)  која како основна цел го има доаѓањето на власт. Во основа тоа е крајно легитимна цел, но во нивната неинвентивност тоа е изразен идеолошки концепт подгреан со празни флоскули за „недемократија и режим“ во Република Македонија и ништо повеќе, ниту збор за конкретните решенија за подобар живот на граѓаните и задоволување на нивните потреби. „Реќим“ кој им дозволува да дивеат и вандализираат, да навредуваат и се закануваат и слободно да говорат секакви лаги и измислици секојдневно во медиумите кои нели се контролирани од „режимот“ во кој тие се жртви. Таа неинвентивност која ја преточуваат во  омраза и гнев не само против ВМРО-ДПМНЕ туку и кон секој граѓанин кој од лични причини не се согласува со нивните методи уште повеќе ги втурнува во будаласти и непродуктивни обиди за политичко и морално уривање на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, притоа служејки се со куп измислици кои се толку провидни што предизвикуваат смеа и воедно сожалување за затапените и неинвентивни умови на СДСМ. Во нивните жални и темни умови се е ориентирано кон деструкција, а секако дека ниту еден нормален и инвентивен ум неможе да ја претстави деструкцијата како нешто продуктивно.
Според сето она што во пракса го покажуваат во својата неинвентивност, можеме да заклучиме дека СДСМ се заробени во времето. Ги применуваат истите манипулативни, фабрикантски, полувистини и невистини во политичката борба за освојување на власта која толку многу ја љубат како да се во темната ера на Бранко. Основната поента на оваа делување на СДСМ е да бидат во власта по секоја цена па дури и на штета на државата, но тие мора да се на власт дури и без избори. Токму нивната психолошка дезориентација дека се од Бога дадени (или како што верува нивниот лидер „црпнати од Господ“) да владеат со Македонија претставува основ за неинвентивност.
Тешко оди таа психолошка и пред се политичко-идеолошка промена кај СДСМ, а во моментов се чини дека е дури и невозможна. Колку и да се сервилни кон „странскиот фактор“, колку и да очекуваат надворешна помош, Канваси, некои протестирачи, изгубени анархисти кои се замислуваат левица, маскирани во ликовите кои се далеку од личности, тие ќе останат неинвентивни. Се е попусто, и копирањето на Саревската „шарена револуција“ од 2006, паролите „Валтер брани Сарајево“, „ајмо сви звиждаљке“, измислени прислушувани материјали, гатачки, жалби и поплаки на избирачкиот список како да сме бројни како Кина, обидот за цензурурање на медиумите, парализирање на нормалниот секојдневен живот со блокади од по 50-тина лица, заплашување на граѓаните, закани кон државните институции со нивно палење (впрочем знаеме дека се пиромански настроени од повеќе примери на нивни членови и непосредно палење на народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија) и на крајот со некакво преземање на демократијата во нивни раце, веројатно сакајќи да кажат дека ќе продолжат со деструкција и дивеење што го поимаат како демократија.
Е тоа е врв на неинвентивноста, политичко самоубиство. Би сакал неинвентивниве да се обидат да ми објаснат како тоа со насилство, уривање, вандализам и палење на државните институции се зема во свои раце демократијата.
А на избори не сакаат. Не сакаат да ја земат демократијата во свои раце на избори, онака како што доликува на цивилизирана држава и политички изграден народ како што е Македонија и македонските граѓани. Неможат впрочем, бидејќи во својата неинвентивност немаат што да понудат на граѓаните и затоа глумат револуционери.
Затоа сакаат да ја земат државата насила, така ја претставуваат нивната демократија, нивното поимање на демократијата а тоа накратко значи: „Демократија е сите да мислат како мене и кога уривам и уништувам општествено добро тогаш јас сум демократ, а кога полицијата ме приведува поради насилство и вандализам тогаш тоа е режим“. Впрочем тоа изгелда токму онака неинвентивно како кога Заев нивниот ептен неинвентивен Гуру ќе се обиде во стилот на Јосип Броз да каже дека не ја признава судската власт во Република Македонија. Таа иста судска власт за чија независност толку лицимерно се бори истовремено заканувајќи и се. Но, тоа е во неговата природа, манипулации, лаги, политичка некоректност, тоталитаризам, закани, корумпираност, безидејност и над се и пред се, силна неодолива желба за власт измешана со шизофреничност кон реалноста во која се наоѓа. Власт апсолутна преку која би сакал да се освети на „режимот“. На истиот оној „режим“ кој веќе година и половина му дозволува да спроведува деструктивно сценарио, да одработува за туѓи интереси против сопствената држава, му дозволува да се заканува на се и секому во Република Макеоднија и да не ги признава институциите на државата во која што претендира да владее.
И еве тргна да ги води протестите во кои некои маски по деструкцијата на зградата на Министерството за правда се обидоа да го уриваат споменикот на Прометеј покажувајќи скотска омраза кон сопствената држава и народ. Навистина очекувам МВР да поднесе кривична пријава против лицето (не личноста, бидејќи човекот не е личност) Зоран Заев кое како организатор на протести (бидејќи СДСМ стои зад организацијата на последните протести, а не некои си „протестирам“ како неидентификувана група) во целата своја неинвентивност и црпнатост не преземал мерки за истите да бидат мирни и ненасилни. Потоа соодветни кривични пријави треба да добијат сите оние маски кои да се надеваме по преумувањето ќе успеат да го поминат патот па од маски да станат личности. Во тој момент на очовечување верувам дека длабоко ќе се срамат од својата неинвентивност.
Сите обиди да се предизвика копирање на некои туѓи сценарија во Република Македонија само го отсликуваат очајот на неинвентивноста на СДСМ и сите оние маски кои како бедни имитаации шетаат низ животот, а се обидуваат да го одземат нашиот спокој и животна светлина.
За разлика од нивната неинвентивност која е резултат на помрачените умови и омраза која ја имаат кон сопствениот народ некој е многу трпелив и подготвен да се саможртвува за да спречи поголеми инциденти и ескалации и покрај навредите и ризикот по сопствениот живот. Некој пак други сосема јасно и отворено, со полна политичка одговорност ги претставуваат своите политики, но и практични резултати пред македонските граѓани кои се видливи на секој чекор и очигледно на неинвентивните им бодат очи така што од дното на нивната помрачена душа сакаат да не ги гледаат, да ги избришат ако се може. Трети пак отворено и без маски застануваат пред медиумите и јавноста предводејќи ги граѓаните на мирни протести, а со единствена цел, поддршка на институциите на државата, но во исто време и со втора цел, едукација за демократско однесување во едно цивилизирано општетство.
Токму тоа го фрустрира СДСМ до крајни граници, полудувајќи ја нивната психа која и така изместена и неинвентивна ги внесува во крајна ирационалност. Па зарем мислат дека со деструкција на објекти, уривање на споменици, провокации врз полицијата, навреди кон сите оние кои не ја прифажаат нивната неинвентивност и додворување на „странскиот фактор“, навреда кон сопствениот народ и држава, измислици и лаги ќе им се допаднат на граѓаните и тие ќе гласаат за нив? Ова реторичко прашање е почетокот и крајот на сета нивна неинвентивност, бидејќи доколку рационално и здраворазумски успеат да го одговорат ќе си дадат шанса самите себеси да го минат за нив тешкиот еволуциски пат од маска до личност. Всушност неопходно е да се вратат на основните етички и морални вредности традиционални за македонските граѓани, без ЛГБТ и анархистичката збирштина и да станат длабоко свесни дека „оној што за нож се фаќа, од нож и умира“, доколку можат да ја разберат оваа евангелска метофора во однос на нивниот обид за насилно доаѓање на власт и со тоа каков модел на политика востановуваат во Македонија.
Потоа, се надевам дека СДСМ ќе успее во друг внатрепартиски амбиент да ги измени и своите засега деструктивни цели, секако доколку ја смени својата идеолошко-политичка матрица и ги ослободат своите заробени умови. Но, за да го постигнат тоа најпрво треба да станат личности, личности со интегритет и инвентивност која толку многу им недостига.
Доцент д-р Оливер АндоновПолитичките партии по својата суштина, но и според социолошко-политичката дефиниција се социјални групи кои се создаваат врз основ на интерес на св

Пронајдете не на следниве мрежи: