Прочитајте како размислува Холи Броквел која има 29 години и знае што сака во животот„Верувам дека на многу жени им оговара хормонска контрацепција, не не и мене. Иакао пробав различни видови, секогаш чувствував барем еден негативен ефект: несвестица, отеченост, мачнина или проблеми со кожата.
Бидејќи сум сигурна дека не сакам деца и дека мојата одлука нема никогаш да се промени, помислив дека стерилизацијата е сепак најдобра одлука, сепак да би можела да ја направам таа интервенција потребна ми е согласонст од мојот гинеколог кој ме одбива секогаш кога ќе го побарам тоа од него.
Од 26 години поднесувам барање за стерилизација и секоја година ме одбиваат. Зошто?
Немам 16 години за мојата одлука да може да се протолкува како незрела или несовесна. Многу добро знам што сакам или не сакам во животот, а исто така сметам дека оваа постапка навистина би ми го олеснила животот.
Секоја година гинекологот ми ја аргументира својата одлука така што ми вели дека сум премногу млада за толку драстични потези. Сепак, тоа не еточно.
Како знам дека никогаш не сакм да имам деца?
Тешко е да се објасни такво нешто. Тоа би било како да објасните зошто не ви се допаѓа некоја личност, или зошто не ви се јаде пица за вечера, туку сендвич.
Знам дека немам мајчински инстинкт, никогаш не сум го имала. Ниту мојата мајка не сакала деца, но татко ми ја наговорил на тоа. Потоа се премажила, а нејзиниот тогашен сопруг исто така инсистирал да имаат зеднички деца, па по мене родила уште три.
Никогаш немала пари, никогаш немала слобода, била несреќна поради изборот кој го направила под туѓ притисок.
Никогаш не би сакала да ми се случи такво нешто. Потполно ја разбирам и сочувствувам со неа. Не сакам таков живот. Сакам слобода, кариера, ноќни журки.
Допколку ја направам стерилизацијата, тоа би било трајно решение за моите проблеми. Во секој случај доколку некогаш се предомислам, иако сум сигурна дека такво нешто нема никогаш да се случи, секогаш можам да посвојам дете.
За сега знам дека ми пречи хормонската контрацепција и не сакам да бидам толку зависна од таблети. Сепак, мојот гинеколог не се сложува со мојата одлука.
Оваа интервенција би ме чинела 1500 долари, но неопходно е да имате одредени години и секако согласност од гинекологот. Еден доктор отиде толку далеку и ми кажа дека ќе ја направи интервенцијата доколку прво родам барем едно дете.
Фрустрирана поради ваквата ситуација одлучив своето размислување да го споделам со јавноста и на тој начин да започнам полемика на оваа тема“.
Што мислите вие за одлукатра на Холи? Дали е во право? „Верувам дека на многу жени им оговара хормонска контрацепција, не не и мене. Иакао пробав различни видови, секогаш чувствував барем еден нег



