НЕЈТ И ЏЕРИМАЈА ПРИСТИГНУВААТ НА ПОМОШ – серијалот започнува да се прикажува од сабота 22 јуни во 21 часот на ТЛЦ каналотНејт Беркус, дизајнер на ентериер кој се прослави со корисни совети за убаво живеење и фантастични преобразби на станбени објекти во шоуто на Опра, има нова телевизиска серија. Овој пат заедно со својот животен партнер Џеримаја Брент, кој исто така е дизајнер, им доаѓа на помош на обичните луѓе за да им помогне во реновирањето на нивниот дом. Нивниот прв заеднички потфат на малите екрани, „Нејт и Џеремаја пристигнуваат на помош“, премиерно ќе се прикаже од сабота 22 јули во 21 часот на ТЛЦ каналот. Овој пар преку серијалот ќе го прикаже нивниот живот внатре и надвор од нивниот дом, како пливаат во заедничкиот живот, ја одгледуваат нивната ќерка Попи и истовремени неугледните станбени простори ги претвораат во дом од соништата.
Во секоја едночасовна епизода, Нејт и Џеримаја го користат својот талент и неодолив шарм за да ги преобразат туѓите животи со помош на стручното дизајнерско искуство, и на тој начин да ги спасат сопствениците на куќите кои ги имаат пречекорено своите пресметки и рокови за реновирање на домот. Земајќи ја во предвид пресметката и начинот на живот на паровите, Нејт и Џеремаја храбро го менуваат распоредот и градат практични, но елегантни простори. Потоа бараат уникатни дизајнерски предмети за да внесат карактер и личен печат во сите освежени простори.
Но радоста и предизвиците со кои Нејт и Џеремаја се соочуваат професионално, не се ништо во споредба со нивната најголема работа- одгледувањето на нивната ќерка Попи. Гордите родители ја водат публиката во својот приватен живот и откриваат како постигнуваат рамнотежа меѓу кариерата и дружење со „девојката која промени сѐ“.
Во првата епизода, Нејт и Џеремаја ги спасуваат Бренда и Скот, чија реновација на домот стои во место бидејќи се обидуваат да живеат во градежна зона. Парот ќе почувствува неверојатно олеснување и среќа кога дизајнерското дуо ќе се појави на куќниот праг на семејството. Додека Бренда и Скот се мачат со донесување на извршни одлуки, Нејт и Џеремаја преземаат контрола и се фаќаат во костец со преобразба на домот во ремек-дело. И покрај пресметката од 40 илјади долари, талентираните дизајнери се ослонуваат и на помошта на своите пријатели за да го остварат сонот на ова семејство. Но, пред да почнат, Нејт и Џеремаја мора да завршат со селењето во нивниот дом во Беверли Хилс. Можат ли талентираните татковци да го избалансираат својот живот додека ги спасуваат Бренда и Скот од нивната ноќна мора?Нејт Беркус, дизајнер на ентериер кој се прослави со корисни совети за убаво живеење и фантастични преобразби на станбени објекти во шоуто на Опра,
Пронајдете не на следниве мрежи: