Неизвесноста околу италијанските избори ја спушти цената на нафтата

 Цената на барел нафта падна во вторникот на меѓународните берзи со оглед дека нерешениот исход од италијанските парламентарни избори ја поттикана загриженоста на инвеститорите за нестабилност на еврозоната и за послаб рат на побарувачката на горивата.На лондонската берза цената на барел сурова нафта падна за 1,1 долари, на 113,34 долари, накратко потонувајќи на само 113,04 долари, најниско ниво од 28 јануари. Паднаа и цената на американската ебрза, за 78 центи, на 92,33 долари, откако накратко се спушти и до 91,92 долари, најниско ниво од 4 јануари.Изборниот резултат ги потврди стравувањата дека италијанскит еполитичари нема да бидат во можност да формираат доволно силна влада, која ќе ги спроведува структуртните реформи, шти ги заживеа сеќавањата на финансиската криза која во 2011 година ја доведе 17-члената еврозона на раб на колапс.На почетокот на месецот цената на нафтата на лондонската берза беше на највисоко ниво во последните девет месеци, близу 120 долари за барел, но потоа се спуштија темелени на знаците дека глобалната економија сеуште е кревка.Инвеститорите стравуваат и дека американската централна банка би можела да ги укине стимулативните мерки за економијата пред очекуваното. Претседателот на Фед, Бен Бернанке би можел таков сигнал да даде за време на денешното излагање пред Конгресот.
Макфакс Цената на барел нафта падна во вторникот на меѓународните берзи со оглед дека нерешениот исход од италијанските

Пронајдете не на следниве мрежи: