Германскиот новинар и писател Удо Улфкоте, кој крена прав во германската јавност со книгата „Поткупени новинари“, тврди дека Америка и Саудијците го користат исламот насекаде низ светот, но и во Германија за да ги дестабилизираат државите.Тој ги толкува целите на исламот, на новинарите, на тајните служби, а во исто време најавува и граѓанска војна во Германија, која, според него, е неминовна.
Неговата теза е дека исламот не е само религија, туку и идеологија која може да ја разбере и најглупавиот.
„Тоа е рецепт за успехот на исламот и затоа групите од не толку интелигентни луѓе може да се управуваат како марионети, како во Ирак, така и во Германија“ – смета Улфкоте.
Тој, исто така, е со став дека во заднината на основањето на терористичката Исламска држава стојат САД, Саудијците, како и кувајтските и катарските интереси. Осврнувајќи се на Германија, тој вели дека земјата била демократска по Првата светска војна, во времето на Вајмарската република, а дека денес само симулира дека е демократија.
„Тоа е илузија, мамка за сетилата, затоа што Германија е банана-република и колонија на Америка. Германците немаат повеќе систем кој почива на христијанските вредности затоа што е намерно урнат дел по дел. А кој нема вредности, тој не може ниту да ги одбрани“ – истакнува новинарот.
Причината за граѓанската војна, која според него е неизбежна, ќе биде крахот на евросистемот, до кој ќе дојде кога Германците ќе мораат да ги гарантираат незамисливите долгови на другите членки на ЕУ.Тој ги толкува целите на исламот, на новинарите, на тајните служби, а во исто време најавува и граѓанска војна во Германија, која, според него