Неизвесен крај на украинската криза

Loading...

 
Вчера Русија продолжи своите трупи да ги пренесува во Крим. Многумина сметаат дека ова ќе биде најголемиот воен конфликт по завршувањето на Студената војна. Кризата во украина продолжува и нејзиниот завршеток не е извесен. Само едно е сигурно, кризата ќе остави трајни последици во оваа земја и целиот регион.
  
Руските војници го окупираа терминалот за траекти во Керчу, кој претставува најисточната точка на полуостровот. Вечерта помеѓу недела и понеделник руските борбени авиони прелетаа и на небото над Украина. Министерот Медевед, силите ги распоредил по теснецот, така што руските сили се спремни да нападнат во секој момент.
Сепак, според политичко-воениот критичар Мирослав Лазански, војната помеѓу Украина и Русија е невозможно сценарио.
– Вооружените сили на Украина имаат мал оперативен капацитет. Опремата е претежно застарена, бидејќи е од ерата на Советскиот Сојуз. Армијата со месеци не добила плата и под знак прашалник е воениот морал на украинските војници – изјави тој за новинската агенција Бета.

Сличен ваков став има и политичкиот критичар Борис Варга.
– Евентуалните тензии во југоисточниот дел на Украина, можат да резултира со локалните вооружени конфликти. Директниот конфликт меѓу Киев и Москва е малку веројатен. Сметам дека експанзионистичко-националистичкиот пристап може да има долготрајни последици за Путин. Неговиот авторитарен начин за управување може да ги разбуди руските либералните сили , но , исто така и национализмот на другите етнички и верски заедници во Русија – вели Варга за ” 24 часа”.
Собранието на Крим вчера потврди дека ќе организира референдум за независност. Во меѓувреме, министрите на ЕУ решија дека преговорите за визите со Русија ќе ги замрзнат.
Налог за апсење на соборениот претседател Виктор Јанукович се појави на сајтот на украинското Министерство за внатрешни работи. Украинските новинари на веб сајт обајвиле бронјни документи кои ги пронашле во вилата на Јанукович и кои се доказ за коропција за малверзација со режимот.
 
  
Руските војници го окупираа терминалот за траекти во Керчу, кој претставува најисточната точка на полуостровот. Вечерта помеѓу недел

loading...
Loading...