Само некој ден откако беше објавен извештајот на Агенцијата за следење на медиумите, според кој јавниот сервис и уште три телевизии известувале неизбалансирано, односно во периодот од 2 до 11 септември во ударните вести СДСМ бил речиси двојно повеќе присутен во споредба со ВМРО-ДПМНЕ, завчера вечерта јавноста беше сведок дека неизбалансираноста на МТВ продолжува, анализира Дневник.-Имено можноста за ексклузивно интервју што и беше дадена на првата специјална јавна обвинителка Kатица Јанева, во која таа говори за една година од работењето на СЈО, не е истовремено и можност јавноста да добие објективна слика за тоа како течат процесите што ги отвори СЈО. Со други зборови, Јанева, како обвинител – е едната страна на постапката, што значи дека таа, за сите споменати случаи, говори од свој аспект – еднострано, додека другата страна – осомничените и обвинетите, немаат можност за интервју, односно објаснување на втората, нивната перспектива. Оттука, сликата повторно е неизбалансирана, односно јавниот сервис и даде можност само на Јанева, но не и на обвинетите, пишува весникот.
– Откако се анализираа индиции за сторени кривични дела, се отворија предмети во предистражна постапка и како резултат на тоа се и двете обвиненија што ги доставивме до судот. Првото се однесува на веќе објавени разговори, а во другото имаме и необјавени разговори кои се надеваме дека ќе бидат доказ во постапката, вели Јанева во интервјуто за МТВ (настрана тоа што е нејасно како тие разговори ќе бидат доказ во постапката, кога веќе постојат одлуки дека тоа не е можно).
Целиот текст на Дарко Јаневски поопширно во печатеното или во електронското издание на Дневник.-Имено можноста за ексклузивно интервју што и беше дадена на првата специјална јавна обвинителка Kатица Јанева, во која таа говори за една година о